Connect with us

економија

Две членки на АмЧам избрани помеѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот”

објавено

на

Проектите на Пивара Скопје и ЕВН Македонија се најдоа помеѓу 8-те најдобри проекти во Источна и Југоисточна Европа кои градат доверба помеѓу бизнисот и локалните заедници.

Две членки на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) – Пивара Скопје и ЕВН Македонија, се избрани меѓу 8-те финалисти во “Иницијативата за Промовирање на Доверба во Бизнисот” која е поттикната од мрежата на АмЧамс во Европа и Центарот за меѓународни приватни претпријатија (CIPE) од Вашингтон.

Иницијативата има за цел да ги промовира најдобрите примери за тоа како компаниите ги применуваат ESG-критериумите (еколошко, социјално и корпоративно управување) во пракса и ги унапредуваат своите бизнис операции на одржлив начин, притоа градејќи доверба и партнерство со локалните заедници.

Во иницијативата учествуваа проекти на повеќе од 30 компании членки на АмЧам асоцијациите од 10 земји во Источна и Југоисточна Европа, а меѓу најдобрите 8 финалисти се избрани и проектите “Иницијатива за одржливост: Свет без отпад“ на Пивара Скопје и “Намалување на загаденоста на воздухот во Северна Македонија – Популаризација и овозможување на е-мобилност” на ЕВН Македонија, активни членки во ESG Kомитетот на АмЧам Северна Македонија.

Проектот на ЕВН Македонија се фокусира кон создавањето на потребна инфраструктура (станици за полнење) за масовно користење на електрични возила низ целата држава, придонесувајќи за севкупен „позелен“ сообраќај кој истовремено ќе има позитивно влијание и врз намалувањето на загаденоста на воздухот.  Проектот на Пивара Скопје пак, има за цел да создаде одржлив систем за управување со отпадот од пакување, што вклучува организирано собирање и рециклирање, како и да ја подигне јавната свест. Сето ова во насока на намалување на негативните влијанија на отпадот врз животната средина. Преку овој проект компанијата изгради партнерство со неколку клучни општествени чинители, како граѓански здруженија, институции и медиуми.

Сите осум проекти-финалисти (ЛИНК ДО БРОШУРА) се препознаени како одлични примери на поттикнување доверба меѓу приватниот сектор и локалните заедници, градејќи одржливи партнерства што го подобруваат целокупното општество и инспирираат позитивни промени во самите земји.

Ова всушност се поклопува и со мисијата на ESG Комитетот на АмЧам Северна Македонија како локален промотор кој ја зголемува свеста за значењето на ESG-критериумите преку споделување на најдобрите практики за здрава социо-економска средина и фокусирање на основните компоненти на доброто владеење при развивањето стратегии кои носат одржливост, зелен раст и развој на циркуларната економија.

македонија23 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест