Connect with us

технологии / компании

Граѓаните за шест месеци направиле шопинг на интернет од над 100 милиони евра

Пандемијата ѝ направи услуга на електронската трговија

објавено

на

Пандемијата со коронавирусот и рестриктивните мерки како што беше полицискиот час очигледно ги промениле навиките на македонските граѓани, па наместо во продавниците голем дел од нив правеле набавки онлајн. Статистичките податоци на Народната банка покажуваат дека во првата половина од годината, за четвртина е зголемен прометот преку интернет. Вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство од почетокот на годината до јуни, изнесува 104,5 милиони евра, што во споредба во првите шест месеци од 2019 година кога се реализирале 84,1 милиони евра претставува пораст за 24,3%. Зголемен е и бројот на на реализирани трансакции во текот првите шест месеци од 2020 година, кога се направени вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година што претставува пораст од 36%.

Пандемијата со коронавирусот и рестриктивните мерки како што беше полицискиот час очигледно ги промениле навиките на македонските граѓани, па наместо во продавниците голем дел од нив правеле набавки онлајн.

Имателите на домашни платежни картички (платежни картички издадени од македонски банки), значајно го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите во првото полугодие на 2020 кон е-продавници кои функционираат во земјава. Во првата половина од 2020 година отворени се 54 повеќе е-продавници во земјава одошто во  цела 2019 година

Статистичките податоци на Народната банка покажуваат дека во првата половина од годината, за четвртина е зголемен прометот преку интернет.

Вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство од почетокот на годината до јуни, изнесува 104,5 милиони евра, што во споредба во првите шест месеци од 2019 година кога се реализирале 84,1 милиони евра претставува пораст за 24,3%.

Зголемен е и бројот на на реализирани трансакции во текот првите шест месеци од 2020 година, кога се направени вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година што претставува пораст од 36%.

Податоците на Народната банка покажуваат и дека се зголемува износот на трансакции кои се реализирани онлајн кон домашни е-трговци.

Евидентно е дека граѓаните во текот на првите шест месеци од 2020 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а тоа може да се заклучи од растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите со домашни картички, особено кон домашни е-продавници. Голем дел од онлајн трансакциите кои во претходниот период се одлевале од државата, кон странски земји во текот на првите три месеци, а особено во месец март се пренасочени кон домашни е-продавници.

Благодарение на растот на онлајн понудата од страна на домашните компании, износот на трансакции кон домашните е-продавници пораснал во однос на странските е-продавници. Конкретно, 70,6% од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се реализирале во земјава, додека само 29,4% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство, што претставува нагорен тренд во однос на минатата година, кога вредноста на трансакциите кои се реализирани во земјава со платежни картички издадени во Македонија изнесувал 59,4% од вкупната вредност на трансакциите.

Имателите на домашни платежни картички (платежни картички издадени од македонски банки), значајно го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите во првото полугодие на 2020 кон е-продавници кои функционираат во земјава.

Бројот на онлајн трансакции реализирани од страна на физички лица во првото полугодие годинава, во корист на виртуелни места на продажба во Македонија бележи пораст од 122,6% во однос на истиот период претходната година. Конкретно, годинава реализирани се вкупно 2.564.005 трансакции, за разлика од претходната година кога биле реализирани 1.151.741 трансакции.

Ако се анализира вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава, исто така се забележува двојно зголемување односно, од потрошени 32,5 милиони евра лани на сума од  69,4 милиони евра од македонски купувачи кон македонски компании кои продаваат онлајн.

Во Македонија заклучно со јуни годинава, активни се 1.223 онлајн продавници.

Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги. 

За период од шест месеци во текот на 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 203 новоотворени. Овој тренд е особено изразен во вториот квартал во екот на пандемијата додека на сила беше целосен локдаун на општеството. Тогаш се отвориле дури 145 е-продавници, што значи секој ден по две нови.

Едукација и зголемување на понудата

Експертите коментираат дека со години наназад бесконтактните трансакции прават значајна разлика во начинот преку кој милион луѓе плаќаат а пандемијата дополнително влијаела на заинтересираноста на овој начин на плаќање во многу земји насекаде низ светот.

„Верувам дека тоа не е актуелен тренд, туку дека веќе станува секојдневна навика за плаќање. Е-трговијата претставува голем потенцијал за компаниите, а посебно за малите и средните. На глобално ниво согледуваме дека денешната економија е всушност дигитална, луѓето сѐ повеќе купуваат онлајн или нарачуваат услуги користејќи го само мобилниот телефон, од било кое место. Е-трговијата забрзано се развива во целиот регион, а коронавирусот послужи како дополнителен двигател за запознавање со овој начин на купување, дури и кај оној дел од популацијата кој преферира да купува на лице место“, вели Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа.

„Купувачите, прилагодувајќи се на препорачаните мерки, набавуваа дури и основни намирници преку интернет и се уверија дека од удобноста на својот дом можат да пристапат кон широкиот спектар на роба и услуги. Сметам дека трендот на раст на онлајн купувањето ќе се одржи и дека во иднина можеме да очекуваме генерално придвижување кон е-трговијата“, додава Ѓорѓевиќ и вели дека денес, за да може некое претпријатие непречено да работи во сите околности, потребно е да биде дигитално.

Според Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за електронска трговија, едни од поголемите предизвици на кои мора да се работи за да се одржи трендот на рапиден пораст на онлајн купувањето и продавањето, се едукацијата на крајните потрошувачи и зголемувањето на квалитетна и атрактивна понуда, која ќе ги примами луѓето да купат онлајн, наместо да одат во продавница.

„Едукацијата е директно зависна со понудата, па така, ако нема добра понуда, крајниот потрошувач нема доволен мотив да се едуцира во ова поле и да направи оналјн нарачка. Е-трговците треба сериозно и посветено да работат на развојот на е-трговијата како продажен канал, каде секогаш во чекор пред другите, ќе ги следат најновите технологии и трендови и ќе се адаптираат на истите, бидејќи е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за бизнис раст и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација“, вели Стојкоски.

Тој истакна дека лани Советот на Народната банка донесе одлука со која се овозможува резидентите коишто не се овластени банки, да отвораат и да имаат сметки во странство и тие сметки да ги користат за комерцијални цели, односно за купување и/или продавање стоки и услуги по електронски пат.

„Со оваа одлука, влезот на PayPal во Република Северна Македонија е во согласност со локалниот закон и набрзо можеме да очекуваме дека и македонските граѓани ќе ја имаат можноста во целост да ги добијат привилегиите кои ги нуди PayPal. Тоа директно ќе помогне на е-трговијата, на зголемувањето на понудата, а особено ќе биде од помош за е-трговците кои производите/услугите сакаат да ги продаваат на странски пазар“, потенцира Стојкоски.

Глобален раст на електронската трговија

Е-трговијата во Европа се очекува да достигне 717 милијарди евра на крајот на 2020 година. Ова би значело зголемување од 12,7% во однос на состојбата минатата година.

Пандемијата предизвикана од Ковид – 19 предизвика зголемување на шопингот преку интернет низ цела Европа. Но, според Ecommerce Europe, целосното влијание на вирусот ќе биде видливо следната година.

Извештајот Europe 2020: Ecommerce Region покажува дека Западна Европа е сè уште најразвиениот пазар за е-трговија во Европа. Овој регион опфаќа 70% од вкупната вредност на е-трговијата во Европа. Западна Европа исто така има најголем удел на купувачи преку Интернет (83%).

Сепак, најголем раст има во источниот дел на Европа. Пазарите за е-трговија во Романија и Бугарија минатата година се зголемија за 30%, што е најголем број на раст во цела Европа. Сепак, овие се двете држави со најмал удел на купувачи преку Интернет (31% и 29%).

Шпанија исто така покажува убав развој на пазарот со пораст од 29% минатата година. Најнизок раст има во Белгија (7%), Ирска (7%), Австрија (4%) и Исланд (3%).

Извештајот исто така покажува дека Велика Британија има најголем удел на купувачи преку Интернет (94%). Други земји на оваа листа се Данска (86%), Германија, Холандија и Шведска (сите нив – 84%).

Ecommerce Region извештајот исто така ја анализира популарноста на националните и странските онлајн продавници меѓу купувачите. Во Холандија, потрошувачите навистина претпочитаат купување од домашни веб-страници (95%), тренд што е забележителен и во Полска (94%). Во малите земји на Малта и Кипар, купувачите преку Интернет претежно (96 и 95%) купуваат на странски веб-страници за е-трговија.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг5 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг5 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија5 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет6 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!