регион
Дали сте успешен лидер?Научете како стратешки да се позиционирате и да го достигнете врвот на менаџментот

За да бидете успешен лидер кој е целосно подготвен да одговори на предизвиците на деловниот свет, треба да имате соодветно знаење и да бидете опкружени со вистинските луѓе.
Програмата МБА, која е водечки стандард за деловно образование ширум светот, е вистински забрзувач на кариерата и личниот развој. При изборот на МБА програма, важно е да бидете запознаени со темите на предавањата, a уште поважно е да знаете и кој ќе предава. Предавачите на COTRUGLI Business School се внимателно избрани светски експерти со богато академско и консултантско искуство, а нивниот широк спектар на интереси и пристапи му даваат на COTRUGLI единствена длабочина. Од таа причина, не пропуштајте ја можноста да ги запознаете!
Како дел од серијата предавања „ExpertCorner“, на 24. jуни во 15.00 часот не’ очекува новото предавање на тема лидерство „Leadership style: similarity vs. distinctiveness “. Предавањето ќе го води Кристијан Линдер, професор по стратегија и лидерство на ESCP Europe и гостин предавач на COTRUGLI бизнис школата. Повеќе информации за предавањето, како и линк за апликација, можете да најдете овде.
Развојот и позиционирањето на успешниот лидер бара сличности и разлики со другите луѓе. Сличноста и разбирањето со колегите, обично генерираат легитимитет, додека автентичноста гарантира дека лидерот е препознатлив и се издвојува од толпата. Професор Линдер подетално ќе објасни како овие два концепта можат да влијаат на кариерата на амбициозните лидери и како стратешки да се позиционирате кога планирате да го достигнете самиот врв на управување.
За предавачот:
Кристијан Линдер е експерт за стратегија и лидерство, меѓународен менаџмент, претприемништво и иновации, управување со човечки ресурси и организациско однесување. Како раководител на истражувањето на Институтот за истражување на вработувањето (IAB) на германската Федерална агенција за вработување, тој бил одговорен за неколку проекти поврзани со управувањето со промени и менаџмент. Кристијан држел предавања и спроведувал истражувања на повеќе меѓународни институции како што се CEIBS China Europe International Business School, Универзитет Атенео де Манила, Southwestern University of Finance and Economics (Ченгду, Кина) и Универзитет во Љубљана . Пред ангажманот во академските кругови, работел како ИТ консултант.
Зошто да изберете меѓународно акредитирана МБА програма?
COTRUGLI е една од 2% од деловните училишта во светот кои носат меѓународна акредитација AMBA (Association of MBAs), заедно со училиштата како што се INSEAD, IMD, HEC и ESCP. Признавањето од страна на АМБА им гарантира на учесниците глобално признавање и конкурентност на дипломата, највисок квалитет на предавачи, искуство и релевантност на учесниците, како и дополнителни активности кои поддржуваат вмрежување.
Нашите алумни се деловни луѓе од различни индустрии од цела Југоисточна Европа. Горди сме на фактот дека за 18 години постоење имаме над 20.000 задоволни клиенти кои поминале низ разни програми, како и над 2.300 алумни на програмата Е / МБА.
За сите кои сакаат да се запишат на МБА програмата, во тек се бенефициите за запишувањето каде можете да заштедите 40% на школарината за COTRUGLI E/MBA програмата.