Connect with us

македонија

„Гранд Скопје“: која е предноста на купување стан во новиот комплекс во центарот на градот

објавено

на

Изборот на нов дом индиректно влијае на обликувањето на животната патека по која секој од нас чекори. Поседувањето  сопствен дом му обезбедува на семејството чувство на стабилност, сигурност и припадност. Токму затоа одлуката за избор на нов дом треба внимателно да биде донесена и притоа  треба да бидат земени предвид сите аспекти кои можат да ви обезбедат удобен и квалитетен живот.

Потрагата по нов дом треба да биде темелна, а изборот базиран на добро проверени факти. Во прилог ви претставуваме важни информации кои ќе ви помогнат да одлучите зошто изборот на дом ориентиран кон јужната страна претставува вистински чекор за вас.

Живеењето на јужната страна во центарот на Скопје овозможува неверојатен поглед

Од тоа како ќе ви започне утрото во голема мера зависи и каков ќе ви биде остатокот од денот, токму затоа погледот со кој ќе се будите треба да биде еден од главните приоритети при изборот на вашиот иден дом. Една од најважните придобивки што ги овозможува домувањето на јужната страна во Скопје е живописниот поглед кон  еден од најубавите предели на главниот град, планината Водно и Милениумскиот крст. Овој поглед максимално е искористен при проектирањето на „Гранд ривер“, објектот кој се гради спроти хотелот „Холидеј ин“ во рамки на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“. Се работи за современ објект кој е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, и целосно искористување на погледот и природната светлина. Можноста наутро да се разбудите во станбените единици кои поседуваат пространи тераси со стаклени огради има потенцијал да го унапреди квалитетот на вашето живеење, токму поради достапноста на природната сончева светлина и опцијата да се ужива во допирот на сончевите зраци и неповторливиот поглед.

Домовите лоцирани на јужната страна овозможуваат заштеда на топлинска и електрична енергија

Заштедата на топлинска и електрична енергија е една од клучните економски придобивки кои ги овозможува животот на јужната страна, особено во време кога нивната цена е во постојан пораст. Објектите кои се изградени со високи стандарди на енергетска ефикасност, како „Гранд ривер“, со термо изолирана фасада и ниско енергетско стакло, овозможуваат заштеда на топлинска и електрична енергија и минимално влијание на животната средина. Заштедата на топлинска енергија е најизразена во најстудениот период во годината, од декември до февруари, кога трошоците за догревање на просторот би биле значително намалени. Кога долгорочно ќе се земе предвид заштедата на топлинска и електрична енергија, становите лоцирани на јужната страна дефинитивно претставуваат исплатлива инвестиција.

Природната сончева светлина има позитивно влијание на здравјето

Докажано е дека природната сончева светлина  е извор на позитивна енергија и расположение и фактор кој позитивно влијае на физичкото и менталното здравје. Придобивките од природната сончева светлина се потврдени со многубројни истражувања, кои покажале дека таа директно е поврзана со расположението, бидејќи го стимулира лачењето на хормонот на среќа серотонин, кој, пак, кога се лачи во поголеми количества се поврзува со доброто расположение и чувства на задоволство и смиреност. Сончевата светлина ги мотивира луѓето и позитивно влијае дури и на нивната концентрација и апетит. Домовите кои се наоѓаат на јужната страна и имаат пространи дворови или тераси овозможуваат нивните жители  во поголем дел од денот да бидат изложени на витаминот Д3, кој е единствениот Д витамин што телото може да го произведува благодарение на сончевата светлина и кој значително го подобрува имунитетот на луѓето.

Природната сончева светлина освен што носи бројни здравствени придобивки има силно влијание на перцепцијата на просторот, односно прави тој да изгледа визуелно поголем и поширок.

Домот ориентиран на јужната страна обезбедува можност да одгледувате голем број растенија

Љубителите на растенија дефинитивно ќе уживаат доколку нивниот дом се наоѓа на јужната страна. Поголемиот дел на растенија кои се одгледуваат во домовите бараат сончева светлина и токму затоа достапноста на сончевите зраци ќе овозможи да одгледувате широк спектар на растенија во својот дом кои ќе донесат свежина, ведрина и позитивни вибрации. За растенијата во домот, исто така, е потврдено дека го намалуваат нивото на стрес, ја зголемуваат вашата продуктивност и го подобруваат квалитетот на воздухот.

Сите овие факти јасно говорат зошто токму станбените единици на јужната страна во „Гранд ривер“ треба да бидат вашиот избор на нов дом каде што ќе ги нижете идните моменти на среќа.

Доколку  сте заинтересирани за домување по највисоки стандарди на јужната страна во „Гранд ривер“ може да добиете персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактирате тимот за продажба на телефонските броеви: 070 233 055 и 070 355 351 и на и-мејл: info@grandskopje.mk.

Комерцијален ПР текст

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност