Connect with us

македонија

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

објавено

на

FinTech компаниите насекаде во светот се промотори на најновите технолошки дигитални решенија, кои на клиентите им нудат подобрено корисничкото искуство. Кај нас, Иуте Kредит е компанија која има имплементирано најсовремени алатки кои ja прават прв избор не само во сегментот на кредитирањето, туку и во е-трговијата. Kомпанијата искуството го црпи од една од дигитално најнапредните земји во Европа, Естонија, како дел од групацијата Иуте со седиште во Талин. За е-трговијата како современ начин на купување и импементацијата на алатки за брзо, едноставно и сигурно плаќање зборуваме со Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит.

Деновиве се одржа годишната конференција за е-трговија во организација на АЕТМ. Она што е евидентно е дека од година во година имаме раст на онлајн трговијата, како по обем, така и по бројот на е-продавници. Дали тоа значи дека и Македонија го фаќа чекорот со развиените земји каде овој начин на трговија е во постојан подем?

Последните податоци од Народна банка за остварениот онлајн промет покажуваат дека се движиме кон прифаќање на онлајн купувањето како навика и дел од нашето секојдневие.

Наглиот раст на онлајн купувањето се случи принудно за време на ковид периодот, кога граѓаните беа принудени да купуваат онлајн но паралелно ги увидоа безбедносните аспекти и останати придобивки од овој начин на купување.

Последните податоци кои се однесуваат за првото полугодие од годинава покажуваат дека бројот на трансакции кои што македонците ги направиле кон домашните е-трговци надминува 6,6 милиони, што претставува пораст од 14% во однос на истиот период минатата година. Но кога ќе споредиме со трендовите во светот, ние сме далеку од просекот во западните земји.

Што добиваат компаниите доколку се интегрираат со Иуте е-продавницата?

Компаниите добиваат дополнителен канал за продажба, достапност на нивната понуда до нашата клиентска база која веќе брои 25 000 клиенти и располагање со средствата од продажбата истиот ден, за многу поволни услови и без никаков ризик.

Интеграцијата со е-трговецот се спроведува преку едноставна API – скрипта и PLUG-ин за платформите Word Press, Presta Shop и Open Cart. Ова решение може да го имплементираат сите е-трговци кои имаат активни веб страници на кои продаваат одредени производи или услуги онлајн. Спроведувањето на решението е брз и едноставен процес, а нашиот технички тим стои на располагање за какви било консултации при поставувањето на солуцијата за плаќање. 

Успешноста на овој модел и довербата која нѝ ја укажаа партнерите и бизнисите е потврдена со фактот дека нашата партнерска мрежа секојдневно расте, достигнувајќи бројка од 650 продажни места.

Напоменавте продажба на рати. Како тоа функционира, кои се трошоците и дилемите на кои често наидуваат купувачите кога користат можност за купување на рати?

Водејќи се според светските искуства и со цел да ги доближиме и до македонските купувачи, воведовме наједноставен и најсигурен начин за купување на рати Buy now, pay later, без скриени трошоци.

Притоа, партнерите можат да понудат една или повеќе опции за плаќање. На пример, Iute Smart 0% е начин на плаќање за кој купувачот нема никаков трошок. Доколку тој се одлучи  за производ кој чини 4.000 МКД на 4 рати, тогаш враќа 4×1.000 МКД. Првата рата е еден месец по одобрувњето.  

Доколку пак сака да отплаќа на подолг период со ниска месечна провизија и отплата до 36 рати, изборот е Iute Flexi.

Апликацијата MyIute очигледно постојано ја надградувате. На почетокот на годинава воведовте и систем за електронска идентификација за своите клиенти. Како функционира овој механизам и колку тој обезбедува поголема сигурност?

MyIute апликацијата претставува единствено и сеопфатно решение за сите услуги и производи кои ги нудиме, каде нашите клиенти на едно место можат да аплицираат за кредит, да аплицираат за паричен лимит, да направат верификација на идентитет преку GetID, да скенираат QR код во партнерската мрежа, дигитално да го потпишат договорот за кредит, како и да имаат целосен увид во сите свои кредити и останати детали (месечна рата, датум на доспевање, преостанат долг, преостанат паричен лимит итн.).

Со новиот систем за електронска идентификација, од една страна уште еднаш покажавме дека сме лидер во имплементирање на напредни дигитални решенија во светот на финансиските услуги, а од друга страна понудивме нов начин на безбедно дигитално користење на производите и услугите на Иуте Кредит.  Системот е воведен во соработка со компанијата GetID од Естонија, која е докажан партнер на бројни институции во процесот на електронската идентификација.

Ние секогаш ги едуцираме нашите клиенти за мерки кои лично треба да ги преземаат за заштита на нивните податоци, како на пример, да не споделуваат лични податоци на социјални мрежи, посебно не на лица кои воопшто не ги познаваат или на компании за кои не знаат дали физички постојат. Електронската идентификација која ја воведовме е дел од кругот во кој заштитата на лични податоци е обврска на секој од нас поединечно и императив за сите нас заедно.

технологии / компании8 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика8 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион8 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија8 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија8 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија8 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија8 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки8 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија8 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки8 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија