Connect with us

македонија

Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата

Како работеа котираните компании во првиот квартал од 2021

објавено

на

Иако вкупната добивка на сите котирани друштва што поднеле финансиски извештај е речиси двојно поголема од лани, нивниот вкупен приход од продажба е  дури и помал, односно изнесува 524,3 милиони евра, наспроти 536,8 милиони евра лани во истиот период. Сепак, вкупната загуба на сите котирани друштва е прилично намалена, односно од 11,4 милиони евра лани, на 3,9 милиони евра годинава, додека вкупната добивка е зголемена од 40,7 милиони евра на без малку 60 милиони евра. Кога ќе се погледнат поединечно резултатите, разликата во вкупните нето износи на резултатите меѓу двете години што изнесува речиси 27 милиони евра.

Речиси двојно поголема нето добивка покажале вкупно сите котирани компании на Македонската берза во првите три месеци годинава, покажува анализата направена врз основа на финансиските извештаи објавени во системот СеиНет на Македонска берза.

Нешто над 56 милиони евра е вкупната нето добивка на 90 котирани компании што доставиле извештај за работењето до Берза во првиот квартал од 2021, за разлика од 29,4 милиони евра лани истиот период, што е за 91% повеќе. Од котираните компании, 64 оствариле добивка, 26 загуба, четири друштва се’ уште не ги објавиле резултатите до моментот на затворање на овој текст, а 3 друштва се долгорочно суспендирани од котација.

Минатата година, кога во месец март почнаа да се чувствуваат позначително ефектите од пандемијата, односно полицискиот час и локдаунот што почна во државава, 57 компании оствариле добивка, 36 работеле со загуба, а 3 не објавиле резултати.

Бројките покажуваат, дека сепак годинава, иако вкупната добивка на сите котирани друштва што поднеле финансиски извештај е речиси двојно поголема од лани, нивниот вкупен приход од продажба е  дури и помал, односно изнесува 524,3 милиони евра, наспроти 536,8 милиони евра лани во истиот период. Сепак, вкупната загуба на сите котирани друштва е прилично намалена, односно од 11,4 милиони евра лани, на 3,9 милиони евра годинава, додека вкупната добивка е зголемена од 40,7 милиони евра на без малку 60 милиони евра.

Осумте котирани банки, иако со вкупните приходи учествуваат со само 15,3% во приходите на сите стотина котирани компании, од вкупно 56 милиони евра нето добивка, 44% или речиси 25 милиони евра се нивни.

Кога ќе се погледнат поединечно резултатите, разликата во вкупните нето износи на резултатите меѓу двете години што изнесува речиси 27 милиони евра, најмногу се должи на следново:

-ЗК Пелагонија од Битола, лани за првите три месеци покажал загуба од 533,8 илјади евра, додека годинава пријавил добивка од 4,2 милиони евра. Причината е што оваа година комбинатот имал во делот на останати оперативни приходи забележано прилив од 6,3 милиони евра, што е 13 пати повеќе во однос на првиот квартал во 2020. Оваа голема сума е поради продажба на удел вреден 6,2 милиони евра.

-Комерцијална банка има прикажано добивка за првиот квартал од речиси шест милиони евра, што е за 2,5 милиони евра повеќе во однос на лани или за  66%. Банката има помали нето приходи од камата за 5,7% или за 570 илјади евра, а нешто повисоки расходи, но во ставката останати приходи (капитална добивка од продажба на преземен имот, н.з. ) има забележано околу три милиони евра, што е повеќе за 32% во однос на лани. Оваа година Комерцијална во првиот квартал има и помали расходи на име исправка на вредност на финансиските средства, и тоа за 25% или за сума од 1,54 милиони евра помалку. Сето ова е причината за поголемата добивка за 2,5 милиони евра оваа година во првиот квартал.

-Либерти АД Скопје, ладната валалница или поранешен АрцелорМитал ЦРМ, минатата година  во првиот квартал има загуба од 1,54 милиони евра, а годинава нето добивка од 2,11 милиони евра.  Годинава компанијата имала оперативна добивка од речиси 2,5 милиони евра, за разлика од лани кога имала оперативна загуба од 1,1 милиони евра.

-Македонски Телеком има за речиси 50% поголема добивка годинава, или во вредност за 2,5 милиони евра повеќе. Компанијата има приходи од продажба  во првиот квартал за 2,6% поголеми, а расходи за 3% поголеми, што значи дека оперативната добивка и изнесува 8,5 милиони евра, или за 35% повеќе. Исто така и ставката финансиски приходи е за 141% поголема, и изнесува околу 212 илјади евра.

-Мермерен комбинат Прилеп има за дури 320% поголема добивка во однос на истиот период лани, односно 1,4 милиони евра, за разлика од 336 илјади евра лани. Вкупните приходи од продажба на комбинатот се речиси 3,5 милиони евра, или за 137% повеќе.

-Рафинеријата ОКТА од Скопје, лани имала загуба од речиси 5 милиони евра за првиот квартал, додека годинава има добивка од речиси 2,5 милиони евра. Вкупните приходи на компанијата се опаднати за 12,6%, односно продажните количини за 10% помалку, но од друга страна, како што објаснуваат од компанијата во образложението на финансискиот резултат, бруто маржата бележи нагорен тренд, достигнувајќи 4,65 милиони евра, што претставува целосно закрепнување од негативните 2,16 милиони евра минатата година. Ова се должи на растот на меѓународните цени на горивото што довело до позитивен ефект од залихите.

Осумте котирани банки со 44% од целата нето добивка на сите 97 котирани друштва

Банките, традиционално се најпрофитабилниот сектор меѓу сите бизнис гранки што се претставени од 97-те котирани компании. Вкупно  осумте котирани банки што доставуваат финансиски извештај до Берзата во првиот квартал имаат вкупен нето финансиски резултат добивка од 24,6 милиони евра, што е за 17,5% подобро од лани. Овој резултат претставува 44% од вкупната нето добивка од 56 милиони евра што ја имаат остварено сите котирани компании заедно.

Најголема добивка има Стопанска  банка од 8,3 милиони евра, иако за 6,7% помалку од лани, пред НЛБ Банка со 8,1 милион евра и 19,3% повеќе од лани и Комерцијална банка со 6 милиони евра, што е 65% повеќе од лани истиот период.

Во образложението на Стопанска банка се вели дека „како банка со најголема капитална основа и со најголемо кредитно портфолио во земјата, планот е да се движи во линија на порастот на пазарот, со очекување да го зголеми пазарното учество во корпоративниот сектор, да го задржи водечкото пазарно учество во секторот на население, со понуда на услови и на цени што се во согласност со конкуренцијата, притоа почитувајќи ги принципите за прудентно работење во својата кредитна политика.“

Од Комерцијална банка очекуваат реализацијата на макроекономските проекции да биде  придружена со ризици кои се поврзани со долготрајноста и последиците на здравствената криза, интензитетот на ефектите врз економијата и резултатите од економските мерки за нејзино ублажување, како и ризиците поврзани со евроинтеграциските процеси и задржувањето на политичката стабилност во земјата.

„Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, при што и во следниот период ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.“ велат во коментарот на својот финансиски биланс од Комерцијална банка.

Во секторот индустрија, од каде што има најмногу котирани компании, 41, вкупниот нето резултат во првиот квартал е 9,3 милиони евра, што е за 5,4 пати повеќе од истиот период лани. Ова се должи на фактот што лани во вкупниот биланс на индустриските компании, загубата на Либерти Скопје од 1,5 милиони евра (а оваа година добивка од над два милиони евра), потоа на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово со 700 илјади евра (оваа година помала загуба, од 166 илјади евра) влечеа доста надолу во нето резултатот, како и загуби на некои други фирми што годинава се ублажени или имаат остварено добивки.

Сектори кои се пак најпогодени, ако се гледа според остварениот нето финансиски резултат, се секако угостителството и туризмот, каде што имаме три големи хотелски компании што котираат, како и градежништвото, каде што поради мораториумите за градба во некои општини, стагнирањето на дел од капиталните инвестиции, губењето на странските пазари за некои компании порано присутни надвор од Македонија, резултатот е вкупна нето загуба за секторот.

Најголема добивка меѓу индустриските компании во првиот квартал има Цементарница Усје од Скопје, од околу 3 милиони евра, што е пад за 5% во однос на лани, пред Либерти Скопје и Мермерен комбинат коишто имаат по околу 1,5 милиони евра добивка. Добивка од над еден милион евра има и челичарницата Макстил, односно 1,15 милиони евра.

Во секторот фармација, којшто во анализите на Македонска берза се посматра одвоено од секторот индустрија, иако има само две котирани компании нивната вкупна добивка во првиот квартал изнесува 6,9 милиони евра, што е за 23% повеќе во однос на лани. Оваа сума е 74% од вкупната нето добивка на сите 40 котирани друштва во секторот преработувачка индустрија.
Поголемата компанија, Алкалоид, има добивка од 5,6 милиони евра или за 10% повеќе од лани, додека Реплек работел со добивка од 1,25 милиони евра или за 154% подобро од лани.

Последици од рестрикција: хотел со 7 илјади евра приход за три месеци

Во секторот услуги –  каде што припаѓаат компании од доста различни специјалности, како Македонски Телеком во областа на телекомуникациските услуги, ГТЦ Скопје од областа на недвижностите, Транскоп Битола од транспортните услуги, Фершпед од шпедицијата, итн. – вкупниот нето резултат за првиот квартал е 8,3 милиони евра, што е за 57% подобро од истиот период лани. Подобриот резултат годинава „го влечат“ поголемите добивки пред се’ на Македонски Телеком, за 49%, на 7,6 милиони евра, Фершпед, за 28%, односно на 306 илјади евра , потоа  на ГТЦ АД Скопје кој лани имал 350 илјади евра загуба, а годинава 162 илјади евра добивка, итн. Карактеристично е што всушност само нето добивката на Македонски Телеком зафаќа 91% од вкупната нето добивка на целиот сектор услуги, каде што се наоѓаат 17 компании.

Сектор кој годинава во првиот квартал поминал подобро од лани, дефинитивно е трговијата со нафтени деривати, каде што влегуваат двете, всушност најголеми котирани компании според остварен приход, ОКТА и Макпетрол, со 70 милиони евра и 64 милиони евра респективно. Заради повисоките цени на горивата од почетокот на оваа година во споредба со лани, овие две компании имаат остварено повисока продажна цена на дериватите, и следствено, поголеми добивки. Па така, ОКТА има нето добивка од 2,34 милиони евра во првиот квартал, за разлика од загубата од речиси пет милиони евра лани, додека Макпетрол има добивка од 605 илјади евра, што е за речиси 5% подобро од лани.

Сектори кои се пак најпогодени, ако се гледа според остварениот нето финансиски резултат, се секако угостителството и туризмот, каде што имаме три големи хотелски компании, како и градежништвото, каде што поради мораториумите за градба во некои општини, стагнирањето на дел од капиталните инвестиции, губењето на странските пазари за некои компании порано присутни надвор од Македонија, резултатот е вкупна нето загуба за секторот. Во делот угостителство, трите големи играчи што котираат на Берза, Македонијатурист, Хотели Метропол Охрид и Интернешнл Хотелс имаат вкупна нето загуба од околу 608 илјади евра, што е помала од лани, кога изнесувала над 700 илјади евра.

Сепак, и годинава поради мерките на ограничување, отсуството на гости од странство и сл., неорганизирањето семинари, свадби и други настани, овие три компании практично и да не работеа, што се гледа според остварените приходи: само 162 илјади евра за Македонијатурист, што е за речиси 70% помалку од лани, 63 илјади евра за Хотели Метропол Охрид или за 52% помалку од лани, како и симболични 7100 евра за Интернешнл Хотелс (Хотел Континентал во Скопје) што е за цели 95% помалку од лани. Треба да истакнеме дека минатата година, во првите два месеци се’ уште не беше почната паниката поради пандемијата, па хотелските компании имаа нормално работење, што се отсликува и преку приходите во тој период.

Continue Reading
македонија6 дена ago

Бајден ги стави на црна листа противниците на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор

македонија4 дена ago

„Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

регион23 часа ago

Крајот на ерата “Пеевски“

економија2 дена ago

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот

македонија6 дена ago

Туристичките бизниси ќе може да добијат „Знак за безбеден туризам“ од ССК

економија7 дена ago

Ангелоска Бежоска: Двојни предизвици – поддршка на економиите и ненарушување на рамнотежата

економија4 дена ago

Развојна банка го продолжува грејс – периодот и рокот на отплата на кредитите од Ковид – 2 линијата

економија3 дена ago

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

банки3 дена ago

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава

интервју3 дена ago

Стево Пендаровски: Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството