банки
Голема донаторска акција на НЛБ Банка со Mаstercаrd картичките по повод 35 годишниот јубилеј
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
За секоја реализирана трансакција со НЛБ Mastercard картичките за време на промотивниот период Банката ќе донира финансиски средства. По завршување на кампањата, НЛБ Банка заедно со своите клиенти ќе одлучи каде ќе се донираат собраните средства.
НЛБ Банка во периодот од 15 октомври до 30 ноември, по повод својот 35-годишен јубилеj организира голема донаторска акција, во која активно учество ќе земат сите клиенти – корисници на НЛБ Mаstercаrd картичките.
Имено, за секоја реализирана трансакција со НЛБ Mastercard картичките за време на промотивниот период Банката ќе донира финансиски средства. По завршување на кампањата, НЛБ Банка заедно со своите клиенти ќе одлучи каде ќе се донираат собраните средства. За донацијата ќе бидат дадени предлози за кои јавноста ќе може да го даде своето мислење и да гласа, а средствата ќе бидат донирани за оној предлог кој ќе добие најголем број на гласови.
Дополнително, во рамките на кампањата, сите нови клиенти кои ќе аплицираат за НЛБ Mastercard кредитните картички (Mastercard Standard, Mastercard Light и Mastercard Gold) во промотивниот период ќе може да ги добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период ќе добијат бесплатна членарина за следната година.
„Оваа година НЛБ Банка прославува 35 годишнина од своето основање, повод кој заслужува да го одбележиме заеднички со нашите клиенти. Со цел одбележување на јубилејот, решивме Банката да донира средства за секоја трансакција со НЛБ MasterCard кредитните картички и на крај заеднички да одлучиме каде е најнеопходно да ги донираме. Ве повикувам да ги користите НЛБ Mastercаrd картичките, да се приклучите кон донаторската акција и заедно да направиме добри дела за паметење!“, изјавија од Банката.
Повеќе информации во врска со оваа промотивна кампања и донација клиентите може да добијат на веб страницата на Банката www.nlb.mk, преку Контакт центарот на телефон 02 / 15 600 или во најблиската експозитура.
Прочитај Уште...



Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Столб на срамот, наместо на демократијата

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Столб на срамот, наместо на демократијата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
