Connect with us

технологии / компании

Да објасниме зошто е битен Етериум, блокчејн платформата што „работи“ во позадина

Додека криптовалутата етер бележи рекорди во цената…

објавено

на

Етериумот, една од најголемите иновации на 21 век, со својата разновидност во примената, од трансакции за финансиски услуги, па се’ до дигитални записи во многу индустрии, се  етаблира  како една од најважните алатки во дигиталната трансформација. Меѓутоа, како што пишува TechRadar, Етериумот станува се’ побавен и поскап одошто беше на почетокот. Дали Етериумот е жртва на сопствениот успех и каква е иднината на оваа блокчејн платформа?

Етер, криптовалутата зад којашто стои блокчеин  технологијата наречена Етериум, деновиве  ја помина вредноста од 3.400 долари, со што достигна нов историски рекорд. Накусо потоа, втората најпопуларна криптовалута после биткоинот, се спушти до нешто над 3.200 долари, за во моментот на затворање на овој текст нејзината вредност да е околу 3.300 долари.

Оние што поседуваат Етер задоволно ги тријат рацете, додека аналитичарите се обидуваат да прогнозираат до каде може да оди неговата вредност и за колку време.

Барем еден крипто – експерт на планетава шпекулира дека цената на Етерот може да достигне и 5.000 долари во следните недела дена.

„Етерот е еден од главните добитници во пошироката експлозија што се случува на пазарот на криптовалути“, вели Најџел Грин, шеф и основач на deVere Group, глобална финансиска куќа со преку 10 милијарди во средства под управување. Грин објаснува дека изминативе месеци овој бум беше поткрепен од растечкиот интерес од главните институционални инвеститори на планетава, и се’ поголемото прифаќање на реалноста дека дигиталните валути се  иднина на платежните системи.

„Овој моментум уште повеќе ќе расте на кус рок и очекувам Етер да достигне 5.000 долари во следните седум дена“, предвидува Грин.

Платформата Етериум е лансирана во 2015 година од страна на Виталик Бутерин (на фотосот), канадски програмер со руско потекло, којшто тогаш имал само 21 година, и неговите соработници Чарлс Хоскинсон и Гевин Вуд. Етереумот е создаден на истиот концепт што стои зад неговиот „постар брат“ биткоинот. Ако главната предност на биткоинот како дигитално средство беше тврдењето на ентузијастите дека тој е одличен чувар на вредноста и за валута до извесна мера, мрежата на Етериумот од многумина е посматрана како моќен, open – sourcе, децентрализиран „’рбет” на коишто може да се потпрат многубројни примени.

Платформата Етериум е лансирана во 2015 година од страна на Виталиј Бутерин, канадски програмер со руско потекло, којшто тогаш имал само 21 година, и неговите соработници Чарлс Хоскинсон и Гевин Вуд. Етереумот е создаден на истиот концепт што стои зад неговиот „постар брат“ биткоинот. Ако главната предност на биткоинот како дигитално средство беше тврдењето на ентузијастите дека тој е одличен чувар на вредноста и за валута до извесна мера, мрежата на Етериумот од многумина е посматрана како моќен, open – sourcе, децентрализиран „’рбет” на коишто може да се потпрат многубројни примени.

Од најголемите приврзаници на етерот дури се пушта теоријата дека еден ден тој ќе ја надмине пазарната вредност на биткоинот, којшто е во моментов криптовалута бр. 1. Во моментов, пазарната капитализација на биткоинот изнесува преку 1.000 милијарди долари, а на етерот околу 390 милијарди долари.

Растот на етерот за една година е фантастични  16  -17 пати, а за четирите месеци од 2021 вредноста се качи речиси петкратно, од 750, на преку 3400 долари. Биткоинот за една година порасна  околу седум пати, а од почетокот на годинава повеќе од два пати.

Gas fee, или цената на горивото во Етериум светот се однесува на надоместот што е потребен за успешно да се изведе една трансакција или да се изврши договор на блокчејн платформата Етериум. Ценовно одредено преку мали делчиња од криптовалутата етериум, најчесто познати како гвеи (gwei), „горивото“ се користи за алоцирање на ресурсите на Етериум виртуелната машина (EVM), така што децентрализираните апликации, како на пример smart contracts можат да се извршат на безбеден, но децентрализиран начин. Точната цена на горивото е одредена од понудата и побарувачката помеѓу „копачите“ на мрежата, коишто можат и да одбијат да процесираат трансакција доколку цената на горивото оди над нивниот праг на толеранција, и од друга страна, корисниците на мрежата коишто имаат потреба од процесирачка моќ.

Етериум  – жртва на сопствениот успех?!

Да објасниме сега малку повеќе околу Етериумот, една од најголемите иновации на 21 век, како што вели и угледниот онлајн магазин за технологија, TechRadar. Неговата разновидност во примената, од трансакции за финансиски услуги, па се’ до дигитални записи во многу индустрии, го етаблираа Етериумот како една од најважните алатки во дигиталната трансформација. Меѓутоа, како што пишува Алан Веј од Aventus Technologies за TechRadar, Етериумот станува се’ побавен и поскап одошто беше на почетокот. Може да поминат часови додека една трансакција  се процесира преку мрежата, а и трошокот по трансакција (т.н. gas fee* – види рамка, н.з.) може да достигне и до 40 долари.  

Со растот на популарноста на т.н. NFT или non – fungible tokens**  (види рамка, н.з.), што би значело, дигитална „стока“ којашто постои само во виртуелниот свет, односно во случајов на Етериум блокчејн платформата, побарувачката за процесирачка моќ само ќе расте, со што  и цената на „горивото“ може да оди само нагоре, како и времетраењето на процесирање на една трансакција. Овој тренд го наметнува прашањето „дали бизнисите треба да го баталат Етериумот и да најдат алтернативен начин за процесирање на нивните трансакции?“  Никој  не негира дека Етериумот ја надмина својата антиципирана побарувачка, но тоа не значи дека не може да ги победи со своите перформанси останатите опции за корисниците. Да погледнеме од поблиску кои се главните проблеми со Етериумот, и зошто не треба да се откажеме од оваа платформа, како и начините како да биде побрз, скалабилен и најважно, економичен.

Проблемите со Етериумот

Една од најчестите заблуди во врска со јавните блокчејн платформи, особено Етериумот, е дека е помалку сигурно и повеќе ранливо решение, одошто, на пример, приватна мрежа. Реалноста е дека Етериумот е многу безбедна, многу помалку лесна за хакирање мрежа одошто еден клауд сервер, со оглед дека е open source  и јавно е валидирана низ цел свет. Вистинскиот проблем со Етериумот е околу капацитетот на протокот на податоци, односно т.н. bandwidth.

Кога девелоперите за првпат ги поставиле основите на она што сега е познато како најголемиот јавен блокчејн протокол, немало шанси во тој момент да ги предвидат нивоата на побарувачка за Етериум. На својот врв, Етериум трансакциите може да достигнат бројка и  од преку 1,4 милиони дневно. И додека ова е ништо во споредба, со, на пример, Visa мрежата за картични трансакции, каде што може да се процесираат преку 65.000 трансакции во секунда, кај Етериумот плафонот е многу понизок. Теоретски, мрежата може да поддржи само околу 2,59 милиони трансакции дневно.

Исто така, не е проблемот само во високата цена на горивото кај трансакциските трошоци на Етериумот – се работи и за неконзистентноста на цената. Цената на горивото во даден момент е одредена од побарувачката на мрежата. Па така, во различно време на денот или околу одредени датуми во месецот, волуменот на трансакции што поминуваат низ мрежата флуктуира значително. Ова го прави речиси невозможно предвидувањето колку ќе чини една трансакција и го отежнува менаџирањето со вашиот паричен тек.

Да речеме дека водите некоја кешбек картична шема користејќи Етериум за да ги процесирате вашите трансакции. Ако еден од вашите партнери трговци нуди 10% кешбек на сите купувања, секое купување се состои од една трансакција каде што 10% од цената на стоката му одземате на трговецот, и уште една трансакција каде што тие 10% му ги враќате на купувачот. Во зависност од моментот, овие трансакции може да чинат помеѓу 0,2 долари и 40 долари, што во голема мера влијае врз профитабилноста на вашиот бизнис.

Зошто да се задржи Етериумот?

„Нефунгибилни токени“ или NFT добиваат на популарност последниве месеци, а инвеститорите и вљубениците во уметноста трошат милиони долари барајќи сопственост над нешто што постои само во дигиталниот простор. NFT токените засновани се на блокчејн (технологијата којашто стои во позадина на биткоинот, исто така) и не може да се заменат со нешто друго. Такви токени често се користат за дигитални колекционерски предмети. NFT се вид на крипто валути што овозможуваат разни дела, па и уметнички настанати на различен тип медиуми, да се „токенираат“ и продаваат по пат на слични механизми на дигиталната трговија, како и биткоинот. NFT  добија на актуелност особено со веста дека Џек Дорси, основачот на Твитер, неодамна го продаде својот прв твит, всушност првиот твит во историјата воопшто, за 2,9 милиони долари, на јавна аукција. Твитот, којшто инаку не е ништо посебно во содржината („just setting up my twttr“) и е објавен на 21 март, 2006 година, е продаден како NFT, или non – fungible token.

За многу примени, Етериумот е далеку најдобра опција, и покрај овие проблеми што ги наведовме. Етериум блокчејн солуција може да биде изградена, имплементирана и менаџирана бесконечно долго без било каков проблем, со низо ризик од измами и без малициозни упади од страна.

Кога ќе размислите што Етериумот ѝ овозможува на една компанија, јасно е дека е супериорен во однос на било која не – блокчејн солуција што може да се примени за истата работа. Во сржта на Етериумот за компаниска примена е т.н. smart contract – делчиња од програмски код што автоматски се извршуваат кога одреден сет на претходно дефинирани услови  е исполнет. Ако ова го примените во нашиот пример од пред малку со кешбекот, многу едноставно ова значи дека кога купувачот ќе направи трансакција, е исполнет условот што овозможува автоматски да се наплати 10% од трговецот и да му се врати на купувачот неговиот кешбек.

Ако вакво нешто сакате да го спроведете на приватен запис чуван на некаков клауд, нема начин како да го автоматизирате овој процес. Ако сакате да поставите мрежа од дозволи од било каков вид, или ќе треба сами да го сторите тоа преку ангажман на скапи девелопери и експерти, да платите голем надомест на некоја софтверска фирма да го развие тоа, или едноставно да користите некакво out-of-the-box софтверско решение што е цврсто и добро развиено, но можеби ги нема сите функционалности што ви требаат.

Најбитно, ако не сакате да управувате со целиот екосистем, Етериум го има автоматизирано. Како отворена јавна мрежа, тестирана со години, Етериум  е инхерентно побезбеден од која било приватна мрежа и може да биде исклучително разновиден. Може да биде обликуван  да работи во низа на примени.

Во основа, токму оваа флексибилност и разновидност доведоа до главните проблеми поврзани со Етериум. Порано се нарекуваше „одличен за микро-трансакции“ – денес тоа веќе не е точно, бидејќи толку многу луѓе ја користат мрежата за несогледлив  опсег на примени – големи и мали.

Како Етериумот може и понатаму да биде функционален?

Ако Етериумот  не функционираше  исклучително добро, тогаш „давачките за бензин“  едноставно ќе се намалеа со текот на времето, бидејќи бизнисите и проектите ќе се вртеа кон алтернативни опции. Но, тоа не се случи – вредноста на Етериумот  останува јасна за многу различни организации. Прашањето е, како луѓето можат сè уште да  користат Етериум  и покрај наведените предизвици  и колку од овие проблеми можат да се отстранат во иднина?

Постојат два главни правци  на размислување кога станува збор за одржливоста на оваа мрежа.  Првиот е Ethereum 2.0 – значително ажурирање на начинот на функционирање на Етериум  што ветува дека ќе го зголеми својот проток на податоци и ќе ги намали давачките за гориво. Ethereum 2.0 моментално се тестира со „Medalla Testnet“, што вклучува над 20.000 валидатори ширум светот. Сепак, новиот Етериум беше засенет  со многу одложувања и проблеми – главната мрежа требаше да започне да работи минатата година.

Уште повеќе, меѓу многуте недоумици што се појавија во заедницата на девелопери е безбедноста на Ethereum 2.0, заедно со некои прашања за тоа дали е доволно скалабилен. Тестовите  укажуваа на фактот дека 2.0 ќе може да постигне околу 3.000 трансакции во секунда – далеку подобро од 15-те на Ethereum 1.0, но сè уште далеку од 65.000 на Visa.

Вториот правец на размислување е со решенија за Слој 2 (Layer 2). Овие се солуции  дизајнирани да ги решат проблемите со  Етериум преку  справување со трансакциите  надвор од главниот синџир  Етериум, а притоа да ги искористат многуте придобивки што може да ги понуди мрежата. Овие солуции имаат можност да решат многу од проблемите со Етериум  – од цената на горивото до брзината  и скалабилноста.

Постојат многу сетови  од Слој 2 решенија  што се на располагање на организациите. Клучот за секој бизнис што размислува да користи Слој 2 решение  е да процени што точно сака да постигне. Врвните Слој 2 решенија  можат целосно да ги ублажат проблемите околу трошокот, брзината и скалабилноста и да направат Ethereum да работи ефикасно и неограничено за секој случај на користење.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство