економија
Дали криптото е излез од актуелните турбуленции што го нарушија угледот на традиционалните банки?
Биткоин порасна за преку 80% од почетокот на 2023

Што е причината за ваквиот раст на биткоин периодов? Делумно, можеби затоа што трговците очекуваат претседателот на американските Федерални резерви Џером Пауел да го забави растот на каматните стапки поради банкарската криза, што пак ќе ги направи биткоинот и другите ризични средства попривлечни за инвестирање. Други ја туркаат приказната за биткоин како безбедно засолниште. Со сегашната финансиска несигурност, средствата како биткоин и злато остануваат безбеден облог кога (сè уште) јасно се наѕира рецесијата.
Биткоин се тргуваше за преку 30.000 долари во вторникот, во моментот на пишување на овој текст. Тоа беше пораст од преку 8% за само една недела, а последен пат најголемата криптовалута според пазарна капитализација била на ова ниво на 10 јуни минатата година, пред десет месеци.
Етереум, втората по големина криптовалута, се тргуваше за преку 1900 долари, што беше раст за речиси 5% за само 24 часа.
Биткоин постигна најголем раст меѓу најголемите 20 криптовалути во светот.
Криптовалутата имаше вредност од околу 16.600 долари на почетокот од годината, што беше пад од речиси 75% во однос на максималната цена од 64.400 долари достигната во ноември 2021 година. Но, во првите три месеци од годинава биткоин почна да расте силно, и во моментов е за повеќе од 80% над вредноста на први јануари 2023, и покрај навидум бескрајните регулаторни пречки за крипто-индустријата и „алергијата“ на инвеститорите на ризични средства.
Што е причината за ваквиот раст на биткоин периодов? Делумно, можеби затоа што трговците очекуваат претседателот на американските Федерални резерви Џером Пауел да го забави растот на каматните стапки поради банкарската криза, што пак ќе ги направи биткоинот и другите „ризични“ средства попривлечни за инвестирање. Други ја туркаат приказната за биткоин како безбедно засолниште. Со сегашната финансиска несигурност, средствата како биткоин и злато остануваат безбеден облог кога (сè уште) јасно се наѕира рецесијата.

TradFi зима?
Кризата во банкарскиот сектор предизвика низа реакции кои сигнализираат исцрпена доверба во централизираните банкарски власти и Федералните резерви на САД. Како што постои т.н. ‘крипто зима’, така постои и може да се случи ‘TradFi зима’. Дали биткоин и остатокот од крипто-пазарот можат да се издигнат среде обесхрабрувачките потези на регулаторите?
Традиционалната финансиска (TradFi) индустрија неодамна се соочи со предизвици, вклучително и зголемена регулатива, конкуренција од финтек компании и менување на преференциите на потрошувачите.
Една од најголемите грижи на индустријата е можноста за „ненадејна“ финансиска криза слична на глобалниот крах во 2008 година. Банкарските институции и Фед имаа тешка задача да ја вратат довербата по Големата рецесија.
Овие грижи се засилени со пандемијата, која ги откри недостатоците во финансискиот систем и ја зголеми веројатноста за финансиски дебакл.
Еден од најзначајните ризици со кои се соочува индустријата TradFi е можноста за т.н. bank run или банкарско стампедо во слободен превод.
Ваков bank run се случува кога многу штедачи ги повлекуваат своите средства одеднаш, што предизвикува банката да остане без готовина и потенцијално да колабира. Различни фактори, вклучително и гласини за финансиска нестабилност, загриженоста за безбедноста на депозитите и промените во владините политики, може да предизвикаат банкарски стампеда.
Зголемен ризик
Ризикот од bank run се зголеми во последниве години поради неколку фактори. Еден од нив е зголемената меѓусебна поврзаност на глобалниот финансиски систем. Банките сега се меѓусебно поврзани повеќе од кога било, а сложените финансиски инструменти ги поврзуваат во мрежа од финансиски обврски.
Ова значи дека ако една банка пропадне, може да предизвика каскада низ целиот систем.
Друг фактор што го зголеми ризикот од банкарски стампеда е растот на банкарството во сенка (shadow banking). Банкарството во сенка се однесува на обезбедување на банкарски услуги надвор од традиционалните банкарски канали, на пример преку хеџ фондови, парични фондови и други небанкарски финансиски институции.
Банкарството во сенка е често помалку регулирано од традиционалното банкарство и може да биде поранливо на финансиски шокови.
Пандемијата дополнително го зголеми ризикот од bank run со откривање на слабости во финансискиот систем. Многу влади воведоа ограничувања на движењето и други мерки кои сериозно влијаеја на економијата за време на пандемијата. Ова доведе до остар пад на економската активност, што ја намали вредноста на многу финансиски средства.

Придобивки на децентрализираните финансии
Падот на вредноста на средствата врши притисок врз банките и другите финансиски институции, зголемувајќи го ризикот од пропаѓање на банките. Покрај тоа, пандемијата доведе до зголемување на невработеноста, што ја намали способноста на потрошувачите да ги отплатат своите долгови.
Во последно време, имателите на банкарски сметки од сите големини сега се справуваат со нов ризик по големиот колапс на Банката на Силиконската долина (SVB) во САД каде што интервенираа Фед и владата.
Ова изврши дополнителен притисок врз финансискиот систем и го зголеми ризикот од економска нестабилност. Традиционално, финансиската индустрија останува високо регулирана и централизирана, при што банките и другите институции дејствуваат како посредници помеѓу клиентите и финансиските пазари. Сепак, во последниве години децентрализираните финансии (DeFi) станаа сè попопуларна услуга со блокчејн технологија и криптовалути. DeFi е изграден на децентрализирана инфраструктура која овозможува peer-to-peer трансакции без посредници.
Иако DeFi донесе неколку придобивки, како што се зголемена транспарентност, пристапност и намалени трошоци, тој е исто така поврзан со ризици како што се нестабилност на цените, измами и хакерски напади.
Банкарство со ниска доверба
Поранешниот директор за технологија на Coinbase Балаџи Шринивасан твитна извештај од истражувачката група на њујоршката Alliance Bernstein. Овде, Шринивасан подигна „црвено знаменце“ околу банките, прозивајќи ја индустријата.
„TradFi презема некои од најлошите аспекти на Defi. Јас тоа го нарекувам TradFi зима“, напиша тој.
Повлекувајќи неколку паралели, тој ги критикуваше регулаторите за неуспехот да ги предупредат клиентите за потенцијален неуспех на банката. Тој укажа и на нетранспарентното известување на банкарските институции.
„Пред да печатат пари, банките користеа сметководствени трикови за да се измамат себеси и другите да мислат дека имаат ликвидни средства за да ги подмират плаќањата“, објави тој.
До моментот кога вестите се емитуваат од реномирана прес-агенција, „често е предоцна“, додаде тој. Овие случаи доведоа до систематско губење на довербата во западното банкарство, слично на губењето на довербата во западните медиуми.
Како заклучок, поранешниот директор во Coinbase го нарече сето ова банкарство со ниска доверба, што води кон општество со ниска доверба.

Дали биткоин може да помогне?
Крипто заедницата одамна ги разбра опасностите од хипербрзите банкарски стампеда кои можат исклучително брзо да се шират на социјалните мрежи. Федералните резерви се подготвена пријдат на помош и да обезбедат ликвидност на проблематичните банки, но тоа има своја цена. Затоа, штедачите имаат добра причина да бараат други опции, што ја минимизира финансиската сложеност.
Дали биткоин може да помогне овде? Оваа растечка класа на средства забележа огромни зголемувања на вредноста од своето основање. Биткоин и другите криптовалути имаат потенцијал да одговорат на некои од ризиците од другата страна со кои може да се соочат клиентите на банките. Една од предностите на биткоин е тоа што овозможува трансакции меѓу корисниците без потреба од доверлив посредник како што е банка контролирана од Фед.
Ова значи дека корисниците можат директно да вршат трансакции меѓу себе, што може да го намали ризикот од другата страна поврзан со традиционалните банкарски трансакции. Но, повторно, крипто како биткоин е сè уште ново лице во оваа игра.
„Едноставноста на криптото како дигитално средство ги решава непосредните ризици од другата страна со кои се соочуваат клиентите на банките, но клиентите бараат и стабилност на вредноста. Затоа, биткоин, како дигитално средство, можеби нема веднаш да им се допадне на корисниците кои гледаат стабилност во номинални американски долари“, се вели во извештајот на Alliance Bernstein.
Пречки за остварување на крипто потенцијалот
Биткоинот или воопшто крипто потенцијалот е огромен. Но, патот до достигнување на неговиот целосен потенцијал е полн со пречки. Регулаторите ширум светот презедоа итни чекори за да го отежнат усвојувањето на криптото. Во март, Белата куќа го прозва криптото дека нема основна вредност. Неодамна, владата на В. Британија презеде мерки за да го обесхрабри растот на криптото во земјата.
Крипто компаниите генерално подлежат на огромен број ограничувања и прописи кои се разликуваат во зависност од јуриздикцијата. Некои услови со кои може да се соочат крипто компаниите го вклучуваат следново:
Барања за лиценцирање – Во многу јуриздикции, крипто компаниите мора да добијат лиценца за да работат како испраќач на пари или како дигитална менувачница на средства.
Барања за спречување на перење пари (AML) и „Знајте ги вашите клиенти“ (KYC) – крипто компаниите мора да се усогласат со прописите за AML и KYC, вклучувајќи проверка на идентитетот, следење трансакции и известување за сомнителни активности.
Капитални барања – Некои јуриздикции може да бараат од крипто компаниите да одржуваат одредена сума на капитал за да работат.
Оданочување – Крипто компаниите може да подлежат на оданочување на нивната добивка и можеби ќе треба да ги пријават своите трансакции до даночните власти.
Барања за безбедност и приватност – крипто компаниите мора да ги заштитат податоците на корисниците и да спречат неовластен пристап до системот.
Непочитувањето на овие ограничувања и прописи може да резултира со парични казни или кривични пријави. Покрај тоа, некои крипто компании може да се соочат со дополнителни предизвици, како што се тешкотии при добивање банкарски услуги или замрзнување на сметки од финансиски институции поради перцепцијата на ризиците поврзани со индустријата.
Оптоварувањето со документи, исто така, може да биде значително, особено за бизнисите кои работат во повеќе јуриздикции или кои нудат широк опсег на услуги.