Connect with us

македонија

Големи светски брендови во Скопје ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција

објавено

на

Еминентни говорници од големите светски брендови  Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“),  Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот регионален карактер е домаќин на гости од преку 10 држави од регионот и светот.

Еминентни говорници од големите светски брендови  Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“),  Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот регионален карактер е домаќин на гости од преку 10 држави од регионот и светот.

Во своето најголемо и тематски најисполнето издание до сега, конференцијата за е-трговија ќе ги обедини најистакнатите домашни и меѓународни експерти во областа кои преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, фокусирани на различни теми поврзани со новата ера во човековото живеење – искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција ќе го пренесат своето искуство и знаење пред присутните. Покрај тоа, конференцијата ќе биде одлично место за вмрежување и споделување искуства, поддржано од иновативниот саемски концепт, кој дополнително ги зголемува можностите за интеракција и размена на знаење.

Директно од големиот светски гигант Мета („Meta“), на конференцијата ќе говори Групацискиот директор на Мета за ЕМЕА, Каи Херзбергер, а своето искуство пред присутните ќе го претстави и Саманта Тилет, Глобална директорка на партнерствa со Амазон во HTTPool by Aleph. Листата на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од еден од гигантите во индустријата за храна, Стефан Ковачевиќ, кој како Глобален дигитален лидер во Нестле („Nestlé“) на публиката ќе и ја доближи „трката“ за иновации кога станува збор за вештачката интелигенција, а пред присутните своја презентација ќе има и Ралука Бујореану, која ќе се обрати како претставник на германскиот гигант во онлајн продажба на чевли и модни парчиња – Заландо („Zalando“).

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2023 година, ќе се зборува и за важноста на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, влијанието на „маркетплејс“ платформите во секторот на е-трговија, но и за значењето на беспрекорното искуство со интернет плаќањата и меѓуграничната достава на интернет, а ќе бидат споделени и искуства  од успешните е-трговци во регионот – Марко Царевиќ од Ананас, Соња Буха од компанијата Мона, Елвис Пивиќ од компанијата МојБренд и многу други.

Инаку, конференцијата по вторпат ќе биде домаќин на регионална публика и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 600 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето шесто издание.   

Конференцијата е поддржана од Германското друштво за соработка – ГИЗ како организациски партнер, Мастеркард како генерален партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Ананас, НЛБ Банка и Пивара Скопје како златни партнери и Комерцијална банка, Корпа, Геиники Таксидромики, Фит Кит, Халкбанк и Фешн Груп како сребрени партнери на настанот.

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и картите кои се пуштени во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/   

македонија14 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци