Connect with us

интервју

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

Гоце Сиваков, Одговорен директор за Операции во УНИ Банка АД Скопје

објавено

на

Внимаваме и сме фокусирани преку дигитализацијата да понудиме: квалитет, брзина, одлично корисничко искуство и сигурност, како главни конкурентски предности во користењето на банкарските услуги на Банката. Повеќе од 80% од услугите во платниот промет се користат преку дигиталните канали, што укажува на тоа дека клиентите ги препознаваат наведените придобивки.

Дигитализацијата веќе не е опција, туку неопходност за сите компании, без разлика на големината и секторот. Таа овозможува унапредување на процесите на работа и подобрување на конкурентноста. Бројните истражувања, како и праксата, покажуваат дека дигитализацијата е корисен процес, институциите што спровеле дигитална трансформација оствариле поголем раст.

Дигитализацијата и воведувањето на иновации во банкарските сервиси подолго време се дел од развојната стратегија на УНИ Банка АД Скопје, која како динамична и модерна банка има за цел да воведе напредни дигитални решенија, кои водат до бројни функционалности и дополнителни можности за корисниците.

Секојдневно се зголемува бројот на клиенти на УНИ Банка кои ги користат банкарските услуги преку мобилното и електронското банкарство и ги уживаат предностите на новото време. Банката ја унапреди и својата веб страница, креираше различни апликации се со цел да овозможи врвно корисничко искуство на своите клиенти. Со младиот и амбициозен тим на Банката во дирекциите: Картично работење, Платни системи и Информатички технологии раководи г-дин Гоце Сиваков, со кого разговараме на теми поврзани со дигитализацијата и иновациите во банкарството.

Колку е дигитализирана УНИ Банка?

Доколку во 2019 година застапеноста на плаќањата со е-банкарство учествуваа со 42% од вкупниот платен промет во Банката, денес тој процент изнесува повеќе од 80%, што нè вклучува меѓу дигитално најнапредните банки во земјава. Веќе не е прашање дали ни треба, туку колку напредни и иновативни ќе бидеме на тоа поле. А доколку ги прашате нашите корисници, Ве уверувам дека сме многу напред од секој аспект.

УНИ Банка е скоро целосно дигитализирана. Односно, услугите кои ги нуди Банката, а не можат да се искористат преку дигитални канали се сведени на минимум. Внимаваме и сме фокусирани преку дигитализацијата да понудиме: квалитет, брзина, одлично корисничко искуство и сигурност, како главни конкурентски предности во користењето на банкарските услуги на Банката. Повеќе од 80% од услугите во платниот промет се користат преку дигиталните канали, што укажува на тоа дека клиентите ги препознаваат наведените придобивки.

Оставаме еден дел, “човечки контакт”, кој упатува на стручноста и професионалниот кадар во Банката, најмногу во делот на деловно советување на клиентите и нивно воведување во дигиталните услуги на Банката.

Дигитализацијата е дел од нашето секојдневно работење. Процес кој веќе одамна е започнат во УНИ Банка, а корисниците веќе ги користат неговите придобивки, како на пример побрз и поедноставен пристап до банкарските продукти. Со тоа компаниите и индивидуалните корисници заштедуваат време и средства, а притоа ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во работењето преку дигиталното банкарство од друга страна.

За нас дигитализацијата е начин да обезбедиме поголема функционалност во работата и одлично клиентско искуство. Задоволството на клиентите е наш приоритет и токму затоа во континуитет вложуваме во унапредување на дигиталните канали, но и услуги и продукти. Доколку во 2019 година застапеноста на плаќањата со е-банкарство учествуваа со 42% од вкупниот платен промет во Банката, денес тој процент изнесува повеќе од 80%, што нè вклучува меѓу дигитално најнапредните банки во земјава.

Веќе не е прашање дали ни треба, туку колку напредни и иновативни ќе бидеме на тоа поле. А доколку ги прашате нашите корисници, Ве уверувам дека сме многу напред од секој аспект.

Што овозможуваат дигитализацијата и новите технологии во поглед на зголемување на ефикасноста на Банката?

Дигитализацијата, покрај тоа што носи предности за клиентите – брзина, сигурност, достапност, влијае и на подобрување на ефикасноста на Банката. Времето, поминато со клиентите, сега веќе е повеќе насочено кон конструирање на квалитетни решенија на нивните финансиски предизвици и потреби. Тоа создава поголемо ниво на задоволство и лојални клиенти и ефикасно оптимизирање на ресурсите на Банката.

Пред сè, оптимизирање на сите работни процеси во Банката, побрза обработка на податоците, полесен и потранспарентен увид во документацијата, само со еден клик, подобра контрола и анализа на работењето и секако поголема безбедност и сигурност на сите банкарски процеси. Ни овозможи подобар сервис за клиентите, побрз одговор на секое нивно барање, ново корисничко искуство и поголемо ниво на задоволство. Сето тоа влијаеше и на зголемено користење на електронските канали за банкарските услуги, бидејќи клиентите многу брзо се уверија во предностите. Важно за поддршката на овој процес беше што и самите вработени во УНИ Банка беа доста конзистентни и упорни во едукацијата со цел да се променат некои стари навики.

Еден од новитетите кои ги воведовте е мобилната апликација My Unibank. Кои се придобивките од неа?

Новата апликација My Unibank е со модерен изглед, подобрен кориснички интерфејс, високо ниво на сигурност, лесна навигација и зголемен број на функционалности. Новите функционалности, покрај новиот модерен изглед, се создадени со цел на брз, практичен и иновативен начин, корисниците да ги завршат своите потреби за банкарски услуги.

Како поспецифични услуги би ги издвоиле:

•             Мој буџет – Финансиски советник, алатка која има за цел да помогне во креирање на месечниот буџет и контрола во спроведувањето;

•             Можност за најава и потпишување на налози со Биометрија;

•             Push нотификации за приливи и одливи;

•             Плати на пријател брзо и едноставно префрлување на средства на Вашиот пријател со сметка во Банката, само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик;

•             Побарај пари од пријател (преку листата на телефонски контакти);

•             Увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити;

•             Едноставен начин на плаќање режиски трошоци и трансфер на средства кон сите физички и правни лица;

•             Плаќања во странство;

•             Курсна листа и договарање на курс;

•             Можност за менувачница (конверзија на средства од една во друга валута);

•             Можност за експорт во PDF на налози и промет од сметка во период;

•             Едноставна и брза постапка за авторизација на нов мобилен уред;

•             Лоцирање на најблиските банкомати и експозитури.

Сè поголем е бројот на физички лица кои користат картички од брендот Mastercard® и Visa® издадени од УНИ Банка. Која е причината за тоа?

Како основен продукт преку кој имаат пристап до своите средства, со порастот на бројката на клиенти расте и бројката на издадени картички. Покрај, електронското и мобилното банкарство како канали за плаќање, со картичките на УНИ Банка се вршат плаќања на продажни места во земјата и странство, како и плаќања на интернет, кои исто така забележуваат пораст.

Во УНИ Банка АД Скопје секој клиент е почитуван и важен. Секогаш имаме време да разговараме за потребите на нашите клиенти и тоа создава доверба и взаемна почит.

Сигурноста на интернет плаќањата, широката малопродажна мрежа за плаќање во трговски објекти, како и бројните попусти овозможени кај нашите соработници се силен поттик за користење на Mastercard® и Visa® картичките на УНИ Банка. Со нив плаќањата се сигурни, а клиентите воедно добиваат бројни поволности.

УНИ Банка меѓу првите воведе бесконтактна технологија за плаќање со Mastercard® и Visa®  картички. Бесконтактната технологија овозможува реализирање на плаќања без внесување на ПИН до определени износи, на сите продажни места во земјата или странство каде POS терминалот има ознака за бесконтактно плаќање и притоа ги прави плаќањата едноставни, брзи и удобни за клиентот. Значајна придобивка е и тоа што на POS терминалите на УНИ Банка е овозможено плаќање на рати, со што на клиентите им овозможуваме подобро управување со својот буџет.

Дигитализацијата е процес кој треба да се имплементира во целото општество. Освен за компаниите и финансиските институции, треба да се направи значителен напор и за дигитализација на услугите од државните институции, со што би се добила компактна дигитална средина на целото општество, од која најголема корист би имале самите граѓани за нивно посигурно и побрзо обезбедување на нивните потреби, како и институционалното опслужување на компаниите. Само така можеме да постигнеме развој на економијата, зголемување на конкурентноста, зголемена ефикасност и оптимизација на трошоците.

Зошто еден млад човек треба да има Mastercard® издадена од УНИ Банка АД Скопје?

Младите луѓе во своето динамично секојдневие многу рано се соочуваат со потребата за извршување на најразлични плаќања и соодветно имаат потреба од едноставни и брзи начини за користење на својот буџет. За таа цел овозможивме бесплатна Mastercard® дебитна картичка за млади заедно со бесплатна бесконтактна стикер картичка со кои младите може да плаќаат насекаде. Особено практична примена има стикер картичката која се лепи на мобилен телефон, приближувате и плаќате без да носите паричник. Едноставно, корисно, функционално! Со понудата на картичка за млади, како и сметката за млади со бројни поволности, УНИ Банка кај младите ја поттикнува и помага нивната финансиска независност, а со тоа тие учат да донесуваат информирани одлуки, разбирајќи дека парите се ресурс кој бара внимателно ракување.

Безбедноста во платните системи е императив за Банката. Што правите на ова поле?

Прашањето за безбедност и сигурност во платните системи, заштитата на приватните информации, безбедно онлајн банкарство, се работи на кои УНИ Банка АД Скопје посветува огромно внимание, со цел да обезбеди максимална заштита.

Обезбедуваме сајбер – безбедност, применуваме функционални мерки за заштита на нашите корисници, а истовремено сме секогаш достапни за најдобрите совети и практики со цел онлајн заштитата да биде на највисоко ниво.

Истовремено вложуваме во подобрување на финансиската писменост, едукација и зајакнување на клиентите за да можат да носат информирани одлуки и да ја превземат контролата во свои раце.

За крај би истакнал дека дигитализацијата е процес кој треба да се имплементира во целото општество. Освен за компаниите и финансиските институции, треба да се направи значителен напор и за дигитализација на услугите од државните институции, со што би се добила компактна дигитална средина на целото општество, од која најголема корист би имале самите граѓани за нивно посигурно и побрзо обезбедување на нивните потреби, како и институционалното опслужување на компаниите. Само така можеме да постигнеме развој на економијата, зголемување на конкурентноста, зголемена ефикасност и оптимизација на трошоците.

Истовремено е важно да имаме и стабилни, сигурни и доверливи банки, кои го следат пулсот на компаниите и економијата и кои и во иднина ќе креираат иновативни дигитални банкарски продукти  со основна цел успешен раст и развој на компаниите. За УНИ Банка АД Скопје успехот се мери по степенот на задоволство на своите корисници и тоа ќе остане така и во иднина. Дигитализацијата, сигурноста на сервисите, вештачката интелигенција, зелените проекти, ЕСГ сегментот, раст на учеството на мобилните плаќања се работи кои се дел од нашата долгорочна стратегија и на нив ќе бидеме посветени и во иднина.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци