Connect with us

start up

Да, може да основате стартап, но не секој е спремен да биде претприемач

Вистини и заблуди за претприемништвото

објавено

на

Од перспектива на менталитет, неуспехот на многу стартапи, мали и средни компании произлегува од фактот што нивниот центар, каде што го живеат сопственото „зошто постоиме“, не е цврст, уште помалку јасен. Токму поради оваа причина не сите оние што преземаат претприемачки потфат се подготвени за тоа; во смисла на ресурси можеби и се, но во човечка смисла треба многу повеќе стомак за да се издржи сето тоа.

Entreperenur.com

Во светот на претприемништвото, имањето идеја е само првиот чекор да се започне долгиот пат што обично не е воопшто лесен. Многу често се верува дека имањето добар концепт во главата  и нешто заштеда во џебот се доволни за почнување бизнис; луѓето се „венчаваат“ со тој план и основаат стартапи со визија тие да станат мали, средни или големи компании еден ден. Меѓутоа, малку се зборува за човечкиот напор што е потребен и за личните работни алатки неопходни за издржување на тој пат.

Марта Ро, којашто работи како тренер за личен развој во Мексико, за Entrepreneur вели дека лично, како сопственик на компанија, сведочела на ентузијастичкиот полет на младите да бидат претприемачи, особено во актуелниов контекст на пандемијата во којшто бројот на загубени работни мести во нејзината земја во 2020 година достигнал до 650 илјади. Решението да се задоволат различните потреби на пазарот и алтернативата која значи подобри можности за развој во Мексико отсекогаш било претприемништвото, вели Ро, дури и пред појавата на Ковид – 19.

Но, ако изгледа така лесно, зошто не секој е спремен за претприемачки потфат? Во реалноста проблемот настанува од моментот на „зачнување“ на стартапот па се’ додека стане микро, мало, средно или големо претпријатие. Претприемачите, или оние што себеси се гледаат како такви, го почнуваат својот проект фокусирани на тоа што го прават, а не на зошто го прават тоа. Тие се убедени, смета Марта Ро, во успехот на својот продукт или услуга, но нивната мотивација речиси секогаш е надворешна: да се прошири нивната идеја и да биде препознаена; да се создаде повеќе приход; да не се зависи од шеф/газда и сл.

Тоа е во ред и е сосема нормално затоа што во земја во развој како што е Мексико, немаме автентична култура на лидерство што може да не’ води да работиме за задоволување на нечии други потреби. Ова многу често ги збунува претприемачите кога ја дефинираат целта на своите бизниси, нивното „Зошто?“ или „За што?“. Тие знаат што прават, но не и зошто го прават, што е основниот мајндсет кога се презема ризик и се почнува бизнис.

Трка на издржливост

Пред сè, се работи за една трка на издржливи при што треба да се развие специфичен менталитет за бизнис, и тоа не само стратешко размислување или неоснован позитивизам: потребен е мајндсет да знаете што треба да направите како човечко суштество во различни моменти и фази на бизнисот.

Од перспектива на менталитет, неуспехот на многу стартапи, мали и средни компании произлегува од фактот што нивниот центар, каде што го живеат сопственото „зошто постоиме“, не е цврст, уште помалку јасен. Токму поради оваа причина не сите оние што преземаат претприемачки потфат се подготвени за тоа; во смисла на ресурси можеби и се, но во човечка смисла треба многу повеќе стомак за да се издржи сето тоа.

Пред се’, се работи за една трка на издржливи при што треба да се развие специфичен менталитет за бизнис, и тоа не само стратешко размислување или неоснован позитивизам: потребен е мајндсет да знаете што треба да направите како човечко суштество во различни моменти и фази на бизнисот. Или, претприемачот треба да развие бизнис вештини и мајндсет пред да се одлучи на стартап авантура, односно да биде шеф на својата сопствена компанија.

Зошто има претприемачи што успеваат и оние што заостануваат, или пропаѓаат? Затоа што претприемништвото не е за секого. Многумина ја имаат можноста, но малкумина ја преземаат одговорноста да останат во колосек. Постојат неколку вообичаени грешки што ги прават луѓето избирајќи го претприемништвото како алтернатива за традиционалниот модел на работа, односно да работите за некој друг. Да разгледаме неколку од нив:

Како не треба да влегувате во претприемачки води

  • Почнувате бизнис од потребата да се избега од животниот шаблон. Претприемништвото не значи само бегање од шефот/газдата и шемата која ве принудува да почитувате агенди, хиерархии и процеси. Претприемништвото бара многу издржлив стомак, што се вели, затоа не секој е способен да издржи на тој пат. Покрај сето она што некој го знае или може, претприемништвото бара храброст, затоа што тоа е својствено за лидерите.
  • Верувате дека претприемништвото ќе ви даде слободно време. И ова е погрешно очекување. Реалноста е дека претприемачот ја има слободата да го менаџира своето време, но тоа не значи и имање на слободни моменти за себе. Претприемништвото, најчесто значи работење по 10-15 часови секој ден и покривање на различни позиции додека стартапот не го фати својот ритам.
  • Немате развиено мајндсет на издржливост. Од надвор, идејата да се биде сам свој газда, господар на своето време и своите приходи, изгледа многу привлечно. Меѓутоа, ова е ризична работа затоа што постои само фигурата на претприемачот додека не оформи свој тим. Ризична е затоа што ако се’ оди по планот, тогаш добро сте сработиле, но ако се’ отиде наопаку, исклучиво ваша грешка е дека не сте сториле нешто поинаку. Не секој е спремен да се соочува со ова секој ден, или да носи одлуки што можат да ги подобрат нештата или да доведат до банкрот, да се биде во константно движење, да се управува со конфликти, итн.
  • Не сте спремни да ја платите цената. Да се биде претприемач исто така значи и дека нема се’ да излегува како што сте замислиле и планирале. Мора да сте спремни да се справувате со неуспех, да прифатите одбивање. Секој што ќе се труди да работи на себе и ќе биде одговорен за сите моменти од животот, има поголеми шанси за успех. Секој што е спремен да го тренира и преиспитува својот ум и одлуки може да има натпросечен успех, не само на финансиско поле.
  • Го мешате значењето на тоа што значи да се биде шеф, а што значи лидер. Ако одеднаш сте се нашле во улога на шеф на вашиот стартап, тоа не значи дека сте лидер. Лидерот си го поставува прашањето зошто го работи тоа што го работи, каква промена сака да направи во светот и првенствено гледа каков бенефит може да има неговиот производ или услуга за другите луѓе. Бенефитот за другите е прв приоритет на лидерот, наместо неговата лична корист.

Неколку препораки

Ако одеднаш сте се нашле во улога на шеф на вашиот стартап, тоа не значи дека сте лидер. Лидерот си го поставува прашањето зошто го работи тоа што го работи, каква промена сака да направи во светот и првенствено гледа каков бенефит може да има неговиот производ или услуга за другите луѓе.

Следат неколку препораки пред влегување во светот на претприемништвото, без разлика за каков бизнис профил се работи:

  • Запрашајте се зошто сакате да почнете бизнис. Ако сте начисто со мотивот, секогаш ќе се отвори простор за начините како да го направите тоа.
  • Работете на сопствениот личен развој. Сите настани се неутрални, секоја личност одбира со каков став ќе се соочи со предизвиците на бизнисот, тоа е тренинг на менталитетот.
  • Изградете мускулатура на креативност. Да се биде креативен соочувајќи се со предизвиците ни овозможува да ги одвоиме од останатите можности; решение за многу проблеми е креативноста.
  • Обезбедете капитал во вредност на двегодишна потреба на бизнисот додека ја постигнете точката на стабилност за да ја преживеете статистиката која вели дека 75% од стартапите пропаѓаат пред својата втора година.
  • Практикувајте, односно живејте свесно лидерство како интерна пракса во вашата организација на бизнисот: активно слушање, тимска работа, служење на заедницата, итн.
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка