Connect with us

здравје

Дали новиот лек против ковид на Мерк може да донесе пресврт во пандемијата?

објавено

на

Лекот што американската фармацевтска компанија Мерк (Merck) го разви, наречен молнупиравир, се очекува да третира благи до средни форми на Ковид – 19 кај возрасни пациенти што имаат најголема шанса да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација, затоа што се на постара возраст или страдаат од хронични болести, како дијабетес, срцеви заболувања, итн.

Новата пилула  што третира Ковид – 19 се’ уште чека одобрение од федералната агенција за лекови и храна (ФДА) на САД и според многумина може да направи пресврт во ситуацијата со пандемијата, но експертите од сојузната американска држава Јута сметаат дека антивирусниот лек не е всушност лек и дека нема да ги замени целосно вакцините и останатите мерки на превенција, како носењето маски и сл.

Лекот што американската фармацевтска компанија Мерк (Merck) го разви, наречен молнупиравир, се очекува да третира благи до средни форми на Ковид – 19 кај возрасни пациенти што имаат најголема шанса да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација, затоа што се на постара возраст или страдаат од хронични болести, како дијабетес, срцеви заболувања, итн.

Молнупиравир го намалил ризикот од хоспитализација или смрт за околу 50%, според најновиот извештај на Мерк и компанијата Риџбек Биотерапеутикс (Ridgeback Biotherapeutics). Овие резултати се толку добри, според Мерк, што тестирањето било прекинато предвреме.

Дозата од 40 апчиња предвидена за 5 дена третман е полесна за аплицирање и поевтина (чини 700 долари)  од оние третмани за вирусот  што во моментов се одобрени од федералните власти, а коишто бараат инјектирање или инфузија.

„Молнупиравир има потенцијал да направи голема промена во начинот на коишто ги лекуваме пациентите“, вели др. Брендон Веб, специјалист инфектолог во Интермаунтин Хелткер (Intermountin Healthcare) болницата во Солт Лејк Сити, Јута, којашто е дел од најголемиот регионален здравствен систем.

Меѓутоа, др. Веб смета дека луѓето се’ уште треба да настојуваат да го избегнат вирусот, со тоа што ќе се вакцинираат или ќе ги следат веќе долго посочуваните мерки за превенција, како носењето маски и социјалната дистанца, но и избегнувањето на поголеми групни собирања.

Според Веб, вакцините пружаат многу поголемо ниво на заштита од хоспитализација или смрт отколку новиот лек на Мерк, којшто се очекува да биде дистрибуиран до сојузните држави преку федералната власт,  и како што вели докторот, да биде достапен само до една третина од пациентите што ќе испаднат позитивни на Ковид -19.

Хан Ким, професор по јавно здравје на Вестминстер колеџот во Солт Лејк Сити, вели дека е загрижен поради можноста молнупиравир да го дестимулира вакцинирањето. Во моментов, само околу 53% од сите жители на Јута се целосно вакцинирани.

„Се плашам дека луѓето премногу ќе се потпираат на овој нов медикамент како на ‘волшебен лек’, наместо на некои други ‘оружја од арсеналот’ коишто може да ги олеснат симптомите на Ковид-19 но не ветуваат крај на пандемијата “, вели Ким.

Координаторот за борба против коронавирусот при Белата Куќа, Џеф Зиентс, исто така вели дека вакцините се клучното оружје, а не третманите со лекови.

“Треба да запомниме дека вакцинацијата, останува засега најдобра алатка против Ковид – 19. Таа може да ве заштити од добивање на Ковид, а ние сакаме да ја спречиме инфекцијата, не само да ја третираме откако ќе се случи.“

Др. Ким пак вели дека развивањето нови лекови против Ковид-19 е многу важно, затоа што вирусот многу веројатно дека ќе стане ендемичен.

„Ова е вирус со кого што ќе мора да живееме уште долго време, затоа мислам дека лекот на Мерк е многу позитивен момент и секако, ни требаат повеќе вакви во иднина. Ни требаат повеќе лекови коишто ќе бидат поевтини и полесни за земање“., вели Ким.

Молнупиравир би бил првиот лек за третирање на коронавирусот во форма на пилула, одобрен од федералната влада. Останатите лекови, ремдесивир и моноклоналните антитела, се администрираат интравенозно. Ремдесивир е за пациенти што се веќе хоспитализирани, а моноклоналните антитела мора да се дадат во пораните фази на инфекцијата.

економија19 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија20 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?