Connect with us

економија

Групација Триглав – Добро работење под влијание на тешки околности

објавено

на

Во првите три месеци од оваа година, Групацијата Триглав оствари 31,8 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за 21% повеќе во споредба со првиот квартал од 2020 година и 6% повеќе во споредба со првиот квартал од 2019 година (истиот квартал пред пандемијата со Ковид 19).

Групацијата Триглав останува фокусирана на поставените стратешки ориентации, вклучувајќи профитабилно и сигурно работење и ја зема предвид комплексноста на деловното опкружување со нејасни последици од пандемијата на Ковид 19 врз економијата и состојбата на пазарите на капитал. Во првиот квартал на 2021 година, пресмета 7% повисока консолидирана бруто полисирана премија од осигурување (371,7 милиони евра), споредено со истиот период минатата година и оствари раст на премија на повеќето пазари. Во доменот на управување со средствата на клиентите во инвестициските фондови и преку индивидуално управување, го зголеми обемот на средства за 13 проценти (на 1.307,7 милиони евра) споредено со крајот на 2020 година. Добивката пред оданочување за овој квартал изнесува 31,8 милиони евра и е за 21 процент повисока во споредба со истиот период минатата година и за 6 проценти поголема отколку во годината пред пандемијата со Ковид 19 (прв квартал од 2019 година). Имајќи ги во вид предвидените деловни услови, Групацијата проценува дека ќе оствари годишен профит во планираниот опсег до крајот на годината.

Профитабилно работење. Во првите три месеци од оваа година, Групацијата Триглав оствари 31,8 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за 21% повеќе во споредба со првиот квартал од 2020 година и 6% повеќе во споредба со првиот квартал од 2019 година (истиот квартал пред пандемијата со Ковид 19). На постигнатиот резултат поволно влијаеа зголемениот обем на полисирана премија и помалку изразените загуби, додека условите за каматните стапки се сè уште неповолни, што придонесува кон намалување на приходите од камати и формирање дополнителни технички резерви поради постојните и очекуваните деловни услови. Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Добро ја започнавме 2021 година, имајќи ги предвид очекуваните деловни услови, проценуваме дека ќе оствариме годишен профит во планираниот опсег до крајот на годината. Во нашата работа, ги земаме предвид сеуште високото ниво на несигурност во деловното опкружување, нејасните последици од пандемијата на Ковид 19 врз економијата и неповолните услови на ниски каматни стапки“.

Осигурително-технички дел од работењето. Со дисциплинирана претпоставка на ризикот во осигурување, Групацијата Триглав оствари 7% раст на консолидираната бруто премија во споредба со истиот период минатата година, односно вкупно 371,7 милиони евра. Постигна раст на речиси сите пазари, во Словенија тој изнесуваше 5 проценти и беше повисок од растот на пазарот, додека надвор од Словенија изнесуваше 11 проценти. Премиите се зголемија во сите три сегменти на осигурување, односно 9% во сегментот на осигурување на имот и по 1% во сегментите на здравствено, животно и пензиско осигурување. Евентуално поставените отштетни барања во првите три месеци од годината беа помалку изразени. Групацијата пресмета 171,3 милиони евра бруто од отштетните барања или 4% помалку, што исто така може да се припише на фактот дека, за разлика од минатата година, првите три месеци од оваа година поминаа без поголеми масовни отштетни барања. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав оствари поволна вредност од 87,9 проценти, со подобрување на односот на побарувањата и на трошоците. На крајот на март, 2021 година, Групацијата формираше 3.142,0 милиони евра технички резерви, што е за 4% повеќе отколку на крајот на 2020 година.

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав Андреј Слапар појасни: „Од почетокот на пандемијата, забележавме помала фреквенција на штети кај некои осигурувања, што е резултат на намалената економска активност поради деловните ограничувања, како и ограничувањата на движењето на осигурениците. Очекуваме дека до крајот на годината ќе исплатиме повисоки износи на осигурување на осигурениците во согласност со системските решенија од областа на здравството и ќе ја зајакнеме вредноста на услугите за нашите клиенти во некои други области на осигурување. За оваа цел, формиравме соодветни дополнителни резерви, што се одразува на кварталните резултати “.

Инвестициско портфолио и средства на клиенти под управување. Состојбата на финансиските пазари и оваа година влијае на приходите на обемното портфолио на инвестиции на Групацијата од 3,5 милијарди евра, а со тоа и на износот на технички резерви. Оваа година немаше значителни промени во инвестициите и составот на портфолиото на Групацијата.

На крајот на март, Групацијата управуваше со 1.307,7 милиони евра средства од клиенти во инвестициски фондови и преку индивидуално управување преку компанијата Триглав Склади. Во споредба со крајот на 2020 година, обемот е зголемен за 13 проценти, што е резултат на нето-приливите и условите на пазарите на капитал. Со удел на пазарот од 32,9 проценти, Триглав е еден од водечките управувачи на средства во инвестициски фондови во Словенија.

Управување со трошоците. Вкупните консолидирани бруто оперативни трошоци се зголемија за 5% на 75,8 милиони евра како резултат на зголемување на одредени трошоци, поврзани со осигурителни активности, претежно трошоците за стекнување осигурување. Учеството на оперативните трошоци во доменот на осигурување во бруто полисираната осигурителна премија изнесува поволни 18,4 проценти, што е на ниво на истиот период минатата година.

Групацијата Триглав на македонскиот пазар
Во првиот квартал од 2021 година, во пролонгирани услови на пандемија, Групацијата Триглав работеше на збогатување на својата понуда и подобрување на корисничкото искуство на клиентите со производите и услугите на трите компании од групацијата на македонскиот осигурителен пазар.

Во областа на животното и неживотното осигурување, обезбеди вкупна бруто полисирана премија од 4,9 милиони евра и пазарен удел од 11,4%, што е за 1 процентен поен помалку во споредба со истиот период минатата година.

Триглав Осигурување продолжува да гради финансиски стабилна компанија, во чиј фокус е пред сѐ интересот на клиентите. Потребите и задоволството на клиентите како приоритет беа потврдени во рамките на истражувањето на задоволството на клиентите од доброволното здравствено осигурување, бидејќи резултатите покажаа дека самите клиенти го препорачуваат овој сегмент на осигурување што го нуди Триглав. „Од исклучителна важност за нас е постојано да го подобруваме искуството на клиентите со компаниите од Групацијата Триглав на нашиот пазар, затоа во овој период сме фокусирани на развој на соработки, услуги и производи, кои што имаат за цел подобрување на задоволството на клиентите во сите сегменти на осигурување, кои како групација ги нудиме, вклучувајќи имотни, здравствени, животтни и пензиски осигурувања. Внимателно ги следиме и применуваме насоките на стратегијата, за да ги постигнеме поставените цели, фокусирајќи се на потребите на клиентите, на кои сакаме да им понудиме високо квалитетни, консолидирани услуги “,во оваа пригода изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот во првиот квартал од 2021 година оствари 80% повисока премија во споредба со истиот период минатата година, со што значително го зголеми својот удел на пазарот на животно осигурување за 3,7 процентни поени. Во изминатиот квартал, компанијата ги постави темелите на уште еден успешен продажен канал – банкарскиот, кој што станува сè поважен во деловната стратегија. Заклучно со првиот квартал од 2021 година, Триглав пензиското друштво ги зголеми средствата со кои што управува за 4,9 милиони евра, додека сметководствената единица забележа раст за 1,9%. Во првиот квартал од 2021 година, компанијата ги прими своите први членови на доброволниот пензиски фонд.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

start up11 часа ago

Македонски средношколци креираа решенија за зелена технологија – Стартап Македонија домаќин на натпреварот

македонија1 ден ago

Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија  имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не’ обединува

економија1 ден ago

Diners Club Македонија добива ексклузивни франшизни права за 4 нови пазари

банки1 ден ago

3,5% каматна стапка – повеќе за Вас со депозитите од УНИБанка

свет1 ден ago

Спречен обид за државен удар во Германија, уапсени 25 десничарски ектремисти

економија1 ден ago

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

lifestyle2 дена ago

Кога времето го мери Omega, стрелките неизбежно креираат безвременска поезија

интервју2 дена ago

“Неопасен отпад што може безбедно да се преработи како суровина може да се увезува”, вели Анастас Маженковски од Царинската управа

економија2 дена ago

Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција од 720 илјади евра

регион3 дена ago

Во Македонија во училишта, во Хрватска во судови и шопинг молови: бран од дојави за поставени бомби ја потресува јавноста

регион1 недела ago

Тендерски повик за EU4Green

свет1 недела ago

Скапо ви е месото? Јадете штурци. Ланец супермаркети во В. Британија би понудил инсекти како евтин оброк

македонија1 недела ago

In Memoriam: Почина неврохирургот д-р Јовица Угриновски

македонија1 недела ago

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023

економија6 дена ago

Владата најави привремен данок на екстра профит за фирмите

економија1 недела ago

Ковачевски: Нема да се воведе прогресивно оданочување

економија3 дена ago

Рекордни 193 милиони евра за земјоделството во 2023

економија1 недела ago

НЛБ го враќа лизингот во понудата, Lease&Go доаѓа на македонскиот пазар

регион6 дена ago

Хрватска ИТ компанија е меѓу трите најдобри во Европа што излегле на берза лани

економија1 недела ago

Здружување на силите: А1 Македонија и Триглав нудат осигурување на домот со А1 Combo