Connect with us

економија

Граѓаните очекуваат раст на цените на краток рок

Инфлацијата во октомври 3,5% на годишно ниво, на месечно ниво најмногу поевтинила храната

објавено

на

Според граѓаните инфлациските очекувања остануваат подигнати на краток рок, односно до крајот на оваа година, покажува анкетата што ја направи Finance Think. Една третина од испитаниците, како главна причина за очекувано зголемување на цените на краток рок го наведуваат однесувањето на трговците.

Трошоците на животот во Македонија пораснале за 3,5% во однос на истиот месец лани, според податоците на Државниот завод за статистика, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,4%. За една година најмногу поскапеле мебелот, покуќнината  и редовното одржување во домаќинствата, за 10,3%, потоа рекреацијата и културата за 8,1%, алкохолни пијалаци и  тутун за 7,1%, ресторани и хотели за 6,9%, комуналиите за 5,3%, здравствената заштита за 5%, облеката и обувките за 4,3%. Храната според државната статистика поскапела најмалку, за 1%.

Во споредба пак со претходниот месец, септември, во октомври трошоците за живот се намалиле за 1,5%, а цените на мало за 0,6%.

Храната поевтинила најмногу во октомври во споредба со септември, за 4%. Кај прехранбените производи, намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млекото за 10.1 %, јајцата за 9.0 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8.6 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6.4 %, свежото и разладеното овошје за 5.2 %, пивото за 4.3 %, сирењето и урдата за 4.1 %, месото за 3.4 %, лебот и житата за 3.3 % и маслото и маснотиите за 0.9 %.

Најголем број граѓани очекуваат цените да растат, но со посмирено темпо

Според граѓаните, пак, инфлациските очекувања остануваат подигнати на краток рок, односно до крајот на оваа година, покажува анкетата што ја направи Finance Think. Целта на анкетата е да даде индикативен приказ за очекувањата на граѓаните за движењето на цените на краток и среден рок, вклучително и перцепција за изворите на таквите очекувања.

На прашањето што граѓаните очекуваат да се случува со цените до крајот на 2023 година, 41% одговориле дека очекуваат цените да растат, но со посмирено темпо, додека една третина одговорија дека очекуваат да растат со забрзано темпо (Графикон 1).

Една третина од испитаниците, како главна причина за очекувано зголемување на цените на краток рок го наведуваат однесувањето на трговците (33.2%) (Графикон 2). Сепак, потезите на Владата за управување со ценовниот притисок, или нивното отсуство, е високо-рангирана главна причина. Имено, 17.2% од испитаниците одговориле дека очекувањето за повисоки цени им се должи на тоа што Владата неодамна го покачи ДДВ-то за група производи; 15.5% одговориле дека освен замрзнувањето на цените, Владата не прави ништо друго за да ги заузда поскапувањата, додека 13% очекувањето за раст на цените го темелат на фактот дека цените вообичаено ќе скокнат кога ќе престане замрзнувањето на цените.                                                                      

Според овие наоди, замрзнувањето на цените на клучни производи од прехранбената и сврзаната потрошувачка, без да биде познат датумот за негово завршување, е клучно за смирување на инфлациските очекувања.

Од граѓаните кои очекуваат слични или пониски цени до крајот на оваа година, чиј број е значајно помал, најчеста причина за ваквото очекување го истакнале постојното и очекувано забавување на економијата (Графикон 3). Сепак, исто така важна причина за формирање на ваквото очекување е фактот што пикот (највисоката точка) на инфлацијата помина во октомври 2022, поради што граѓаните сметаат дека е логично таа да продолжи по патеката на стабилизација.

Владата и трговците најодговорни за инфлацијата, според граѓаните

Земено севкупно, граѓаните сметаат дека Владата и трговците се најодговорни за растот на цените годинава (Графикон 4), што е во линија со погорниот наод дека потезите на трговците и на Владата ги формираат очекувањата на граѓаните за понатамошен раст на цените до крајот на оваа година (Графикон 2). Овој наод укажува и на тоа дека почетниот импулс врз цените, кој скоро во целост беше зададен од избувнувањето на Руско-Украинскиот конфликт од почетокот на 2022 година, во голема мера е исцрпен до втората половина од 2023 година, и изворите на инфлацијата, во значаен дел, се префрлени на домашен терен.

Оттука, неопходно е Владата да избегне потези на фискалната политика, како неодамнешното зголемување на стапката на ДДВ за одредени производи, кои ги зајакнуваат наместо да ги смируваат инфлациските очекувања, без оглед што се проценува дека порастот на ДДВ-то за одредени производи беше наткомпензиран од намалувањето на цените преку замрзнувањето во склоп на проектот „Гарантирана цена“.

На крајот од анкетата, граѓаните се произнесоа и во поглед на нивните очекувања за цените во среднорочна перспектива, односно за периодот 2024-2025 година. Половина од граѓаните очекуваат дека цените ќе продолжат да растат забрзано, над 3-4% годишно во оваа временска рамка, додека една третина сметаат дека ќе продолжат да растат во нормални рамки од 1-3% годишно (Графикон 5). Сепак, незанемарлив дел од граѓаните, 9.2%, одговориле дека очекуваат цените да се намалуваат, но дека нема да ги достигнат преткризните нивоа.

Според тоа, инфлациските очекувања започнуваат да се вкотвуваат на среден рок. Централната банка неминовно ќе треба да ги одржи каматните стапки релативно високо во подолг временски период од она што иницијално се чинеше.

Анкетата е спроведена преку интернет, на хетероген примерок од 334 испитаници, во периодот 16 – 25 октомври 2023 од страна на Finance Think. Анкетата е од индикативен карактер.                                                                                                                                

економија17 часа ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија7 дена ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија7 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија7 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија7 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија7 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%