Connect with us

свет

Г7 земјите се договорија: ќе има плафон на цената на руската нафта

објавено

на

ruska nafta

Плафонот на цената на нафтата сè уште не е поставен, но треба да стане појасно во наредните недели, изјавија повеќе извори за Ројтерс.

Земјите од Г7 (најмоќните економии во светот) и Австралија се договорија да одредат фиксна цена за руската нафта, пренесува Ројтерс повикувајќи се на свои извори. Претставниците на САД и Г7 во последните недели водеа интензивни разговори за планот за ограничување на цената на руската нафта, кој треба да стапи на сила на 5 декември.

Г-7 на тој начин сака да обезбеди санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да ја ограничат Москва да го финансира нападот врз Украина, да не го „задушат“ глобалниот пазар на нафта.

Плафонот на цената на нафтата сè уште не е поставен, но треба да стане појасно во наредните недели, изјавија повеќе извори за Ројтерс. Партнерите од Г7 се согласија редовно да ја разгледуваат фиксната цена и да ја ревидираат по потреба, рече изворот, без да открие повеќе детали.

Коалицијата сметаше дека флуктуирачката цена на нафтата поставена под нивото на меѓународниот Брент бенчмарк би му овозможила на рускиот претседател Владимир Путин да го манипулира механизмот преку намалување на понудата, велат изворите за Ројтерс. Путин би профитирал од системот на флуктуирачки цени затоа што цената на нафтата од неговата земја исто така би пораснала доколку Брент скокне како последица на намалените испораки од Русија, еден од најголемите светски производители на нафта. Маната на овој договорен систем на фиксирана цена е што ќе бара повеќе состаноци на Г7 групата и повеќе бирократија за да се ревидира цената на редовно ниво.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен и други официјални претставници на Г7 тврдат дека ограничувањето на цените, кое треба да започне на 5 декември за суровата нафта и на 5 февруари за нафтените деривати, ќе го загрозат  финансирањето на Русија без да се  намали понудата за потрошувачите. Русија соопшти дека ќе одбие да испорачува нафта до земјите кои поставуваат ограничувања на цените.

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација