Connect with us

македонија

Голем интерес за фотоволтаични централи: Бизнисмените бараат побрзи процедури од страна на надлежните

Голем интерес за инвестирање во фотоволтаични централи

објавено

на

ПроКредит Банка организираше бизнис форум „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“, на којшто ги собра на едно место заинтересираните инвеститори во фотоволтаични централи за производство на струја и сите релевантни чинители  во врска со постапките и предизвиците во процесот на инвестирањето.

Околу 18 месеци е потребно за една компанија што сака да произведува и продава електрична енергија од фотонапонска централа, да дојде од почетната подготвителна фаза, па до првата трансакција, односно продажба на струја на пазарот. Ова се сознанијата од искуството на ПроКредит банка со своите клиенти, коишто ги кредитира за инвестиции во фотонапонски централи, односно фотоволтаични системи за производство на електрична енергија.

Како што истакна Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, на отворањето на денешниот настан „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“ во организација на банката, ова е предолг период, и во име на сите потенцијални инвеститори во овој бизнис таа апелираше до надлежните државни институции пред коишто се поднесуваат барањата за дозволи, лиценци и сета потребна документација, да се прилагодат на новата ситуација, односно се’ поголемиот интерес за инвестирање во обновливи извори на енергија, особено во период кога Македонија е увозно зависна за електрична енергија, и потребни се што повеќе домашни капацитети за производство на зелена електрична енергија.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, во своето обраќање пред да почнат панелите за дискусија, рече дека фокусот на актуелнава  влада е насочен кон обновливи извори енергија, вклучително кон искористување на соларната енергија.

„Скратувањето на целиот процес за обезбедување на потребна документација, градба и ставање во функција на инсталацијата е главниот предизвик и за институциите и за инвеститорите.“, рече Нуредини.

Настанот денеска, како што велат од ПроКредит, беше организиран со намера на едно место да се соберат сите релевантни чинители  во врска со постапките и предизвиците во процесот на инвестирањево фотоволтаична централа наменета за продажба на електрична енергија.  

Конференцијата беше  наменета  за сите потенцијални клиенти кои сакаат да дознаат повеќе за инвестициите во фотоволтаични централи поставени на земја, наменети исклучиво за продажба на струја. Дискутираа повеќе учесници,  претставници од министерствата за  животна средина, економија, Регулаторната  комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика, ЕВН и компанијата КМГ Квазар, коишто, секој од својот ресор, ги објаснија постапките и процедурите потребни во сите фази на  инвестицијата –  од пренамена на земјиште, дозвола за градење, приклучок на мрежа, изведба на централата, па се’ до добивање лиценца за продажба, продажба на струјата на пазарот на енергија, како  и можности за финансирање од страна на ПроКредит.

Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, истакна дека периодот од просечно 18 месеци за да се реализира една инвестиција во производство на струја од фотоволтаици е предолг и бизнис заедницата бара тој да се скрати. „Секоја институција од своја страна има законски рамки и рокови, но кога се’ ќе се стави на куп, навистина е предолга постапката. Бизнис заедницата сака да инвестира, да се вложат наши, домашни пари, и  затоа апел до надлежните, да се најде решение во насока на скратување на постапката. Овие објекти да се приоритет во однос на други објекти – згради, куќи, итн. – што влегуваат во процедурите за добивање дозволи, одобренија и сл.“

Процедури и чекори при една инвестиција во соларни централи за струја

Во првата панел дискусија беше презентирана државната програма за поддршка на инвестиции во соларна енергија, со фокус на сите чекори за добивање на неопходните дозволи пред изведба, почнувајќи од пренамена/урбанизација на земјиштето, сѐ до дозвола за градење и согласност за приклучок на мрежа.

Од Министерството за транспорт и врски истакнаа дека ако некој инвеститор добие желба за ваква инвестиција, потребно е најпрво добро да ја истражи локацијата.

„Најчесто се работи за градби за производство на енергија од обновливи извори, најчесто надвор од населени места, надвор од претходно донесени урбанистички планови и документации. Тоа значи дека земјиштето на почеток е некое неградежно, земјоделско земјиште и за да се добие одобрение за градба, тоа мора да се трансформира во градежно. Потребни се неколку чекори за тоа, а на самиот почеток инвеститорот треба да е свесен колкав простор му е потребен. Треба да има пристап, некаков пат, треба да предвиди соодветно растојание помеѓу самите панели и други објекти што ќе бидат поставени на земјиштето, значи да остави простор и за некои пропратни објекти и сл. Исто така, инвеститорот да проучи дали има некакви катастарски објекти што ќе пречат во заокружување на парцелата“, рече претставникот од Министерството.

Тој додаде дека интересот за инвестирање е значително зголемен, што се гледа по фактот дека до пред година – две, во Министерството имале по еден до два предмета годишно за градби за обновливи извори, а сега имаат по неколку месечно.

Претставникот на Електродистрибуција при ЕВН, Оливер Мирчевски, истакна дека електродистрибутивната мрежа во земјава своевремено е градена за моќности далеку помали од она што сега се бара од страна на инвеститорите во централи од обновливи извори  да бидат приклучени.

„Тоа значи дека постројките за производство на струја треба да се градат каде што има потреба, а потреба има каде што се потрошувачите. Доколку излегуваме од овие рамки и некој инсистира да гради капацитети каде што мисли дека нашол погодно земјиште и сл., приклучувањето на мрежата ќе биде потешко и ќе се соочуваме со проблеми. Дистрибутивната мрежа има капацитет да ги прифати новите извори на енергија од обновливи извори, но тој капацитет не е неограничен. Приклучокот е многу битен фактор, но не и најбитен. Целиот процес, целата инвестиција, зависи од чекорите што се после приклучокот. Препорака наша е, инвеститорите да не се оддалечуваат од инфраструктурата, односно мрежите, па дури и ако има мрежа, не значи дека гарантирано ќе бидат приклучени“, објасни Мирчевски.

Тој додаде дека тие како дистрибутер на струја, настојуваат да им ја дадат сликата на инвеститорите, информацијата, за овие да имаат претстава за тоа што ги очекува, да знаат однапред со какви сe’  проблеми може да се соочат по патот.

„Порака до инвеститорите: потребно е еднозначно да ја определите катастарската парцела и моќноста што сакате да ја инсталирате, за да направиме анализа и одговор што ќе биде индикативен. До минатата година бројот на барања беше од 50-100 годишно. Од јануари годинава до сега имаме околу 680 барања за вкупно 6.000 мегавати инсталирана моќност на фотонапонски централи во земјава. Некогаш се 2 или 3 недели за одговор, и тој обично е од информативен карактер, за да знаат отприлика инвеститорите колку би ги чинел приклучокот, и  дали пред се’ може да се приклучат на мрежа онаму каде што сакаат тие.“, рече претставникот на ЕВН Електродистрибуција.

Градење на фотонапонските централи  и финансирање на проектите

Фокусот на втората панел дискусија беше  самиот процес на градење на фотоволтаични централи, расположливата технологија и искуствата на пазарот, постапката за добивање на лиценца за производство и продажба, алтернативи за продажба на слободниот пазар, како и можностите за финансирање на инвестицијата.

Горанчо Паунов, директор на компанијата КМГ ЕОЛ Квазар, која што се занимава со изведување на фотоволтаични централи објасни дека кај нив секој заинтересиран инвеститор може да се обрати и тие да одговорат на сите барања, по моделот „клуч на рака“.

„Од самиот процес на достава на понуда, до проектирање во сите фази, ревизии, аплицирање пред општина и добивање градежни дозволи… Ние можеме комплетно да ја водиме постапката на нашиот клиент, до набавката на опрема и изведба на самата централа. Досега имаме проектирано капацитети од преку 44 мегавати, а над 25 мегавати веќе сме инсталирале. Последниве две години драстично се зголеми побарувачката за нашите услуги и добиваме барања за различен капацитет, од мали електрани, до 100 киловати, од 100 до 500 и од 500 киловати до еден мегават моќност, но сега и за поголеми електрани.“, објасни Паунов.

Тој рече дека на клиентите им сугерира да се одлучат за моделот „клуч на рака“, затоа што често пати тоа се бизнисмени чиишто основен бизнис нема врска со производството на струја и на овој начин се скратува времето, и некои други активности што би ги имал инвеститорот.

„Многу е попрактичен овој пристап, одошто да се остават сами да ги тераат сите процедури, да бараат сами опрема, итн. Има случаи кога инвеститорот сам набавувал опрема парцијално, од повеќе места, па после бара од изведувачот сето тоа да го вклопи, но така е многу потешко, и за реализација, а потоа и за одржување“.

Претставникот на ПроКредит Банка, Александар Тодоров, ги објасни можностите за финансирање на ваквите проекти преку банката, којашто активно е вклучена во поддршка на еколошките проекти за производство на струја веќе неколку години.

„Досега имаме финансирано над 30 мегавати капацитет на фотонапонски централи, прти што 60% се помали инвестиции, за сопствено употреба на струјата, додека 40% се за фотоволтаици на земја. Постапките за инсталирање панели за сопствени потреби се прилично кратки, најчесто инвеститори се самите компании што сакаат да произведуваат струја за своите потреби, и панелите се инсталираат на кровот од објектите и сл. Но, денеска зборуваме за инвестиции во централи на земја, каде што работите се покомплексни и бараат поголема стручност од нас како банка, затоа што ова е проектно  финансирање, кое што треба да ги има предвид сите работи што досега ги зборувавме досега.“, рече Тодоров.

Тој објасни дека условите за кредитирање зависат од самиот проект, максималниот рок е 15 години.

„Повратот на овие инвестиции се намали на 6-8 години, овој рок за враќање на кредитот е прифатлив, а исто така и грејс периодот од 24 месеци, затоа што се предвидува дека за тоа време ќе се изгради капацитетот, иако многу ретко се случува, најчесто е пократко. Овие проекти носат ризици, тешко се проектира цената на струјата на долг рок и затоа е многу важно за клиентот да има обезбедено резервен фонд. Затоа што сега цените на струјата се високи, но со тој резервен фонд и фирмата и банката се заштитени од негативни шокови во иднина.“

Тодоров додаде дека инвеститорот треба финансиската конструкција да ја има заокружено на почеток.

“Ние правиме официјален комитет, на којшто се разгледуваат почетните информации и на клиентот му ги адресираме одредените проблеми и ризици што може да ги има. Би било огромно губење на време да се изоди целиот процес и на крај да немате финансиска конструкција“.

македонија23 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако