Connect with us

свет

Глобална војна за вакцини

Третиот бран на пандемијата го покоси човештвото

објавено

на

Глобалниот одговор на пандемијата се претвори во трка помеѓу богатите и снаодливите – кој ќе зграби повеќе вакцини? Македонија се покажа дека не е ниту едното, ниту другото. Доцнењето во набавката, ама и слабото почитување на мерките, доведоа до алармантна ситуација на голем број на заболени и починати и силен притисок врз здравствениот систем.

Во декември, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, прилично оптимистички најави дека Европа ја одобрува првата вакцина против Ковид истакнувајќи го тоа како успешна европска приказна. Три месеци подоцна, речиси цела Европа се’ уште е во локдаун. Се чини дека ЕУ ќе се измачи додека ја достигне посакуваната цел околу 70% од своето население да биде вакцинирано до крајот на летото, бидејќи засега само околу 10% од луѓето во Германија, Франција или Италија ја примиле својата прва доза. За споредба, половина од Британците, 28% од Американците и 60% од Израелците се досега вакцинирани.

Вакцинацијата на граѓаните официјално стартуваше неделава низ здравствените домови во Македонија. Но, имунизацијата на македонските граѓани неофицијално тече од минатиот викенд кога голем број лица се вакцинираа во Србија.

Иако првата пратка на 24 илјади вакцини на Астра Зенека од КОВАКС механизмот стигна уште во неделата, таа не стигна веднаш до граѓаните бидејќи на здравствените власти им беа потребни три дена да ги дистрибуираат вакцините во другите градови и да го разработат Националниот план за ковид-19 вакцинација напишан пред два месеци.

Доцнењето пред сè во набавката на вакцините, но и слабото почитување на мерките го направи третиот бран многу голем, но и многу фатален. Во ризик влегоа голем број категории на граѓани, вели докторката Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина.

„Вакцините доцнат, а ситуацијата на терен е алармантна. Цели фамилии се заболени, имаме наплив на многу пациенти, се’ повеќе се зголемува бројот, ние како матични доктори гледаме колку влез има на позитивни лица. Старите луѓе се загрижени затоа што се ранливи“ вели таа.

Витановска додава дека третиот бран, барем во нејзината ординација, ги поштедил помладите, ако не од зараза, тогаш од потешки компликации, но дека вирусот е многу опасен и непредвидлив. Додава дека лекарите се изнемоштени, работат без одмор и немаат јасна слика за тоа како и кога точно ќе можат да чекаат вакцини – и тие и нивните пациенти.

Радосна вест, вели докторката, е што голем број на граѓани ја искористија можноста за вакцинација во соседството. Со почетокот на вакцинацијата и дома, очекува дека бројките на заболени постепено ќе се намалуваат.

„Сведоци сме дека викендов сите отидоа за Србија да се вакцинираат. . . Предолго трае ова се и нормално е дека народот нема трпение“ вели таа.

Досега кај нас пријавени се над 20 илјади граѓани, иако според планот за вакцинација оваа категорија  на граѓани од ризични групи брои 170 илјади граѓани.

Матичните лекари, кои се предвидени како контакт со граѓаните за закажување на термините за вакцинација, велат дека тоа им е дополнителна обврска во и онака преполните амбуланти.

Докторката Витановска успеала да закаже термини за вакцинација на нејзини пациенти од највозрасната загрозена категорија, но термините брзо се пополнуваат, додава таа.

Од друга страна пак, граѓанските организации забележуваат дека самиот план за вакцинација не е доволно детален и јасен, а покажуваат и загриженост за темпото со кое таа ќе се одвива.

Дополнителни капацитети, како спортската сала Борис Трајковски, се ставаат во функција, но не во оваа фаза од вакцинирањето. Најавите на Министерството за здравство се дека на оваа локација ќе има 30 позиции за вакцинирање коешто ќе го спроведуваат лекари и медицински сестри од Здравствен дом Скопје.

Пораз на солидарноста

Доцнењето пред сè во набавката на вакцините, но и слабото почитување на мерките го направи третиот бран многу голем, но и многу фатален. Во ризик влегоа голем број категории на граѓани. Tретиот бран, според изјавите на матичните лекари, ги поштедил помладите, ако не од зараза, тогаш од потешки компликации, но вирусот е многу опасен и непредвидлив. Лекарите  се изнемоштени, работат без одмор и немаат јасна слика за тоа како и кога точно ќе можат да чекаат вакцини – и тие и нивните пациенти.

Во меѓувреме, останува фактот дека пандемијата ги соголи капацитетите за менаџирање на кризи не само кај нас, туку и низ цела Европа и светот. Глобалниот одговор на оваа пандемија, несомнено ни покажа дека фразите како „еднаков пристап“ или „заедничка цел“ повеќе делуваат како празни флоскули, а на виделина излезе лицемерието на земјите чија надворешна политика е „заснована на вредности“.

Наместо тоа, сведочевме на запленување на вакцини и заштитни маски на пат кон други земји, забрани за извоз на медицински материјали и лекови, со што побогатите земји се свртеа кон себе, занемарувајќи ги напорите за глобален одговор на пандемијата.

Но, оваа логика не носи добро никому. Па дури ни на земјите кои се заинтересирани само за себе и се фокусираат на заштита на нивната популација, односно да ги вакцинираат само своите жители, бидејќи во исто време  дозволуваат вирусот да се шири неконтролирано на некое друго место, со што се создаваат моќни мутации кои претставуваат реален ризик да ги поништат сите досегашни резултати од вакцинацијата.

На ова прилично отворено, без дипломатски ракавици предупреди и Светската здравствена организација, коментирајќи дека светот е на раб на морална катастрофа во која побогатите земји се обидуваат да стигнат до вакцини преку ред, оставајќи ги сиромашните на листата на чекање. Таканаречениот Ковакс механизам, на кој што се потпре и нашата земја, иако добро осмислен да овозможи еднаков пристап до вакцини и во посиромашните земји, сепак кубури да ги испорача ветените дози. Во декември, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, прилично оптимистички најави дека Европа ја одобрува првата вакцина против Ковид истакнувајќи го тоа како успешна европска приказна.

„Ова е многу добар начин да се стави крај на оваа тешка година и конечно да започнеме со свртување страница од КОВИД-19.“ кажа таа.

Три месеци подоцна, речиси цела Европа се’ уште е во локдаун.

Се чини дека ЕУ ќе се измачи додека ја достигне посакуваната цел околу 70% од своето население да биде вакцинирано до крајот на летото, бидејќи засега само околу 10% од луѓето во Германија, Франција или Италија ја примиле својата прва доза. За споредба, половина од Британците, 28% од Американците и 60% од Израелците се досега вакцинирани.

Како Европа потфрли толку?

Граѓанските организации во земјава забележуваат дека самиот план за вакцинација не е доволно детален и јасен, а покажуваат и загриженост за темпото со кое таа ќе се одвива. Дополнителни капацитети, како спортската сала „Борис Трајковски“, се ставаат во функција, но не во оваа фаза од вакцинирањето. Најавите на Министерството за здравство се дека на оваа локација ќе има 30 позиции за вакцинирање коешто ќе го спроведуваат лекари и медицински сестри од Здравствен дом Скопје.

Но, како Европа потфрли толку?! Одговорот се сведува на бавни преговори, проблеми со испораката, и збунувачки информации за одредени вакцини.

Ефикасната дистрибуција на вакцините започнува со нарачка на потребните дози. ЕУ беше побавна од Велика Британија, САД и Израел во овој клучен чекор. Долготрајните преговори на ЕУ да обезбеди најниски цени за вакцините значеа дека таа заостанува во обезбедувањето голем број дози. Преговорите исто така беа забавени од фактот што нејзините 27 земји-членки имаат различни закони за прифаќањето на потенцијалните несакани ефекти од вакцините.

Сепак, Европската комисија на крајот направи нарачки на повеќе од милијарда дози што е доволно за европските земји да извакцинираат двојно повеќе од нивното население. Меѓутоа, производството не оди според планираната динамика. Фајзер, привремено го забави производството бидејќи ги надградуваше своите европски фабрики за да достигне капацитет од 2,5 милијарди дози до крајот на годинава; Франција на пример доби само четвртина од вакцината на Модерна, а АstraZeneca тешко дека ќе испорача и третина од договорените 300 милиони дози до јуни поради проблеми со производството.

Ваквите проблеми ги натераа некои европски земји како Унгарија, Полска, Чешка и Словачка да преговараат со Русија за набавка на вакцините Спутник V и кинеските Синофарм, во обид побрзо да го вакцинираат своето население. Па така, Унгарија сега има двојно повеќе имунизирано население од просекот во ЕУ.

Од друга страна, пак, контрадикторно е што во услови на недостиг од вакцини, повеќе од 14,2 милиони дози останале неискористени. Причините најверојатно повеќе се кај одредени земји, отколку кај самата Европска комисија. Но, факт е дека некои граѓани во Европа не сакаат да се вакцинираат, делумно поради различните информации за вакцините, особено оние на АстраЗенека, кои иако се веќе одобрени во ЕУ, нивното користење постојано се паузира.

Угледот на вакцината на АстраЗенека е нарушен откако се појавија сомнителни случаи на згрутчување на крвта како потенцијален несакан ефект. Сепак, последниот збор на Европската агенција за лекови ЕМА е дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Во целата оваа ситуација, потпирајќи се на Ковакс механизмот кој го поддржа и самата ЕУ со над 800 милиони евра, но и чекајќи одредени количини од некои соседни земји членки на ЕУ, извиси и Македонија. Со неколку месечно одолговлекување, имунизацијата кај граѓаните штотуку започна, и тоа со вакцини набавени преку Ковакс механизмот, додека пак од билатералните преговори со неколку производители како што се Фајзер, Синофарм или руски Спутник, информациите постојано се менуваат и нема конкретна испорака на повидок.

Интервју: Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика

Сè уште можеме да фатиме чекор со вакцините!

„Доцниме, ама сè уште можеме да фатиме чекор. Важно е да има силна организација за брза имунизација како што ќе пристигнуваат вакцините, вели професор доктор Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во интервју за емисијата „Агенда 35“.

Дали задоцнетата вакцинација е една од причините што овој трет бран на Ковид-19 коси?

Причина е тоа што не постигнавме доволно имунитет пред да дојде третиот бран кој што погоди многу земји. Дека задоцнивме, задоцнивме, но сега имаме можност да го фатиме чекорот сите  сили да ги насочиме кон брза и масовна вакцинација на што поголем дел од населението.

Кога може да се очекуваат ефектите?

Вакцинацијата ќе го промени правецот, а тоа го гледаме во земјите каде што е во тек вакцинацијата правецот се менува драстично. Во Велика Британија ќе се олабавуваат мерките и се размислува за настани со публика. Нема дилема дека успешна вакцинација ќе го промени текот на пандемијата и ќе не врати во нормалниот живот. За ефектите да се видат важно е да биде голем дел од населението. Ако голем дел од населението остане без имунитет, вирусот ќе кружи и ќе си живее подолго време. Ако масовно се вакцинираме и ги затвориме шансите за преминување на вирусот од еден на друг, следните два месеци можеме да очекуваме олабавување. Имајќи го предвид искуството од лани,летото е погодно за запирање на пандемијата. Така што вакцини со лето и широк колективен имунитет ќе ни дадат добар старт пред есента.

Да дефинираме  – што е масовна вакцинација?

Ако на 30 проценти со прележан имунитет, додадете уште толку, односно ако сме 2 милиони, треба да се вакцинираат 600.000, тогаш ќе бидеме поблиску до победа над епидемијата. Србија е одличен пример како се користат сите можни капацитети за покривање на што поголем дел од населението.

Што е важно луѓето да знаат по примањето на првата доза на вакцина?

Многу е важно да знаат дека со примањето на прва доза, не ја завршиле вакцинацијата и утредента не се имуни. После тоа е важно да очекуваат благи несакани ефекти како локална болка каде што е аплицирана вакцината, можеби температура еден два дена во зависност од вакцините, малаксаност. Зборуваме за краткотрајни и бенигни состојби кои со еден парацетамол се решаваат. Тоа е имунолошки одговор на вакцината. Но периодот по првата доза до втората, луѓето се чувствителни иако има податоци дека по две недели на некои вакцини се создава голема количина на антитела, сепак правило е дека вакцините и имунитетот се комплетни со заокружување на двете дози и поминување на две до три недели од втората доза. Тогаш може олабавување.

Може ли да ја расчистиме дилемата со „АстраЗенека“, безбедна е или не?

„АстраЗенека“ е најнекомерцијалната вакцина, со најмалку кампањи, со најмалку интерес и со најниска цена. Тој вели дека во тек на испитувањето на безбедноста се поминати сите предвидени протоколи за тоа прво дали вакцината е безбедна, а потоа дали е ефикасна. Анализите се прават на тој начин што се земаат 40.000 луѓе кои примаат и 40.000 кои не примаат вакцина и се следат несаканите ефекти, по жалбите и поплаките на испитаниците.

Во ова клиничко испитување на „Астра Зенека“, апсолутно не се пријавени почесто несакани ефекти во групата луѓе што ја примаат вакцината, споредено со луѓе што не ја примаат вакцината. Кога ќе почне да се користи вакцината на милиони луѓе, нормално е некој од тие луѓе да имаат некаков проблем, што не мора да биде директно поврзан со давањето на вакцината. Апсолутно нема можност во моментот да се процени дали смртта настанала како последица на примањето на вакцината. Велика Британија најмногу предничи со користење на „АстраЗенека“, 20 милиони луѓе ја примиле вакцината „АстраЗенека“. И во таа група се гледа дека, 30 навистина имале проблем со коагулација на крвта. Во општа популација да земеме да ги изброиме луѓето, се јавува од прилика 1 на 100, или 1 на 500 луѓе. Значи тоа е честа појава.

Во оваа група 20 милиони вакцинирани Британци со „АстраЗенека“, појавата на тромбоза е поретка отколку во општата популација. Популациски нема ризик споредено, дали човек ќе ја прими вакцината или нема да ја прими, нема поголем ризик за развој на тромбоза. Преведено во наши околности, ако еден милион во Македонија се вакцинираат со „АстраЗенека“, се очекува еден, двајца или тројца да имаат некаков проблем. „АстраЗенека“ и сите одобрени вакцини штитат од тешка болест и смртен исход стопроцентно. Значи од Ковид-19, глобално умираат тројца на 100, 30 на 1.000, 300 на 10.000, 3.000 на 100.000, 30.000 на еден милион. Што значи, превенираме 30.000 смртни случаи на еден милион, наспроти една тромботична случка на еден милион.

Што покажуваат резултатите од испитувањата на антителата на вакцинирани здравствени работници со Фајзер?

Стигнавме до 250 анализирани здравствени работници, кои примиле една доза, а сега ја следиме и втората покажува дека кај ниту еден од анализираните здравствени работници што примиле една доза, ниту еден нема одговор лош на Фајзер туку сите имаат антитела, кои почнуваат околу две недели, многу повеќе на три недели и ќе бидат многу повеќе после втората доза. Вакцината е ефикасна. Ги распрашуваме и за несакани ефекти и на оваа мала група од 250 нема значаен несакан ефект. Кај 80 проценти локална болка која трае еден ден и ништо страшно. Ние го потврдуваме тоа што го знаеме од големите серии како Израел, САД, Обединети арапски емирати, дека вакцините се исклучително ефикасни во создавање на антитела и влијае врз спречување на ширење на епидемијата.

Кое е вашето мислење за тоа што околу 10.000 македонски граѓани се вакцинираа во Србија?

Секоја чест за жртвувањето на дел од нивните пари, пожртвуваност на здравствените работници и од тоа не направија никаква политичка кампања. Значајно е што овие десетина илјади за еден викенд покажаа дека нашите граѓани имаат интерес за вакцинација. Значи, ако им се понудат вакцини тука, одговорот ќе биде добар и дека има расположение што е тренд во цел свет. Ако на почетокот луѓето беа скептични за ефикасноста, безбедноста, сега веќе гледаат дека е единствен излез и мислам дека ги бараат сите можности да ги искористат за вакцинирање. Србите покажаа  како треба држава да се однесува во лошо време, ваква добрина одамна немаме видено.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите