Connect with us

економија

Данела Арсовска: Недостасуваат системски решенија за справување со последиците од ковид – кризата

објавено

на

Редакцијата на „Капитал“ деновиве побара став од повеќемина претставници на бизнис и банкарскиот сектор околу нивните оценки за годинава што изминува, прогнози и очекувања за 2021, како и за најголемите предизвици со коишто ќе се соочува домашната економија. Дел од изјавите објавивме во печатеното издание на Капитал/Менаџер што излезе на 25 декември, а овде, на веб порталот ги објавуваме во целост.

Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори


-Сега, откако може да се сумираат работите со целата ситуација на менаџирањето со ковид кризата и последиците по реалниот сектор, според вас што како држава можевме подобро да направиме за поддршка на бизнис секторот, а што воопшто не се направи оваа 2020 година?



Доброто корпоративно управување без разлика дали е во кризни услови, бара знаење и компетентност. За поддршка на приватниот сектор Македонија имаше еден од помалите пакети за економски спас, но уште поважна беше потребата од системско решавање на предизвиците, што доведе до тешкотии во имплементација на финансиските мерки за помош.

Надминувањето на овие состојби, може да се постигне со системски решенија, но и со именување на носители на јавни функции засновано врз принцип на меритократија. На тој начин, ќе постојат точно утврдени постапки кои ефикасно и ефективно ќе се спроведуваат, а во исто време оние кои имаат улога на одлучување во одредена институција, ќе знаат квалитетно да ги спроведуваат политиките потребни за надминување на тешкотиите.

Тоа што можеше да се направи е да се креира функционален систем во државата, кој ќе овозможи реализација на инклузивен и транспарентен начин, наместо постојната состојба на ад хок решенија во секој сегмент. Воспоставен систем ќе значи овозможување на следење на текот на сите постапки едновремено како и степенот на нивна реализација, постоење одговорност кај оние кои несоодветно или ненавремено ја извршуваат својата работа особено во делот на поддршката за приватниот сектор и граѓаните, отстранување на самоволно однесување и слободно толкување на прописите.

Сите недостатоци ќе се минимизираат доколку се стават во функција системски решенија, и тоа треба да е највисокиот приоритет на институциите со цел овозможување подобра иднина и економски просперитет за сите граѓани на национално ниво.



-Какви се вашите очекувања и прогнози за 2021 година? Можно ли е закрепнување во обем какво што Владата проектира? Кои ќе бидат најголемите предизвици за компаниите, особено членките на ССК што доаѓаат претежно од редот на мали и средни компании?



Македонската економија во трите квартали годинава бележи пад од 5,7 отсто предизвикано од пандемијата, која доведе до значително забавување и извесно дека ефектите од здравствено економската криза ќе се прелеат во 2021година.  Нашата мала и кревка економија во голема мера е зависна од трговијата и инвестициите од ЕУ. Стапките на невработеност повторно се зголемија и состојбите на пазарот на трудот се влошуваат, тоа дополнително ќе ги усложни состојбите, а без конкретни и добро таргетирани мерки следи повторно тежок период. Проекциите се дека годинава ќе ја завршиме со пад на БДП од 4,9%, додека за следната година доколку нема некои посериозни движења и системски решенија проекциите за раст се околу 4% имајќи ја предвид споредбата со нотираниот стрмен пад годинава.

Најголемите предизвици со кои претпријатијата во континуитет се соочуваат, се несигурноста и нестабилноста на условите за работа, како и немање утврдени протоколи за работа за најголемиот број на дејности, што доколку не се овозможи и понатаму ќе генерира продлабочување на јазот и нееднаквост на пазарот.

Дополнителен предизвик е нарушената ликвидност на претпријатијата, особено имајќи предвид дека најголемиот број од ентитетите имаат резерви за да пребродат криза не подолга од 30 дена, додека според последните глобални истражувања над 40 % од апликациите за финансирање поднесени од мали и средни претпријатија се соочуваат со одбивање.

Фактите потенцираат дека малите и средни претпријатија кои претставуваат 99,8 отсто од вкупниот број на претпријатија, креираат над 80% од работните места во приватниот сектор и се носители на националната економија. Затоа соодветно треба и да се размислува за нивна финансиска и нефинансиска поддршка, да им се овозможи да ја надминат кризата, за да може на национално ниво да се отпочне да се размислува за инвестиции во раст и развој, а не единствено на борба за опстанок и преживување.




-Кои ќе бидат клучните стратешки цели и правци на делување на ССК за
следната година?



Сојузот на стопански комори е гласот на економијата. Затоа и клучните стратешки цели на Сојузот на стопански комори на Македонија продолжуваат да се реализираат во насока на остварување на визијата на организацијата. Основно е артикулирање на потребите и предизвиците со кои се соочува приватниот сектор, како и да се понудат решенија базирани на факти, со цел да се изгради подобро деловно окружување во коешто секој ќе има еднаква шанса за успех и напредок. Посветени сме на тоа, секој кој делува на националниот пазар да му биде овозможено да работи во услови кои ги диктира самиот пазар, ослободен од влијанија и базиран на принципот на фер конкуренција.

Ќе продолжиме со интегритет да се залагаме за воспоставување на владеење на правото, законите да важат подеднакво за сите и да се применуваат неселективно, да се сузбие корупцијата на национално ниво, да се сузбие сивата економија која е во експанзија и да им се помогне во секој поглед на претприемачите и претпријатијата кои чесно и совесно работат и се борат за опстанок на пазарот дури и во услови на тешка криза.

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

lifestyle2 days ago

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро