Connect with us

македонија

Големиот јубилеј одбележан со ретроспективна изложба и донација за Детската клиника

„Алкалоид“ слави 85 години постоење

објавено

на

Ретроспективна изложба за историскиот развој на „Алкалоид“ и донација од четири милиони денари на Клиниката за детски болести од Скопје го одбележаа прославувањето на големиот јубилеј на скопската фармацевтска компанија.

Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“, првите пакувања „Бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“.

„Јубилеите вообичаено ги одбележувавме во поширок состав, бидејќи ‘Алкалоид’ е компанија за сите! Приликите за овој јубилеј ни наложија друг формат, па се одлучивме нашето минато и нашата сегашност да ги отвориме за сите! Цела година собиравме драги спомени и на простор од околу 300 м2 ги спакувавме најзначајните моменти од нашата и ваша историја“, истакна генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.

„Алкалоид“ годинава го започна јубилејот со промовирање на хуманитарниот видеоспот од антологиската „Чукни во дрво“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, во изведба на дечињата од Проектот „Дајте музика“, при што за секој преглед на дигиталните канали, од 10 јуни до 20 септември, компанијата назначи дека ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.

„Со овој видеоспот дечињата пренесоа пораки на благодарност, оптимизам и емпатија до најзасегнатите општествени категории на граѓани со пандемијата. За сета позитивна енергија и добри мисли, споделени со прегледите на ова видео, одлучивме да донираме наместо еден, по два денари од преглед или износ од 4.099.448 денари на Клиниката за детски болести во Скопје“, рече Мукаетов.

Симболичниот чек децата актери од Проектот „Дајте музика“ ѝ го врачија на проф. д-р Аспазија Софијанова, која истакна:

„Сензитивноста во лекување на децата претстави еден голем чекор напред во однос на ова што го правите денес. Сакам искрено да ви се заблагодарам затоа што во овој тежок период она што го покажавте е здравјето пред сѐ. Здравјето на оние коишто се најранливи, најсензитивни и значат вистинска иднина“.

„Алкалоид“ промотивно прикажа уште едно свое јубилејно видео, за кое се користени стари, автентични филмски кадри за фабриката од 1950 и 1962 година, споени со модерни процеси, кои денес се изведуваат во производствените погони на компанијата. Паралелата меѓу минатото и сегашноста е заокружена со маестралната графика специјално изготвена за алкалоидовиот јубилеј, чиј автор е познатиот македонски уметник Михаил Корубин. Во потрага по безвременски мотив, перцепцијата на овој наш голем уметник се заштитата и моќта, кои се претставени преку човечките раце, и сонцето, кое ја симболизира животната сила, каде што е сместено логото на „Алкалоид“.

Посветеност кон мисијата – глобализација на брендот

По повод големиот јубилеј, генералниот директор и претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов имаше видео обраќање до јавноста, во коешто се осврна на 85- годишниот развој на компанијата, како и за предизвиците и плановите за во иднина.

„Почетоците беа скромни, кога во 1936 година во август , покрај патот од Скопје кон Велес беше отворен еден од најстарите капацитети за преработка на алкалоиди во тогашната југословенска заедница. Од само двете постројки со 15 вработени, денес Алкалоид, после 85 години развој достигна до бројка од 60.000 м2 производни капацитети со над 2.500 вработени, во базата во Скопје и 20-те подружници распоредени во 15 земји во светот.“, ја почнува својата видео порака до јавноста генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид, Живко Мукаетов, по повод големиот јубилеј, 85 години од почетоците на компанијата.

Алкалоид денес има годишна продажба од преку 150 милиони евра, а 60% од своето производство пласира во странство, на преку 40 пазари.

Изминативе 15 години компанијата има инвестирано 200 милиони евра, во производни капацитети, технологија, лаборатории, истражување и развој, како и во континуирана едукација на своите вработени.

„Континуираниот деловен успех и одржлив развој на Алкалоид се должи пред се’ на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот Алкалоид и на поединечните брендови копи ги имаме, а кои ги граделе генерации пред нас, години наназад.“, истакнува Мукаетов и додава дека сите во компанијата ќе останат посветени на мисијата за глобализација на брендот Алкалоид.

„Алкалоид“ и Фондацијата „Трајче Мукаетов“ на разни начини помагаат во развојот на македонското здравство и фармација, а инвестираат и во културата, спортот, образованието и во други општествени сфери.

„Во оваа втора по ред пандемиска година исполнета со бројни предизвици и неизвесности би сакал да се заблагодарам на сите генерации членови на големото семејство алкалоидовци за посветената работа и натчовечките напори вложени за непречено одвивање на процесите. Главни приоритети на ‘Алкалоид’ и понатаму ќе останат грижата за вработените, акционерите, животната средина, деловните партнери, здравствениот систем и здравјето пред сѐ“, додаде Мукаетов во своето обраќање.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите