Connect with us

економија

Давос 2023: Како елитниот собир стана магнет за теоретичарите на заговор?

Заврши Светскиот економски форум во Давос

објавено

на

Форумот во Давос  со текот на годините  стана предмет на теории на заговор. Всушност, тоа е местото каде што веројатно ќе ги најдете клучните играчи во секоја добра теорија на заговор, од светски лидери, преку бизнис лидери, до шефови на разузнавачки агенции. Тоа е настан со нејасна тема, без единствена цел, но сепак ги привлекува најмоќните луѓе во светот. Најдоброто објаснување за тоа зошто луѓето се таму е дека и другите луѓе се таму.

Што  се случува на Светскиот економски форум во Давос (СЕФ), собир на швајцарските Алпи што се одржува на почетокот на секоја година, истовремено е целосно јавно и лудо нетранспарентно.

Стотици новинари го следат овој настан секоја година, поголемиот дел од програмата се емитува и се пренесува во живо, а сепак е малку мистериозно што точно прават илјадници бизнис лидери, политичари, академици и активисти кога ќе се соберат во швајцарскиот планински град, пишува Grid News.

Се разбира, форумот со текот на годините  стана предмет на теории на заговор. Всушност, тоа е местото каде што веројатно ќе ги најдете клучните играчи во секоја добра теорија на заговор, од светски лидери, преку бизнис лидери, до шефови на разузнавачки агенции. Тоа е настан со нејасна тема, без единствена цел, но сепак ги привлекува најмоќните луѓе во светот. Најдоброто објаснување за тоа зошто луѓето се таму е дека другите луѓе се таму.

Ваквите теории се поттикнати, велат набљудувачите, со договарањето зад затворени врати меѓу деловните лидери, постојана карактеристика на СЕФ што го поддржува верувањето дека е управуван од таинствена кабала која работи во приватни интереси под превезот на решавање на јавните проблеми.

„Светскиот економски форум е цел на дезинформации бидејќи зазема уникатно место во јавната свест – таму се собираат најмоќните и највлијателните политички и економски актери“, вели Мајкл В. Мосер, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Тексас во Остин.

„Нетранспарентноста на СЕФ, заедно со неговото верување дека економската глобализација е добра за човештвото, го  прави цел на обвинувања дека изгубил контакт со ‘обичните’ луѓе“, додава Мосер.

Елитистичката природа на форумот ја креира недовербата кај јавноста

Состанокот во сегашната форма датира од 1974 година, кога на деловна конференција организирана од германскиот професор со престој во Швајцарија,  Клаус Шваб, беа поканети политичарите да им се придружат на корпоративните директори во планинското одморалиште. Како што се проширија конференцијата и организацијата, она што некогаш беше Европски форум за управување стана Светски економски форум во 1987 година.

Елитистичката природа на форумот, на кој многу деловни лидери плаќаат десетици илјади долари за да присуствуваат, од кои некои летаат со приватни авиони без грижа околу  емисиите на стакленички гасови, ја продлабочува таа недоверба.

„СЕФ е совршена цел (за дезинформации) – многу е скапо да се присуствува, само со покана“, рече Клер Вардл од Универзитетот Браун. „Се одвива  како она што ја формира основата на секоја теорија на заговор, а тоа е дека светот е контролиран од тајна елита во која вие не сте дел.“

Ова е видливо во саркастичните мемиња по интернет, вклучувајќи го и она  што прикажува типичен оброк од Давос – лице навалено  над сад со монети со голема лажица во рака. Многу теоретичари на заговор го споменуваат и Големото ресетирање, темата на СЕФ во  2020, поврзана со пандемијата на ковид-19, што тие го гледаат како план на глобалната елита за контрола на светот.

Една сесија на СЕФ за „очигледната и присутна опасност од дезинформации“, на која присуствуваа медиумите, вклучително и издавачот на Њујорк Тајмс, и самата стана цел на теоретичарите на заговор.

Дебатата за дезинформации, според еден конзервативен подкаст, била замислена како критика на правото на јавноста да ја критикува агендата на СЕФ.

„Неоснованите изјави и теориите на заговор го заменија разумот со фантазија“, рече Јан Зопф, медиумски директор на СЕФ. „Со зголемените стравувања за трошоците за живот – влошени од пандемијата и енергетската криза – сега е поважно од кога било да се борите со  дезинформациите“

Како сè почна?

Политичарите, шефовите на држави и корпоративните лидери – околу 2.700 од нив оваа година – декларативно работеа  заедно за да го променат светот. Овде, и критичарите на Светскиот економски форум и самиот СЕФ имаат нешто заедничко, а тоа е сознанието дека оваа организација може да има значително глобално влијание, односно дека не се работи само за собирање куп важни луѓе. Не беше теоретичар на заговор тој што  ја смисли фразата „духот на Давос“ или го нарече СЕФ „партнер што ја обликува историјата“. Тоа беше токму самиот СЕФ.

Состанокот во сегашната форма датира од 1974 година, кога на деловна конференција организирана од германскиот професор со престој во Швајцарија,  Клаус Шваб, беа поканети политичарите да им се придружат на корпоративните директори во планинското одморалиште. Како што се проширија конференцијата и организацијата, она што некогаш беше Европски форум за управување стана Светски економски форум во 1987 година.

Настаните честопати се лабаво поврзани со темата избрана секоја година – овогодишната тема беше „Соработка во фрагментиран свет“ – а минатогодишната беше „Историјата во пресвртна точка: владини политики и деловни стратегии“.

СЕФ во Давос 2023 беше рекорден според бројот на учесници, повеќе од 2.700 акредитирани, коишто едвај дочекаа да дојде „старото нормално“, па повторно кон крајот на јануари да ги спакуваат куферите и да полетаат кон швајцарските Алпи, затоа што тоа е место каде што треба да се биде виден, место на коешто се потврдува општествениот статус. Годинава во Давос беа 51 шеф на држава или влада, 56 министри за финансии, 30 министри за трговија, 35 министри за надворешни работи, 19 гувернери на централни банки, повеќе од 600 извршни директори на најголемите светски компании…

Непрофитна организација со приходи од 420 милиони долари

Групата која е секогаш тука со полна сила се бизнис лидери, што дава идеја зошто се одржува состанокот во Давос. Според последниот годишен извештај, Светскиот економски форум носи приход од околу 420 милиони долари, од кои најголем дел доаѓаат од „членствата“. А, СЕФ е непрофитна организација.

„Поголемиот дел од финансиите се обезбедени од најважните деловни субјекти во светот, кои се приклучуваат на Форумот како членови и партнери за да учествуваат во нашите активности“, објави СЕФ  во 2017 година. Според Асошиејтед прес, членарината и таксите за партнерство се движат од 130.000 до 921.000 американски долари, додека трошоците за учество може да се движат од бесплатни или драстично  намалени за членовите на граѓанското општество до некаде помеѓу 70.000 и 250.000 долари за компании и поединци.

Има речиси 800 партнери, според СЕФ во својот годишен извештај. Со делење на вкупниот приход на партнерството со бројот на тие партнери, доаѓаме до просечен трошок од околу 330.000 долари.

Па зошто тие плаќаат за тоа? Затоа што сите други го прават тоа. Има безброј панели и програми, презентации на извештаи и најави за сериозни јавно-приватни партнерства, па логично е што Давос стана нешто како фиксна точка околу која се собира голем дел од светската структура на моќ. Русија е голем исклучок. Тие беа исфрлени од конференцијата по инвазијата на Украина по цена од над 10 милиони долари, според финансиските документи на СЕФ.

Сите одат во Давос затоа што и сите други тоа го прават

Давос е местото каде што можете да ги најдете готвачот и филантроп Хозе Андрес, извршниот директор на Bank of America  Брајан Мојнихан, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг и поранешниот министер за финансии на САД Лери Самерс во „Голс Хаус“.

СЕФ  привлекува деловни луѓе чии компании им ги плаќаат трошоците  и кои можат да запознаат клиенти, партнери, инвеститори и владини лидери на едно место. Дружењето на високо ниво се случува и полујавно  – поранешниот директор за комуникации на Трамп во Белата куќа и инвеститор Ентони Скарамучи повторно оваа година организираше забава за дегустација на вино за која солидно се известуваше – и приватно, затоа што  Њујорк тајмс го опишува распоредот на еден извршен директор како „ последователни 30- минути состаноци секој ден од 7:30 до 19 часот, пред да оди  на бројни вечери“.

Од истата причина зошто деловните и политичките лидери одат во Давос – затоа што сите други го прават тоа – така и стотици реномирани медиуми исто така доаѓаат во овој швајцарски град.

За директорите тоа не е само можност за средба со клиенти и партнери, туку и со медиумите, особено електронските медиуми. CNBC и Bloomberg кампуваат на конференцијата, соединувајќи широк спектар на извршни директори и интелектуалци. CNBC само во еден ден се пофали со 13 интервјуа со извршни директори , од Citi и Bank of America до Palantir и Qualcomm.

Неформални и лични врски

И како што деловните лидери присуствуваат на приватни состаноци и настани кои може да бидат порелевантни од добро посетените панели, така и можностите за новинарите да комуницираат неформално и лично со луѓето што ги покриваат (и нивните извори) можат да бидат важни.

„Многу од врските што ги направив овде доведоа до ударни вести, приказни или интервјуа месеци и години подоцна“, рече уредникот на DealBook и водител на CNBC, Ендрју Рос Соркин.

СЕФ обично се наоѓа во состојба на криза, или барем непријатност, за време на несигурни времиња, како што е потенцијалната глобална рецесија, кога политичките лидери се преиспитуваат околу пристојноста да се пие топло чоколадо со извршните директори на банките пред камерите на CNBC и Bloomberg.

Кој го пропушти Давос оваа година?

Според Асошиејтед прес, членарината и таксите за партнерство на СЕФ во Давос  се движат од 130.000 до 921.000 американски долари, додека трошоците за учество може да се движат од бесплатни или драстично  намалени за членовите на граѓанското општество до некаде помеѓу 70.000 и 250.000 долари за компании и поединци.

Германскиот канцелар Олаф Шолц одржа говор, но американскиот претседател Џо Бајден не дојде. Ниту државниот секретар Антони Блинкен, ниту секретарот за финансии Џенет Јелен.

Делегацијата на САД беше предводена од секретарот за труд Мартин Волш, заедно со голем број функционери кои поминуваат многу време на средби со нивните странски колеги и деловни групи: директорот на националното разузнавање Аврил Хејнс, трговскиот претставник на САД, Кетрин Таи, администраторката  на Агенцијата  за меѓународен развој Саманта Пауер, претставникот за климатски промени  Џон Кери, демократскиот сенатор Џо Манчин и независниот сенатор Кирстен Синема учествуваа на панел.

На крајот на краиштата, Давос понекогаш е исклучително влијателен и важен – само прашајте ги Украинците кои се таму, делегациите од субсахарска Африка и други – а понекогаш се работи за дружење и гледање. Затоа, кај многу луѓе предизвикува цинизам и желба да ги резервираат своите места, под претпоставка дека ќе добијат покана за настанот – и следната година.

економија12 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија14 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки14 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија14 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата