Connect with us

македонија

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Извонредна можност за продлабочување на италијанско-македонските врски

објавено

на

Универзитетот Католика е основан во 1921 година, има 12 факултети, 5 кампуси и соработка со значајни универзитети во светот. Тој е најголемиот приватен универзитет во Европа и најголемиот католички универзитет во светот. Факултетот за политички и општествени науки при Универзитетот Католика со којшто УАКС потпиша договор за двојна диплома е високорангиран меѓу најдобрите 200 во светот.

На 12 јуни (среда) 2024 година, во Европска куќа во Скопје, се одржа панел за италијанско-македонските дипломатски односи и за соработката меѓу двете земји во областа на образованието.

Воведно обраќање на панелот имаше амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри. Тој ја подвлече важноста на италијанско-македонските билатерални односи, кои бележат постојан развој во сите сфери, вклучувајќи го и образованието. Според амбасадорот Силвестри, особено е значајно што во контекст на одбележувањето на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, два универзитети – Американ Колеџ Скопје и Католичкиот универзитет на Светото Срце од Милано, популарно познат како Универзитет Католика, воспоставија договор за размена и соработка.

Гостинот на панелот, деканот на Факултетот за политички и општествени науки при Универзитетот Католика од Милано проф. д-р Гвидо Мерѕони го истакна задоволството од договорот за двојна диплома за додипломски студии по политички науки и меѓународна комуникација потпишан со Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Со договорот се овозможува македонските студенти што завршиле две години од нивните студии во Скопје, да ја завршат третата година во Милано и да се стекнат со дипломи од двата универзитети.

Меѓу другото, деканот Мерѕони потсети и на фактот дека Универзитетот Католика е основан во 1921 година, има 12 факултети, 5 кампуси и соработка со значајни универзитети во светот. Тој е најголемиот приватен универзитет во Европа и најголемиот католички универзитет во светот. Факултетот за политички и општествени науки при Универзитетот Католика со кој се потпиша договор за двојна диплома е високорангиран меѓу најдобрите 200 во светот.

На панелот се обратија и проректорката на Универзитетот Американ Колеџ Скопје проф. д-р Венера Крлиу и деканот на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје проф. д-р Иван Додовски. Како што истакнаа тие, покрај политолошки содржини, споменатата програма нуди интердисциплинарен пристап до знаења и вештини од економија и бизнис, дипломатија, историја, социјална психологија и светски јазици, профилирајќи идни професионалци за државни и меѓународни институции, тинк-тенк организации, медиуми и други установи во областа на домашната и глобалната политика.

Според заедничката оценка на учесниците на панелот, оваа најнова иницијатива ќе овозможи не само унапредување на квалитетот на македонското образование и нови можности за студирање, туку и продлабочување на врските меѓу двете земји.

македонија4 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци