Connect with us

свет

Да се направи демократијата повторно голема!

Новиот американски претседател со тешка задача

објавено

на

Во моментот на затворањето на овој број на „Капитал“ се’ уште немаше конечни резултати од американските избори, но сите прогнози се во насока на тоа дека нов американски лидер ќе биде Џо Бајден (кој веќе беше во сериозна предност и на кого му недостасуваа само 6 електорски гласови за влез во Белата куќа). Пребројувањето на гласовите на овие избори се одвиваше побавно од обично со оглед на фактот што голем број на Американци гласаа по пошта, поради ситуацијата со пандемијата со КОВИД.

„Секој глас да се преброи. На крај ќе бидеме победници, имајте верба“ порача Бајден, со став сосема спротивен на  Трамп кој исто повика да се бројат гласовите, ама само оние што се за него.

Дека на Трамп победата му е поважна од принципите стана јасно уште во првите часови по затворањето на избирачкиот процес, откако излезе со запрепастувачка изјава во која повика да престане броењето на гласовите и обвини за изборна „измама“. Ама, тоа не е се’ – тој повика да се престане со броење таму каде што тој губи – во државите каде што водеше побара гласовите да продолжат да се бројат, оти таму измама немало. Навистина невидено разбирање за демократијата!

Нереални и запрепастувачки се случувањата на северноамериканскиот континент поврзани со изборот на четириесет и шестиот претседател на САД –  досегашниот Доналд Трамп одбива да ги признае волјата на гласачите и изборниот пораз. Можеби и не се за изненадување ваквите потези на Трамп, ако се има предвид духот на целокупното негово владеење и неговиот политички профил, но веројатно и на најголемите демократски песимисти немаше да им падне на памет, дека во државата што е поим за слободна во светот, првиот човек ќе се дрзне да ги нападне системот и столбот на демократијата  – начелото дека граѓаните се тие кои одлучуваат. 

Дека на Трамп победата му е поважна од принципите стана јасно уште во првите часови по затворањето на избирачкиот процес, откако излезе со незамислива изјава и повика да престане броењето на гласовите обвинувајќи за изборна измама. Се разбира, ваквите сомнежи ќе беа легитимни доколку неговите обиди за демонстрација на докази за оваа “огромна измама“ беа успешни, а не базирани на невистини (неколку телевизии го прекинаа преносот од неговиот прес со став дека недозволиво и неодговорно е да пренесат такви лаги во етер).

Дополнително, запрепастувачки беше повикот гласовите да престанат да се бројат ама само таму каде што тој губи – во државите каде што имаше предност, повика броењето да си продолжи, оти таму „измама“ немало. Навистина неверојатно сфаќање на демократијата!

Голем дел од истакнати сопартијци на Трамп и негови соработници излегоа со став дека неговото однесување е поткопување на целиот американски поредок и директен судир со волјата на избирачите, имајќи предвид дека „едно е да тврдиш дека си победил, а друго е да се избројат гласови што тоа тврдење ќе го поткрепат“. Републиканскиот гувернер од Мериленд, Лери Хоган, на Твитер пиша дека „повеќе нема никакви оправдувања за изјавите на Трамп“, а конгресменот Адам Кинцингер побара од Трамп да престане да шири лаги дека имало изборна измама: „Ова станува лудо. Доста со лаги“ пиша тој на Твитер. 

„Двете Америки“ се лицето на светот денес

„Двете Америки“ се всушност лицето на светот денеска – глобалната војна помеѓу концептот на либерализмот и демократијата и нејзините црвсти опоненти, за чија појава и раст, тешко дека може да се обвинат самите тие.

Ваквиот развој на настаните, кога не се признаваат изборни резултати и секој си прогласува победа пред тоа да го сторат надлежните институции, за луѓето од Балканот не е нeшто ново. Во многу изборни циклуси и во Македонија, а и низ соседните држави, сме гледале вакви однесувања на лидери што просто не сакаат да се соочат со одлуката на неговото височество – граѓанинот. Непризнавање на процесот, обвинувaња за измама, за крадење на гласови, за притисоци, за интервенција на странски служби итн., итн… 

Но, кога ова се случува во Америка, ситуацијата станува се’ позагрижувачка. Познатата новинарка Кристијан Аманпур, на својот Твитер профил пиша дека последните претседателски избори што таа „ги покривала“, а на кои поразениот не сакал да се бројат гласови биле оние во Иран во 2009, кога Махмуд Ахмадинеџад не сакал да се соочи со граѓанската волја, алудирајќи дека ова што се случува во САД наликува на таквите системи на владеење.

Она што сепак претставува најсериозна опасност, е што изборите само го нацртаа лицето на поделеноста на општеството, еден судир на две вистини, реалности, сосема различни концепти за тоа како една држава и нејзините лидери треба да изгледаат, поделеност присутна во сите европски и светски демократии денес. Победата (речиси извесна) на Бајден не е крај за овие проблеми, напротив.

 Трамп, и покрај се’, освои огромен број на гласови и тоа говори дека поларизацијата во американското општество, не само што не е надмината, туку е и силно присутна. „Двете Америки“ се всушност лицето на светот денеска – глобалната војна помеѓу концептот на либерализмот и демократијата и нејзините црвсти опоненти, за чија појава и раст, тешко дека може да се обвинат самите тие. Токму процесите на национално зацелување и обединување ќе бидат најголемите предизвици и на американската и на светските демократии во периодот што следува, оти оваа неспособност за лидерство на политичките его – манијаци, кои не умеат да водат чесна битка, туку сопствената омраза кон противникот ја пренесуваат врз поддржувачите, а тие понатаму кон неистомислениците, води само кон еден и единствен правец – пропаст на сите. Тука ќе биде најголемиот тест на Бајден, од чијшто резултат ќе зависи не само иднината на САД, туку и на светот. 

Протести низ американските улици

Неизвесноста изборите предизвика и бурни реакции кај граѓаните – протестираат и едните и другите низ улиците низ целата земја, а особено во Њујорк, Филаделфија, Чикаго и Лос Анџелес.

Демократските гласачи излегоа на улиците во две одделни области во Њујорк, каде на изборите победи демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден и откако одржаа конференција за печатот во близина на зградата Трамп Тауер на 5-та авенија на Менхетен почнаа со марш..

Демонстрантите кои го блокираа патот во близина на плоштадот Унион наидоа на полициска интервенција, голем дел од демонстрантите беа уапсени од страна на полицијата.

Додека демонстрантите во градовите како што се Филаделфија, Детроит и Чикаго одржуваа мирни маршеви со пароли „Преброј ги сите гласови“, во Мичиген, една од клучните држави во трката за претседател избувнаа инциденти.

За време на првите демонстрациите кои се одржаа во градот Лос Анџелес имаше апсења, а вчера веќе се одржа помирен протестен марш како резултат на раната превенција што ја презеде полицијата.

во Минеаполис, каде што во мај полицијата го уби Џорџ Флојд од африканско потекло, беа уапсени демонстранти кои го блокираа автопатот И-94.

Додека група од 30 лица во Балтимор во Мериленд, мирно протестираа против најавата дека на изборите победил републиканскиот кандидат Доналд Трамп, полицискиот оддел во главниот град Вашингтон соопшти дека 4 лица се приведени поради прекршување на правилата за демонстрација, напади и поттикнување на насилство.

Во Детроит, Мичиген, каде Републиканската партија бара повторно да се пребројат гласовите, група републикански гласачи се расправаа со службениците на Центарот за пребројување на гласовите кои не ги примија.

Групата што извикуваше „Ајде да влеземе“, „Престанете со броењето“ беше оддалечена со интервенцијата на полиција. Протестите траат и днееска, а во голем број градови се очекува да продолжат и во текот на следните денови.

Повици за сечење глави

Социјалната мрежа Твитер го блокираше Стив Банон, поранешен висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако изјави дека директорот на ФБИ, Кристофер Реј и водечкиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи треба да бидат обезглавени и главите да им бидат поставени на кол пред Белата куќа.

Вториот мандат ќе започне со разрешување на Реј, на Фаучи. Сега, всушност, сакам да одам уште подалеку, но сфаќам дека претседателот е добар човек со срце. Всушност, би сакал да се вратам во времето… во Англија. Би им ги забил главите на кол, би ги ставил на два агли на Белата куќа како предупредување до федералните бирократи“ рече Банон.

Банон е на слобода со кауција од пет милиони долари, по обвиненијата за лажење за собирање донации за невладина организација која работи на изградбата на ѕидот на јужната граница на САД. Портпаролот на Банон, по бурните реакции, изјави дека тој не повикал Фаучи и Реј да бидат обезглавени, туку зборувал метафорички, додавајќи дека тој никогаш не повикал на насилство. Портпаролот на обвинителството во Њујорк засега не коментираше дали ќе побараат од федералниот судија во Менхетен да ја поништи кауцијата на Банон. Банон ја водеше предизборната кампања на Трамп во 2016 година и беше висок советник во Белата куќа се додека не беше отпуштен од американскиот претседател во август 2017 година.

И акаунтот на Трамп во текот на вчерашниот ден постојано беше под „надзор“ од страна на Твитер и голем дел од неговите објави беа криени, откако се виде дека Трамп упорно објавува лажни податоци и невистини во врска со гласовите и нивното броење.  Фејсбук пак зтвораше групи кои повикуваат „да се прекине броењето“ и да се сопре “кражбата на гласовите“ 

Избори – трилер: Американците изгубиле 140 милиони часа сон

Американските граѓани внимателно ги следеа изборите за претседател на државата, поради што не спиеле многу ноќта меѓу вторникот и средата, а статистичките податоци велат дека изгубиле речиси 139 милиони часа сон поради претседателската трка меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, јави Фокс њуз.Статистичките податоци покажуваат дека Американците изгубиле 138.833.045 часа сон, објави истражувачката куќа Оура. Тоа значи дека секој Американец изгубил 25 минути сон.

Пулсот кај Американците исто така бил засилен, па нивното срце чукало побрзо за 1,4 отчукувања во минута, а Оура додава дека изборите предизвикале 15 отсто поголем стрес отколку во секојдневниот живот и девет проценти посилна вознемиреност.

Јанез Јанша со вистинска честитка за лажната победа на Трамп

Се’ повеќе неумесна, а се’ помалку смешна изгледа избрзаната официјална честитка од премиерот на Словенија, Јанез Јанша, којшто веднаш откако Трамп прогласи “победа“, на Твитер пиша дека очигледно е оти американските гласачи го поддржале Трамп и пиша дека “колку повеќе е се негираат резултатите на Трамп, толку повеќе неговиот триумф ќе биде поголем“. Ваквиот потег е назамислив во дипломатијата и меѓународните односи. Ниту еден сериозен светски лидер не би си дозволил да упати честитки до кандидат во време кога гласовите се’ уште се бројат. Јанша претходно кажа дека ако Бајден победи тој ќе биде најслаб претседател во историјата. 

менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок