Connect with us

македонија

Голем интерес за наградите за е-трговија, рокот за пријавување до петок!

објавено

на

Најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-продавници по сектори и Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање.

Годинава по втор пат се организира изборот за најдобрите во е-трговијата “Ecommerce Awards 2022” преку кој ќе бидат наградени и препознаени најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина.

Најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-продавници по сектори и Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање. Дел од категориите во кои ќе се натпреваруваат е-трговците се: „Најдобра новоотворена е-продавница“, „Е-продавница за храна и пијалаци на годината“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Најдобар верифициран е-трговец“, а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.

Пријавувањето за изборот на најдобрите е-трговци е бесплатно и е во тек. Преку официјалната веб-страница на натпреварот до сега се имаат пријавено повеќе од 100 македонски е-трговци, а пријавувањето трае до петок, 13 јануари, до 23:59 часот. По завршувањето на пријавувањето и објавувањето на номинираните е-трговици ќе следува гласање од јавноста кое ќе трае до 15-ти февруари, како и гласање од жири комисијата составена од внимателно одбрани стручни лица со цел да ги изберат најдобрите е-трговци. По собирање на поените добиени од публиката и од стручното жири, ќе се направат финални ранг листи со победниците во секоја категорија. Доделувањето на наградите на најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одвива на свечен настан во март 2023 година. На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени над 150 домашни е-трговци и беа собрани над 5000 гласови од јавноста, а беа доделени вкупно 30 награди во 18 категории.

Натпреварот “E-commerce Awards” го организираме по втор пат токму со цел да ја препознаеме и наградиме напорната работа на домашните е-трговци, да ја подигнеме свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикнеме зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата.“, вели д-р Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

“Македонската е-трговија постигна значен прогрес во изминатиот период, во главно поттикнат од COVID-19, но улогата и заложбите на АЕТМ дојдоа уште повеќе до израз бидејќи многу работеше на трасирање на патот за е-трговија и на подготвеноста на компаниите за предизвиците од пандемијата. Во 2021 забележавме значаен раст во вредноста и бројот на трансакциите особено кон домашните е-трговци, во главно поттикнат од COVID-19 кој ја промени структурата во полза на домашните е-трговци. Позитивно е што и во 2022 година иако со забавено темпо тенденцијата на раст продолжува. Исто така позитивно е што иако со враќање на животот во нормала и можноста за слободно меѓугранично движење се уште македонските е-купувачи најмногу купуваат од домашни е-трговци. Натпреварот “E-commerce Awards” го организираме по втор пат токму со цел да ја препознаеме и наградиме напорната работа на домшаните е-трговци, да ја подигнеме свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикнеме зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата.“. – вели д-р Нина Ангеловска, Претседател на АЕТМ.

Сите македонски е-трговци кои сакаат да бидат дел од овој натпревар кој има цел да ја препознае, награди и промовира нивната извонредна работа може да се номинираат за избор меѓу најдобрите со пополнување на пријавата на овој линк.

Инаку, иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

Повеќе детали за натпреварот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

економија22 часа ago

РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании за само 10 месеци постоење

регион2 дена ago

SkyShowtime сервисот за стримување достапен и во Македонија од 14 февруари

економија2 дена ago

Анѓушев: Да се градат електрани од различни обновливи извори, а решение за вишоците струја се Чебрен, батерии и водород

економија2 дена ago

За само неколку денови – повеќе од 4000 гласачи за најдобрите е-трговци во Македонија

македонија3 дена ago

„СОС Детско село“ доби 1,37 милиони денари собрани од продажбата на билети за настан организиран од РФМ

економија3 дена ago

Ковачевски: Работиме на тоа да нема поскапување на струјата, дури, во некои сегменти да има и поевтинување

македонија4 дена ago

Еко Логистик Сервис одбележа пет години работа на македонскиот пазар

македонија4 дена ago

“Година на нови можности“ – почна дводневната конференција во организација на Владата

економија4 дена ago

БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

економија1 недела ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

македонија1 недела ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

свет1 недела ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

свет1 недела ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

економија1 недела ago

Од специјалниот прилог „Брендови“: Како пандемијата и кризата ги променија бренд стратегиите?

интервју1 недела ago

Славица Кутиров: Со примена на новите сервиси и напредни технологии, дигиталната Царина станува реалност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

економија1 недела ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

економија4 дена ago

БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

регион1 недела ago

Во Хрватска пристигнуваат три светски хотелски брендови во исто време

технологии / компании1 недела ago

Амазон е највреден бренд на планетава, Дојче Телеком прв во  Европа