свет
Да се избегнуваат акции од компании што не го прилагодиле својот бизнис на новите услови создадени од пандемијата
Пазари на капитал

„Сега претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време – се зборува за пет години и повеќе. Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина.“, велат аналитичарите од Генерали Инвестментс.
Втората недела од септември донесе забавување на берзите, иако корекцијата на технолошките акции продолжи, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен неделен извештај за случувањата на светските пазари на капитал.

„Пандемијата се
смири во САД и Јужна Америка, каде се прават помалку испитувања отколку во
минатото, а бројот на заразени лица во Европа достигнува рекордно ниво при
рекордни нивоа на тестирање, но смртноста и хоспитализациите остануваат
значително помали отколку во пролетта. Со подобро запознавање на вирусот, имаме
подобар одговор, но сепак постои страв од тоа што ќе донесе доцната есен и
зима, кога ќе се појави периодот на настинка и грип.
Земјите силно избегнуваат заострување на обемот на ограничувања и карантини
бидејќи тие имаат големо негативно влијание врз економиите, но неизвесноста во
некои сегменти особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за
економската активност се прилично несигурни. Туризмот, авиопревозничката индустрија и сродните услуги продолжуваат да трпат
загуби, а есенската сезона во Европа е сериозно ограничена и зависна главно од
локални (домашни) гости. Економската активност продолжува да се зајакнува, но
останува далеку под нивото пред корона кризата.“, велат од Генерали.
Каматните стапки ниски уште долго време
Најновите кинески економски податоци покажуваат солидна слика за извозот и за увозот, а Кина е една од првите земји каде аналитичарите за нијанса ги подобрија своите прогнози за раст на БДП, особено за 2021 година. Според аналитичарите на Генерали, претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години и повеќе). Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина.
Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува, сега веќе видлива главно преку притисокот врз апликацијата TikTok, а најновиот „технолошки партнер“ изгледа ќе биде компанијата Oracle. Солидната позиција на европската економија и затишјето на политичката сцена, продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот, што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и ќе го задушат растот на еврото во споредба со доларот.
Големи аквизиции и IPO-а (ќе)се случуваат

Корекцијата на пазарите продолжи минатата недела, иако не беше толку изразена како во првата недела од септември. Повторно најбрзо растечки беа акциите од технолошкиот сектор и особено акциите каде што процените се речиси фантастични. За време на викендот излегоа некои предвидувања за големи аквизиции (Nvidia го купува ARM Holdings, TikTok од страна на Oracle и Gilead кои купуваат портфолио на лекови против рак), што го врати пазарот на позитивна територија, но ќе видиме дали овој лек ќе ги даде посакуваните резултат. Процените особено на технолошките акции и акциите поврзани со online или „Остани дома“ економијата, остануваат многу високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред да пукне dot-com меурот. Централните банки се уверени дека парите се прелеваат на пазарите на капитал, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Бизнисот на технолошките компании оди добро, стапките на раст се високи, но јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (премногу) голем и покрај последната корекција, а причините се наоѓаат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Компанијата Snowflake која нуди cloud интернет услуги, неделава требаше да почне да ја тргува својата акција на берзата во Њујорк и се очекуваше огромен интерес, но процената за 34 милијарди долари пазарна вредност со 532 милиони долари приходи се граничи со бајка. Цената веројатно ќе порасне на почетокот на котацијата, бидејќи медиумски е добро поддржана, но нема простор за грешки при вакви процени. Во САД неизвесноста се зголемува како што се приближуваат изборите, а тоа се рефлектира на зголемената нестабилност на пазарите, што очекуваме да продолжи и во периодот есен – зима. Високите процени на пазарите, а особено на технолошките акции укажуваат на претпазливост.
Совети за инвеститорите
Фокусирајте се на акции од секторите здравство, потрошувачка и нега

„Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор.“, велат од Генерали Инвестментс.
Повторно ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели, велат од Генерали Инвестментс. Според нивните аналитичари, некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива.
„Сепак, нема
време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана
распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се распредели
портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната
поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува и покрај
корекцијата го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но
намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна
корекција.
И покрај релативно слабата позиција на глобалните економии и неизвесната есен,
трендот на раст на пазарите може да продолжи. Политичката несигурност се
зголемува пред изборите во САД и поради тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е
балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро
ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Тука главно се
вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и
технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај
натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај
акциите од технолошкиот сектор. И покрај неколкудневната корекција, се намали
само августовскиот раст, а приносите на овие акции уште се над просекот од
почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење
за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со
периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат
во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во
последните месеци и уште се високи и покрај последната корекција, добивките на
хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и
длабока корекција.“