Connect with us

економија

Двата брана на пандемијата направија „поплава“ во економијата што ќе „држи влага“ и догодина

Целосно економско закрепнување и надоместување на штетите дури во 2022 година

објавено

на

Макроекономските податоци што ја отсликуваат ситуацијата во економијата, се запрепастувачки. Во вториот квартал годинава, периодот од април до јуни кога вирусот забрзано се прошири а властите воведоа полициски час во обид да се запре ширењето на заразата, имаме историски најдлабок пад на бруто домашниот производ (БДП) од 14,9%. Потоа во текот на летните месеци, кога се почувствува одредено релаксирање, очигледно е и ублажувањето на економскиот пад на 3,3%. Меѓутоа, вториот бран на пандемијата повторно покажа „заби“ од октомври, па евидентирано е намалување на индустриското производство од 5,2%, што е повторно продлабочување споредено со месецот претходно. Првичните податоци покажуваат дека и во овој квартал продолжува намалената инвестициска активност и послабата приватна потрошувачка. Загрижувачка дисторзија има на пазарот на труд, каде што заклучно со октомври, бројот на невработени годинава е зголемен за речиси 52 илјади луѓе. Но, како што објаснуваат од Агенцијата за вработување, бројот на граѓани што на сопствена кожа ја почувствувале корона – кризата и добиле отказ е 15.858. Сумирано, се проценува оваа година да заврши со пад на економската активност од 4,9% според последните прогнози на Народната банка, до најмногу 5,4%, колку што прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Сурови се последиците што ги направи пандемијата со коронавирусот годинава, мерени преку огромниот број на заразени и починати граѓани досега, но и низ призмата на најбитните макроекономски индикатори што ја отсликуваат економската состојба.

Податоците што ни се досега познати, се запрепастувачки. Во вториот квартал годинава, периодот од април до јуни кога забрзано се прошири вирусот а властите воведоа полициски час во обид да се запре ширењето на заразата, имаме историски најдлабок пад на бруто домашниот производ (БДП) од 14,9%. Потоа во текот на летните месеци, од јули до септември, кога се почувствува одредено релаксирање и низ извештаите на Министерството за здравство кое на дневна основа не информираше за бројот на новозаразени и починати, соодветно на тоа и олабавувањето на рестриктивните мерки, очигледно е и ублажувањето на економскиот пад на 3,3%.

Меѓутоа, вториот бран на пандемијата повторно покажа „заби“ од октомври, па иако властите одолеаја на воведување локдаун како најголем број од земјите во светот, сепак, економските резултати се влошуваат главно како последица на огромна воздржаност и на бизнис секторот да инвестира, но и на граѓаните помалку да трошат.

Со оглед на тоа што податоците за движењето на БДП последниот квартал од годинава, ќе се знаат дури следната година, неколку показатели навестуваат дека наместо очекуваното благо закрепнување, сосема извесно е дека ќе продолжи трендот на намалување на економската активност со пад од околу 2%.

Кон тоа упатува намалувањето на индустриското производство, кое во октомври бележи пад од 5,2%, што е повторно продлабочување споредено со месецот претходно.

Надворешната трговска размена, пак, во октомври бележи одредено закрепнување, со раст од 2,3%, при зголемување на извозот за 5,6% и намалување на увозот за 0,1%.

Меѓутоа, првичните податоци покажуваат дека и во овој квартал продолжува намалената инвестициска активност и послаба приватна потрошувачка.

Загрижувачка дисторзија има на пазарот на труд, каде што заклучно со октомври, бројот на невработени годинава е зголемен за речиси 52 илјади луѓе. Но, како што објаснуваат од Агенцијата за вработување, бројот на граѓани што на сопствена кожа ја почувствувале корона – кризата и добиле отказ, е 15.858, а вкупниот број на невработени бил зголемен поради поголем интерес за пријавување во Агенцијата од страна на невработените поради спроведување на социјални реформи односно право на одредена социјална помош, а имало и граѓани што се вратиле од странство и останале, па биле исто така евидентирани како нови невработени.

Сумирано, се проценува оваа година да заврши со пад на економската активност од 4,9% според последните процени на Народната банка, до најмногу 5,4%, колку што прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според прогнозите на Народната банка, ќе има пад кај сите компоненти на БДП во 2020 година, освен кај јавната потрошувачка, и тоа најголем пад кај бруто -инвестициите  од 12,8% во услови на намалени странски директни инвестиции и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор; потоа намалување на личната потрошувачка за околу 4% во услови на пад на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка; извозот ќе забележи пад од 11,7%, поради намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири на снабдување; а намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно увозот ќе се намали за околу 12%.

„Се работи за синхронизирана економска криза којашто истовремено ги погодува речиси сите економии во светот ‒ се очекува дека само околу 26 земји ќе имаат мала позитивна стапка на економски раст. Се работи за криза којашто за разлика од големата економска криза од 2008 година не е резултат на слаби економски фундаменти или слабости на финансискиот систем, туку е здравствена криза којашто брзо се прелеа во реалниот сектор. Општо земено, правиме надолна ревизија на економските проекции при понеповолно надворешно окружување, односно поизразен пад на странската побарувачка оваа година и зголемена неизвесност и од домашното окружување со појавата на вториот бран на коронавирусот, којшто се очекува да има продолжени економски ефекти врз потрошувачката и приватните инвестиции и во првата половина на наредната година“, истакна гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.

Според процените на Народната банка, се очекува дека странската побарувачка за нашите стоки и услуги ќе се намали за 6,3% оваа година што е подлабок пад и од 2008 во екот на финансиската криза, а потоа НБМ очекува раст во наредните 2 години  од 4,6% и 3% во 2021 и 2022 година, соодветно.

„Надолната корекција за оваа година се објаснува со послабите очекувања кај речиси сите наши значајни трговски партнери, при најголем придонес од германската економија, којашто е наш најзначаен трговски партнер. Ризиците за проекциите за растот на странската побарувачка се главно надолни, условени од времетраењето на пандемијата, мерките за справување со вирусот, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирање на очекувањата“, потенцираше Ангеловска Бежоска.

Надежите во новата година и во вакцината

Иако веќе сите одбројуваме и со душа чекаме да заврши оваа година, за жал, тешко веројатно е дека нешто драстично ќе се измени само со календарската промена на годината.

Она на што се крстат и економистите, не само лекарите, е одобрувањето на вакцината против коронавирусот и масовна имунизација на почетокот на следната година како предуслов за враќање во нормала на општествата.

„Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност“, оценува Народната банка.

Според нивните процени, на среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година.

Оваа патека на раст значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година.

„Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид – шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, истакна гувернерката Ангеловска Бежоска.

Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитните текови, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка.

Иако веќе сите одбројуваме и со душа чекаме да заврши оваа година, за жал, тешко веројатно е дека нешто драстично ќе се измени само со календарската промена на годината. Она на што се крстат и економистите, не само лекарите, е одобрувањето на вакцината против коронавирусот и масовна имунизација на почетокот на следната година како предуслов за враќање во нормала на општествата.yringe

Оптимизмот е кај властите

Се’ паѓа, освен јавната потрошувачка. Властите преку контрациклична фискална политика, односно зголемено трошење се обидуваат да ги ублажат последиците од корона – кризата.

Јавната потрошувачка во третиот квартал е зголемена за дури 13,5% со што е ублажен падот кај финалната потрошувачка, а во исто време и поради зголемувањето на јавните капитални инвестиции, статистички е регистриран раст на бруто инвестициите во овој период од 4,2%.

Досега се донесени четири пакети антикризни мерки, кои според проценките вредат околу една милијарда евра. Меѓутоа, како што информираше вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, досега се реализирани околу 300 милиони евра.

Економските трендови годинава не се изненадувачки за вицепремиерот Битиќи туку очекувани. Тој вели дека Владата уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија, и не само кај нас туку и во најголем дел од земјите во Европа.

„Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4%. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на опоравување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30% пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал. Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт“, изјави вицепремиерот Битиќи.

Дел од оптимизмот се должи и на остварувањето во поглед на вакцините за што информираше дека за набавка на вакцините за ковид -19, обезбедени се околу 8,4 милиони евра, а доколку има потреба за дополнителни дози, ќе бидат обезбедени дополнителни средства.

„За првпат во државата ќе имаме ситуација во која поголем број на лица ќе треба да се вакцинираат. Над 400 илјади луѓе ќе се вакцинираат. Имаме донесено одлука за достапност на средства за набавка на вакцини околу 8,4 милиони евра. Остануваме на ставот дека ќе најдеме средства, доколку се потребни за дополнителен број вакцини во наредниот период“, рече Битиќи.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, истакна дека и покрај негативниот економски резултат во третото тримесечје, се гледа тенденција на подобрување.

„Бруто – инвестициите и јавната потрошувачка, по остриот пад во второто тримесечје, забележуваат раст, што укажува на тоа дека антикризните мерки кои се преземаат даваат резултати“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими посочи дека и во наредниот период ќе продолжат да се спроведуваат мерките од четвртиот пакет со кој ќе се даде поддршка на стопанството, како финансиската поддршка на работодавачите за исплата на плати, бескаматната кредитна линија со грант компонента, но и државната гарантна шема кои ќе обезбедат подобар пристап до финансии.

Странските инвестиции само 1,6% од БДП

Странските директни инвестиции годинава ќе бидат забавени на ниво од 1,6% од БДП, а за догодина се очекува постепено стабилизирање на 3% од БДП, односно враќање на преткризното ниво.

„Странските директни инвестиции пред кризата во просек изнесуваа некаде околу 3,3% од БДП. Оваа година очекуваме значајно забавување на странските директни инвестиции на ниво некаде околу 1,6% во услови на овој нов контекст и веќе од наредната година очекуваме постепено стабилизирање на странските инвестиции и постепено враќање на преткризното ниво. Така што, за наредната година очекуваме прилив на странски директни инвестиции од околу 3% од БДП, а потоа постепено зголемување на нивното учество во БДП на среден рок од 3,5%“, појасни гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

Според неа, ова е очекувано бидејќи ако се вратиме наназад при секоја кризна епизода инвестициите се еден од најзначајните пунктови каде што најмногу доаѓаат до израз неповолните ефекти од кризните состојби.

„За наредните две години очекуваме постепено стабилизирање на инвестициите односно поповолни трендови и во глобални рамки се очекува попозитивен амбиент закрепнување. Очекуваме и раст на странските директни инвестиции, имајќи ги во предвид стапките на ММФ за стабилни финансиски пазари и поповолни очекувања на меѓународните инвеститори“, наведе гувернерката на Народната банка.

Таа очекува инвестициската активност во наредните две години да биде поддржана и од засилениот инфраструктурен циклус од страна на државата со проекциите во Предлог буџетот на државата, како и солидната кредитна поддршка која што, потенцираше, исто така е многу значаен сегмент.

Според неа, тешко е да се кажат очекувањата за натамошна стабилизација на финансиските пазари бидејќи пазарите реагираат на многу фактори.

„Меѓутоа, засега барем ММФ во рамки на своите среднорочни макроекономски проекции очекува финансиските пазари да се задржат на стабилно ниво, односно да нема позначајно затегнување на условите на финансиските пазари што во голема мера го врзуваат и со нивната препорака дека носителите на политките и натаму треба да обезбедуваат поддршка на економската активност“, истакна  Ангеловска Бежоска.

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

lifestyle2 days ago

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро