менаџмент / маркетинг
Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Дали ги соборувате вашите рекорди?
На колку повици одговоривте денес?
Колку високо квалитетни договори закажавте за овој месец?
Колку нови зделки склучивте овој месец?
Овие прашања упорно ни се врежуваат во глава, и тоа со добра причина. Голем број професионалци за продажба, често се притиснати да достигнат норма или да се здобијат со одредено ниво на професионалност. Месечните продажби го насочуваат вниманието кон премијата и крајниот резултат, но тие исто така можат да нанесат повеќе штета отколку да донесат благодет, пишува Harvard Business Review.
Често ги слушаме продавачите како велат, „Резултатите не се остваруваат доволно брзо.“ На крајот од секоја месечна продажба, стресот и фрустрацијата се тие кои преовладуваат, а продавачите се обидуваат најдобро што можат да ја заокружат продажбата и да ги добијат очекуваните резултати.
Ако продажбата е, во еден дел, пренос на чувства, помислете на чувствата кои им ги пренесувате на вашите потенцијални клиенти. Стресот и вознемиреноста кои се јавуваат при желбата да се оствари што поголема продажба, ненамерно ставаат уште поголем притисок врз вашите клиенти и уште од стартот создаваат една нездрава врска.
Парадокс
Иронично е тоа што постојаната навалица за постигнување на добра продажба ве држи фокусирани на целта и го одвлекува вложувањето напор подалеку од усовршу-вањето на процесот на продажба кој е неопходен за создавање на бизнис.
Збрката која потоа произлегува од ова е „Премногу сум зафатен за да работам на моето усовршување. Морам да достигнам норма“.
Размислете за овој парадокс: Резултатот е процес. Со други зборови, што ако го пренасочите вниманието подалеку од вашата норма или крајниот резултат и го насочите кон процесот на усовршување?
Сепак, што е целта на јадењето пакување чоколаден сладолед: да се стигне до крајот или да се ужива во секој залак? А што е со целта што си ја поставуваме при режимите на вежбање? Ако тоа не ви е професионалност, целта е да се одржи здравјето, виталноста и поради лична сатисфакција.
Истото ова важи и за мерењето на продукти-вноста, одржувањето на мирен дух и чувството на исполнетост и достигнување на крајот од денот.
Сепак, вие не го правите резултатот; вие го извршувате процесот. Резултатот е природен нуспродукт на сопствените напори. Во тоа е парадоксот. Со искажувањето почит кон процесот, можете да уживате во предноста што ќе знаете дека со сигурност ќе ги постигнете вашите цели, затоа што процесот ќе ви даде сè што сакате. Замислете да треба да градите куќа без шематски план!
Водени од процесот, а не од резултатот
За да се постигнат подобри резултати, мора да го промените она што досега сте го правеле или да го промените начинот на размислување. За и понатаму да ги надминувате вашите цели за подобра продажба и подобро да си ја контролирате умствената состојба, променете го вашето мислење да стане водено од процесот, а не водено од резултатот.

Запрашајте се дали во моментот имате процеси- за продажба, потенцијални, за склучување зделка, управување со време, служба за клиентите- на кои можете да им верувате. Кога ќе го погледнете вашиот дневен распоред, дали тој ги нагласува специфичните задачи и активности во кои треба да се ангажирате за да ве движат кон вашата цел?
Исходот е дека продавачите кои се фо-кусираат само на крајниот резултат, немаат процес во кој имаат доверба. Како такви, тие се повеќе сконцентрирани на контролирањето на исходот; настојувајќи да го добијат она што го сакаат, а не обрнуваат внимание на процесот. Всушност, не можеш да му веруваш и управуваш со процесот, доколку воопшто немаш процес!
Обидот да се постигне што повеќе, без процес кој ќе ве води, е како да возиш со кола од Њујорк до Калифорнија без патна карта и со врзани очи. Не само што ова е стресно, туку со сигурност ќе залутате некаде подалеку од вашата предвидена дестинација.
Одвојте време за развој на вашиот процес за постигнување на секоја ваша замисла, со цел да имате јасна слика пред вас.
За почеток, направете преглед на вашите претходни успешни зделки. На пример, ако сакате да склучите одреден број зделки секој месец, кои секојдневни активности ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел? Кои вештини и средства треба да се подобрат? На пример, работете на подобрувањето на вашето пропратно писмо или e-mail, направете добар образец за апликација на идните клиенти и подобар пристап кон говорните пораки, и почесто праќајте повратни информации. Самото размислување и извршување на овие задачи, ви го насочува вниманието на процесот.
Познавање на сопствените граници
Кога еднаш ќе си ја одредите насоката и ќе создадете формула за успех по која ќе работите – X број на повици дава X број на потенцијални клиенти кои даваат X број на продажба – овозможете правењето, кое е во процесот, да биде наградата и задоволството, а не само крајниот резултат. Вака сами ќе бидете одговорни за вашите идни цели, без да се грижите за нив. Ако и понатаму ја продолжите потрагата фокусирани на целната линија, нема да уживате во патувањето. Затоа, внимавајте иднината да не ве фати на јадица и уживајте во процесот на постигнување цели денес.
Познавањето на сопствените граници, ви дава слобода да му верувате на процесот кој сте го усвоиле. Сепак, секогаш има недовршени работи. Секогаш има нешто да се доврши на работа, по дома, или во вашиот живот; уште еден повик кој треба да се направи или e-mail да се прочита.
Поминувањето на месечната норма на продажба ќе биде резултат на заедничките напори кои ги правите и секојдневните активности во кои се ангажирате. Кога сте свесни за процесот, имате можност да ги препознаете и да им се радувате на своите достигнувања- дури и на најмалите- подобро отколку да настојувате и да чекате да дојде „крај“. Но всушност, дали тој некогаш доаѓа?