Connect with us

македонија

Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%

објавено

на

Во јануари месец 2021 речиси една четвртина од увозот во Македонија е направен од В. Британија, а 55% од извозот е во Германија – платината и паладиумот што доаѓаат од „островот“, вградени во катализатори се извезуваат во автомобилските гиганти на ЕУ.

Извозот од Македонија во јануари месец годинава е поголем за 15,4% во однос на истиот месец лани, и изнесува 527,3 милиони евра, покажува извештајот на Државниот завод за статистика. Увозот во истиот месец е повисок за 5,3% и изнесува 622,8 милиони евра, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 84,7% и трговскиот дефицит 95,5 милиони евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Р.С. Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Во земјите од ЕУ извозот во јануари е поголем за 121,9% и изнесува 441,3 милиони евра, додека увозот е помал за 8,5%, на 268,7 милиони евра. На овој блок земји отпаѓа 62% од вкупната трговија, односно 83,7% од извозот и 43% од увозот на Р. С. Македонија.

Во  В.Британија, којашто од февруари 2020 година не се води повеќе во статистиката за ЕУ, извозот од Македонија во првиот месец годинава е 18,1 милиони евра,што е пад за 3,2%, додека увозот е пораснат за 161,4% на речиси 150 милиони евра. Практично се’ што се случува на релација трговска размена помеѓу двете земји се должи на работата на британската инвестиција „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Бунарџик крај Скопје, односно увозот на скапите материјали потребни за изработката на катализаторите, како што се платина, паладиум, итн.

Во јануари месец, всушност, речиси една четвртина од увозот во Македонија е направен од В. Британија, а 55% од извозот е во Германија.

Во непосредното соседство, односно Западен Балкан, од земјава се извезени производи и услуги за 41,4 милиони евра во јануари, што е за 3,3% повеќе во однос на лани, а увозот оттаму е 45,9 милиони евра или речиси за 11% помалку.

економија6 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија5 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија5 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет5 дена ago

Како еден град станува паметен?

економија5 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании1 ден ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

македонија5 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle5 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.