Connect with us

интервју

Горан Анастасовски: Нашите нови услуги се во функција на дигитализација на платните системи и финансиското работење

Горан Анастасовски, генерален директор на Клириншка куќа КИБС АД Скопје

објавено

на

Клириншки интербанкарски систем – КИБС е компанија за која просечниот македонски граѓанин ретко да знае и дека постои, но истата е и тоа како значаен чинител во секојдневното функционирање на платниот промет во Македонија, без чијашто беспрекорна услуга животот на сите нас, граѓани, банки, компании, државни институции, итн., би бил незамисливо покомпликуван. Во деновите кога Клириншката куќа КИБС слави 20 години од формирањето, разговаравме со генералниот директор Горан Анастасовски за значењето на оваа компанија за финансискиот систем на земјава, како и околу плановите за новите услуги што треба уште повеќе да ги олеснат платните процеси.

Г- не Анастасовски, оваа година славите значаен јубилеј – 20 години од основањето. Објаснете за нашите читатели какво е всушност значењето на КИБС за финансискиот систем во земјава?

КИБС настана со реформата на платниот промет и трансформацијата на тогашниот ЗПП – Завод за платен промет, како потреба да се создаде институција којашто ќе врши обработка, клиринг и порамнување на малите меѓубанкарски трансакции. За таа цел, сите деловни банки ја основаа Клириншката куќа КИБС и воедно формираа платен систем, со истото име, за мали меѓубанкарски плаќања. Во основата КИБС е оператор на платен систем за мали меѓубанкарски плаќања и е воедно клириншка куќа.

Морам да истакнам дека уште од основањето на КИБС, технолошките решенија на кои се базира нејзината основна дејност се 100% македонски производ, односно сите софтверски решенија за нејзиното работење се интерно развиени од нашите вработени. Се работи за многу комплексни софтверски решенија, кои и во времето кога биле изработени и сега, имаат исклучително висока финансиска вредност. Системот се одржува и надградува во континуитет сите овие години, што овозможува истиот да работи беспрекорно и без никакви големи испади и грешки.

Платниот систем КИБС е значајна платежна инфраструктура во земјата и неговиот испад би значел неможност за вршење на плаќањата и процесирање на платните налози, што би довело до нефункционален банкарски сектор со последици врз финансискиот систем и економијата во целина. Од сегашна перспектива ценам дека одлуката за развој на сопствени софтверски решенија, а уште повеќе нивното успешно ставање во функција под водство на нашиот стручен тим, се почеток на нашиот успех.

Каков беше развојот на КИБС имајќи предвид дека покрај основната, веќе вршите и други бројни дејности, вклучително и продажбата на сертификати за електронски потписи по што можеби и најмногу ве препознаваат?

Клирингот и понатаму е нашата основна дејност. Но, во текот на сите овие години се развиваме и го зголемуваме портфолиото на услуги, пред сè согласно потребите и барањата на банките. Така, работењето на платниот систем налагаше и вршење на размена на бројни информации помеѓу банките, а со тоа и воведување на нови услуги овозможени со соодветни софтверски решенија. Воедно, за потребите на платниот систем се јави и потреба за создавање на заеднички регистар на трансакциски сметки којшто го водеше КИБС. Овој регистар потоа прерасна во Единствен регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), кој стана предмет на законско регулирање и со решение на Министерството за финансии го води КИБС, успешно и без грешки веќе бројни години, што е редок пример не само во регионот, туку и пошироко.

Нашето успешно работење и управувањето со вакви значајни сегменти за целиот банкарски систем, доведе до тоа КИБС да биде активно вклучена и во вршењето на бројни активности коишто се од значење за финансискиот систем и државата воопшто. КИБС претставува важна алка во овој систем, преку која се пренесуваат и разменуваат информации помеѓу банките и државните институции.

КИБС како прв регистриран издавач на дигитални сертификати, којшто согласно измените во законот, прерасна во квалификуван давател на доверливи услуги, придонесува за успешна дигитална трансформација на работењето на финансискиот сектор, како кај приватните субјекти така и кај државните, за подобри, побрзи јавни услуги кон граѓаните и бизнис заедницата. Интересно е што јавноста најмногу не препознава по оваа дејност. Вклучувањето на сертификатите за електронски потписи во нашето портфолио беше поттикнато од потребите за електронска, сигурна, автентифицирана и енкриптирана размена на информациите помеѓу различни субјекти (физички лица, правни лица), како и работењето од далечина. Портфолиото полека почна да се надградува и со други бројни доверливи услуги како сертификати за електронски печат, временскиот жиг, решенија за online потпишување на документи при што се гарантира идентитетот на страните и автентичноста на документите.

Кон крајот на 2008 година КИБС го формираше и Македонското кредитно биро (МКБ) како независна компанија која врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел да дава информации за нивната задолженост и редовноста во подмирувањето на обврските. МКБ располага со најголемата и дневно ажурирана база на податоци која ја користат сите банки, финансиски друштва, УЈП, единици на локалната самоуправа и бројни правни лица кои даваат услуги по основ на кои настануваат обврски за правните и физичките лица. Услугите на МКБ сè повеќе се бараат на пазарот, што преставува и голем успех за нас.

Во која насока КИБС ќе се развива во платежната сфера во периодот кој следи?

Ние сме оператор на платен систем и тоа е нашата главна дејност и фокус, односно развој на платните системи и платежните услуги. Нашите нови услуги пред сè, се во функција на дигитализација на платните системи и финансиското работење. Секогаш се движиме во таа насока, но низ годините се трудиме да понудиме и други услуги, пред се од интерес на банкарското работење и развојот на платните системи.

Од друга страна, постојниот платен систем со одложено нето порамнување, го има достигнато својот зенит и веќе неколку години има непроменет број на налози. Можам да најавам дека забрзано работиме со сите банки и двата трезора, а секако поддржани од Народната банка, на развој на еден посебно значаен и крупен проект – инстант плаќањата, како нови нормални плаќања, со цел да се следи и да се биде во тек со современиот начин на живеење, чија главна одлика е брзината. Енормниот развој на технологијата и интернетот, каде што сè се случува со неверојатна брзина, и целата таа „убавина на брзината“ се одразува и кај платежните трендови наметнувајќи неминовна потреба од инстант плаќања, односно плаќања кои се извршуваат веднаш.

Во светот инстант плаќањата не се новитет и постојат одамна, а бројот на даватели на платежни услуги што ги овозможуваат и нивната примена од страна на крајните корисници континуирано растат, што особено дојде до израз за време на пандемијата.

Главните карактеристики на инстант плаќањата, а воедно и нивни главни придобивки, се: плаќања од сметка на сметка во кое било време, каде било и кому било 24/7/365; средствата се веднаш достапни за користење за примачот; времето на извршување на трансакциите трае само неколку секунди; примачот може да побара средства од плаќачот односно плаќачите; плаќањата се овозможени секаде преку различни канали: интернет, на физички места на продажба и на шалтер во банка и поддржани се сите релации кај плаќањата помеѓу сите физички правни лица и државните институции/институциите на локалната самоуправа; плаќањата се со високо ниво на сигурност која се базира на безбедноста на податоците.

Едноставно кажано, ќе можете од својот мобилен телефон со инсталирање на соодветна апликација да извршите плаќање секаде и на секој да му префрлите средства во било кое време од денот, директно од вашата сметка, а примателот веднаш да ги прими и да располага со истите.

Што се однесува за трговците, инстант плаќањата ќе бидат евтини и лесни за имплементација, односно ќе прифаќаат инстант плаќања преку: мобилна апликација за трговци инсталирана на телефон, таблет или компјутер; преку ПОС-терминали; преку соодветни функционалности за инстант плаќања кај интернет -продавниците или кај фискалните уреди. Од аспект на применетата технологија, плаќањата кај трговците се преку вчитување на QR кодови.

Во нашата земја употребата на готовината е претпочитан начин на плаќање, уште повеќе тој е национална специфика, и покрај постоењето на можноста за безготовинско плаќање. Инстант плаќањата, овозможени преку модерни, едноставни за користење, достапни до сите корисници и безбедни канали (решенија) за плаќање, ќе придонесат за реализација на државната стратегија за намалување на користењето на готовината. Доколку се дизајнираат согласно овие постулати, инстант плаќањата водат кон нивна масовна употреба и кон ниска цена на чинење на овие плаќања.

Да резимираме, воведуваме нов и лесен начин на плаќање од сметка на сметка во реално време, достапен за сите и со ниски трошоци на процесирање на плаќањата. Со користење на едноставни и безбедни технолошки решенија за плаќање, пред се на мобилните уреди, целиме кон масовно користење на инстант плаќањата како и вклучување и на оние корисници кои досега не користеле банкарски услуги и исклучиво работат со готовина. Искуството од другите земји дава солидна основа за процена дека инстант плаќањата се „новите нормални плаќања“ и се вистинска алтернатива на готовината.

Како пандемијата влијаеше врз работењето на КИБС и како се прилагодивте на новите услови на функционирање на општеството?

Морам да истакнам, дека кризата за нас претставуваше и сè уште претставува предизвик со кој успешно се справуваме. Со цел зачувување на здравјето на вработените и клиентите, успешно се пренасочиме кон работа од дома, применувајќи ја технологијата која ја поседуваме. Истото се направи брзо, без тешкотии и што е најважно воопшто не се почувствува од страна на учесниците во платниот систем и корисниците на нашите услуги.

Земајќи предвид дека компанијата има релативно мал колектив кој брои околу 70 вработени, наспроти големината на значењето на услугите кои ги врши, компанијата не може и не смее да си дозволи масовни отсуства на вработените. Истото може да доведе до прекин во работењето, а последиците може да бидат големи, како што се спомнати и на почетокот на овој разговор – неможност за вршење на меѓубанкарските плаќања кои водат до нефункционален банкарски сектор со последици врз финансискиот систем и економијата во целина.

Самата здравствена криза, начинот на делување од далечина што го предизвика, нè поттикна на нови идеи и ни даде можност за помасовно користење нашите услуги за дигитална доверба. Знаете, пазарот и условите на работа кај нас се уште не се развиени до тоа ниво да корисниците масовно или природно преминуваат кон користење на технологии за работа од далечина, односно по електронски пат.

Но, кризата предизвика поттик корисниците да се насочат кон овие технологии за електронско работење од далечина и да ги согледаат нивните придобивки. Значајно е да се спомене дека пред скоро време воведовме и сертификати во облак, кои се следната генерација по оние на физички носач – токен, што ќе придонесе за помасовна и поширока примена на електронските потписи на преносните уреди како мобилните телефони.

Порастот на примената за сертификатите за електронско потпишување и електронски печат го зголеми интересот и за нашата услуга за далечинско потпишување на документи SignPlus, со која што се овозможува склучување на договори по електронски пат, како и потпишување и размена на сите видови акти. Вака потпишаните документи, ја имаат истата правна сила и важност како хартиените.

Кризата нè поттикна забрзано да работиме на имплементација на нашата нова услуга OneID – еден дигитален идентитет што граѓанинот ќе може да го употреби при користење на повеќе електронски услуги од разни даватели и области. Денес се чини дека притисокот да се пристапи онлајн до образование, финансиски услуги, здравствена заштита и други основни услуги е нагласено пред сè поради состојбата на пандемија, но и рапидното менување на деловниот систем и дигиталната трансформација го прави своето. Бидејќи дигиталните комуникации и трансакции продолжуваат да добиваат сè пошироко прифаќање, дигиталниот идентитет е во сржта на сè што правиме.

Што значи дигиталниот идентитет, какви придобивки ќе имаат корисниците од оваа услуга?

Секој бизнис што се стреми да ги направи своите услуги достапни секаде и неограничени, преку дигитални комуникации, треба да обезбеди и решенија за проверка на идентитетот на корисниците на безбеден и лесен начин.

Така, на пример, наместо секој граѓанин да мора лично да оди на шалтер во банка да отвори сметка и да го препознаат со документ за лична идентификација, или во било која друга институција, за истата цел со OneID се овозможува да му се креира идентитет по електронски пат, односно со седење од дома. Тој идентитет е со еднаква правна сила како и начинот на лично препознавање.

Потоа тој идентитет со согласност и дозвола на граѓанинот, а според неговите лични потреби, би го користеле банките, компаниите и институциите кои ќе имаат потреба. На тој начин не само што ќе се намали гужвата по шалтери и разни институции, туку најважно се олеснува животот на граѓаните. Во сегашни услови треба да изгубите добар дел од денот и многу нерви за да одите на шалтер и завршите некоја работа којашто бара ваше лично присуство. Со користењето на OneID тоа ќе го направите од дома без никакви стресови и со далеку помали трошоци на личните ресурси.

Од исклучително значење е да се спомне дека решението за оваа услуга е поставено inhouse во КИБС што значи дека податоците за идентитетите ќе се чуваат кај нас, односно за услугата не користиме системи на трети страни во земјата и пред сè во странство во кои би се чувале овие податоци. Услугата е во согласност со највисоките светски стандарди и секако усогласена со европската и локална регулатива за услуги од доверба и постапување со лични податоци. Нашето досегашно искуство и стекнатото знаење со долгогодишно работење со ИТ технологии, ни дава за право слободно да кажеме дека КИБС ќе биде најдобриот партнер на кој можете целосно да му ја подарите својата доверба.

Како новата законска регулатива за платежни услуги и платни системи, која е во завршна фаза на подготовка, влијае на вашето работење и реализација на зацртаните планови? Се подготвува и либерализација на пазарот односно влез на финтек компаниите и можност за формирање на нови платни системи и нивни оператори. Што тоа значи за КИБС?

Со законот се овозможува и појавата на нови играчи, пред се финтек компаниите како платежни институции чиј фокус се финансиските технологии, што сигурно ќе значи раздвижување на пазарот и побрзо воведување на иновативни услуги.

Секако законот го очекуваме заради можностите кои ни ги дава за воведување на нови услуги. Најпрво, инициравме во банкарскиот сектор стандардизирање на начинот на комуникација помеѓу учесниците во платежниот сектор во услови на отворено банкарство. За таа цел КИБС стана членка на BerlinGroup, која ги креира стандардите за отвореното банкарство во Европа. Од членството во оваа група, очекуваме достап до податоци и практики, кои ќе ни овозможат полесна стандардизација, а потоа и имплементација на отвореното банкарство.

Понатаму, работиме на проект со работен наслов PSD2 API Hub, кој овозможува вмрежување на банките и новите даватели на платежни услуги, како и банките помеѓу себе во улога на платежни институции, преку КИБС како централна точка. На овој начин секој учесник би имал само една точка на поврзување – до хабот на КИБС, наместо до секој субјект посебно. Во спротивно, сите учесници во екосистемот на отвореното банкарство би требало меѓусебно билатерално да се поврзат.

Покрај вмрежувањето преку хабот како основна функционалност, КИБС на учесниците ќе им овозможи и употреба на дополнителни функционалности за отвореното банкарство. Сметаме дека за мал пазар како нашиот ваков пристап е одличен, бидејќи со истиот се споделуваат трошоците за имплементација и одржување на отвореното банкарство. Воедно, сите правила и стандарди околу истото се променлива категорија, за кои би се грижел КИБС како централна точка, наместо секој од учесниците. Оттука се надеваме на прифаќање на услугата која ќе произлезе од овој проект, од страна на банките и платежните институции.

И трет аспект од законот кој е предмет на наша елаборација, е дејствување на КИБС како платежна институција и институција за електронски пари. Во овој дел гледаме големи можности за креативност во дизајнирање на услугите и во следниот период ќе го насочиме вниманието и во оваа насока. Брзината на промените во оваа област се гледаат и преку фактот што иницијативата за отворено банкарство која се однесува на банкарскиот сектор, во Европа е веќе надмината и следното ниво кон кое се насочени активностите е иницијативата отворени финансии, која се однесува на целиот финансиски сектор.

Потенцијал гледаме и во проектот еФактура, од кој би произлегла услуга која ќе овозможи вмрежување на издавачите и примачите на фактури со цел доставување на истите во стандардизиран електронски формат, а која ќе создаде и можности за нивно поедноставено плаќање.

Имаме идеи и за други проекти, но ќе следуваат по реализацијата на овие кои се во тек.

Вие сте релативно мала компанија, според број на вработени, па, како успевате да се справувате со потребите на работењето на банките, имајќи ја предвид нивната големина од секој аспект, како и барањата за заштита и доверливост на податоци, брзината и точноста во постапувањето? На што се должи успехот на КИБС?[ВА1] 

За истото е потребно постојано да се исполнуваат бројни предуслови. Така покрај квалитетните сопствени технолошки решенија коишто постојано ги надградуваме, ние континуирано инвестираме во висококвалитена и високософистицирана техничка инфраструктура.

Креиравме и одржуваме сопствена приватна оптичка мрежа преку која се поврзани сите банки, Народната банка, трезорите на Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување, како и некои државни институции и органи. Со тоа не само што се гарантира високо ниво на безбедност и сигурност на преносот и размената на информации, туку и брзина во постапувањето и можности за технички надградби и зголемување на капацитетот и перформансите согласно потребите. Зависно од потребите во иднина, во мрежата има можност за приклучување и на други институции и органи.

Воедно, во континуитет ги препознаваме потребите на банките во врска со платниот систем и поврзаните платежни услуги, за кои изработуваме бројни иновативни решенија коишто им користат во работењето. Не треба да биде изоставено и високото ниво на поддршката кон банките и изнаоѓањето на решенија на нивните барањата упатени кон нас. Сето ова доведува до создавање на доверба и сигурност, наш императив во работата, а кои одамна сме ги стекнале кај банките и коишто постојано ги надградуваме и оправдуваме.

Последно, но исклучително важно е и постојано вложување во човечкиот потенцијал, пред сè во создавање на пријатна работна средина, почитувањето на потребите на вработените и нивно постојано надградување и усовршување во земјата и во странство. Постигнатото досега ќе беше невозможно, доколку немавме квалитетен кадар и пред се задоволни вработени кои мотивирано ги следат и применуваат новитетите и трендовите, бидејќи платежниот свет и ИТ технологијата секојдневно се менуваат и модернизираат. Она што нè движи напред е тимот составен од стручни и посветени вработени, а секако и посветеноста и визијата на сите членови на органите на управување низ целиот овој период, како и на банките како наши акционери, кои со своите идеи и огромни заложби, заедно допринесоа да ја изградиме и одржиме куќата во врвна институција во доменот на делувањето.

Чувствувам потреба и должност да потенцирам, дека и во досегашното работење, како и при имплементација на сите овие проекти, КИБС како општествено одговорна компанија мотивот најмалку го наоѓа во остварување на профит, а се поттикнуваме од стремежот да придонесеме во напредокот на нашето општество и подобрувањето и подигнувањето на нивото на квалитет на животот и условите за работата на граѓаните, компаниите и институциите.


Дигитален идентитет како нова услуга

Кризата нè поттикна забрзано да работиме на имплементација на нашата нова услуга OneID – еден дигитален идентитет што граѓанинот ќе може да го употреби при користење на повеќе електронски услуги од разни даватели и области. Така, на пример, наместо секој граѓанин да мора лично да оди на шалтер во банка да отвори сметка и да го препознаат со документ за лична идентификација, или во било која друга институција, за истата цел со OneID се овозможува да му се креира идентитет по електронски пат, односно со седење од дома. Тој идентитет е со еднаква правна сила како и начинот на лично препознавање.

Continue Reading
свет5 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет6 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија10 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија19 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис