Connect with us

македонија

Групацијата НИКОБ оваа сезона како генерален спонзор на Македонскиот шампион во Одбојка, ОК Струмица – Никоб

објавено

на

Одбојкарскиот клуб, ОК Струмица Никоб е гордоста на Струмица и на Македонија и ќе направиме се што е во рамките на нашите можности како генерални спонзори да му помогнеме на клубот да ги има сите услови за да може да се натпреварува на елитното натпреварување во Европската Лига на Шампионите, изјави сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил Лазаров

Денеска имавме чест да потпишеме Меморандум за соработка и договор за спонзорство со најтрофејниот македонски клуб во Одбојка, ОК Струмица – Никоб.

Одбојкарскиот клуб, ОК Струмица Никоб е гордоста на Струмица и на Македонија и ќе направиме се што е во рамките на нашите можности како генерални спонзори да му помогнеме на клубот да ги има сите услови за да може да се натпреварува на елитното натпреварување во Европската Лига на Шампионите, изјави сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил Лазаров

Во моментов го заокруживме процесот на обезбедување на врвна опрема и квалитетни дресови, тренерки и друг вид на опрема според стандардите кои ги бара европската лига на шампионите, понатаму го помогнавме клубот да биде домаќин на врвен меѓународен турнир во Струмица во кој клубот го заврши со многу добар скор и практично тоа беше еден показател во каква форма се играчите.

Она на што сум најмногу горд се засилувањата оваа сезона која заедно со клубот ги обезбедивме, така што сме спремни македонската и клупската одбојка да ја преставиме во најдобро светло во Европа.

Денес го потпишавме меморандумот за соработка и договорот за спонзорство и го промовиравме домашниот и гостинскиот клубски дрес кој е одраз на стандардите кои ги наметнува Европската одбојкарска федерација.

Одбојката е спорт кој во Европа и Светот станува се попопуларен, а ние како општествено одговорна компанија сакаме овој спорт да биде пример дека е навистина репрезентативен и потребен за секој млад човек кој сака да се развива во здрава и стабилна личност. Ќе продолжиме да го подржуваме спортот како компанија, бидејќи сметаме дека спортот е оној кој обединува и ги неутрализира сите негативности кои знае општеството да ги обремени младите луѓе, резимира првиот човек на НИКОБ, Кирил Лазаров.

Претседателот на ОК Струмица Никоб, Владо Милев, кој е клупски играч и Македонски репрезентативец  се заблагодари до сопственикот на НИКОБ за посветеноста, но и за храброста да инвестира во спортот и во одбојката во целина. Одбојката е прекрасен спорт кој во Европа е циклусно популарен, но во Светот овој Олимписки спорт е навистина ценет и респектиран посебно кај младата популација.

Со Никоб како спонзори немаме да имаме предизивици и се надеваме на добар резултат во Европа, но и во нашето првенство. Потребен е стабилен спонзор кој ќе ни помага. Имаме неколку врвни одбојкарски имиња со кои се засиливме оваа сезона. Тоа се русите Александар Злобин, Максим Михаилов, Алексеј Лободин, колумбиецот Јоан Јараба и Канаѓанецот со Македонски корени  Деан Глобочки.

Сите доаѓаат од врвни клубови со одличен скор позади себе. На турниот во Струмица, по повод 75 години клубска историја на ОК Струмица, игравме со Раднички Крагуевац од Србија, ОК Црна Гора и ОК Крајова од Романија. Остваривме втор резултат и прокниживме две победи. Тоа ни даде слика во каква кондиција е клубот.

На 20 Септември почнуваме со првиот натпревар во Лигата на шампионите на Европа во Холандија и играме со Холандскиот шампион Драисма Динамо од Апелдоорн. Се надеваме на победа и ги повикуваме сите наши кои живеат во Холандија и во Европа и да дојдат и да ни дадат поддршка која многу ќе ни значи.

ПР текст

македонија14 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност