Connect with us

економија

Годишни награди на Македонската берза за 2021 година

објавено

на

Македонска берза традиционално на крајот од 2021 година ги додели годишните награди на котирани акционерски друштва и членки на Берзата, во повеќе категории

Македонска берза традиционално на крајот од 2021 година ги додели годишните награди на котирани акционерски друштва и членки на Берзата, во повеќе категории. Добитници на првите годишни награди на Македонска берза за 2021 година се:

1.    Категорија „Акција со најголем промет во 2021 година“
•    Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје
•    Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Македонијатурист АД Скопје

2.    Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година“
•    Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е НЛБ Банка АД Скопје
•    Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје

3.    Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2021 година“
•    Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Македонски Телеком АД Скопје
•    Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје

4.    Категоријата „Членка на годината за 2021 година“
•    Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник е Илирика Инвестмент АД Скопје
•    Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Еурохаус АД Скопје

5.    Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2021 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е Алкалоид АД Скопје

6.    Во категоријата „Акција на годината за 2021 година по избор на јавноста“ – добитник е Алкалоид АД Скопје

7.    Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ – добитник е СЕПУГС „Арсени Јовков“ Скопје. Воедно, комисијата за доделување на оваа наградата одлучи да се додели и посебна благодарница на УСАИД Северна Македонија за повеќегодишен придонес во овој домен.

Надградувајќи ја досегашната пракса на наградување на своите членки и котираните друштва, Македонската берза АД Скопје од оваа година започнува со нов концепт на доделување годишни награди во повеќе категории. На овој начин Берзата сака да им даде јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Наградите за категориите од 1 до 4 се доделуваат согласно утврдени процедури за статистичка анализа на остварениот берзански промет во тековната година. Наградите за категориите под 5 се доделуваат врз основа на добиени гласови на избрани претставници од конкретните професии. Наградата за категоријата 6, Акција на годината по избор на јавноста, се доделува согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“. Наградата за категоријата 7 ја доделува посебна комисија за избор формирана од Берзата. 

Видеото од доделувањето на наградите може да го погледнете на следниов линк.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал