Connect with us

македонија

Девет години „Лице в лице“ во служба на вистината, вредностите и на подоброто општество

објавено

на

Во рамки на одбележување на  деветгодишнината, преку новиот број на „Лице в лице“  од тимот сакаат да дадат свој придонес кон спречување на дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза, нудејќи контранаративи на овие негативни предизвици на новото доба“, велат од тимот на „Лице в лице“.

Со кампањата „Проверувај, па верувај“, која започнува денес со излегување на новото 47.издание на „Лице в лице“, ја одбележуваме 9-тата година на постоење на списанието за одржлив развој.

„Ви благодариме што овие 9 години бевте наши партнери во создавањето  општество со еднакви можности за сите. Овој пат, во рамки на одбележување на  деветгодишнината, преку новиот број на „Лице в лице“  сакаме да дадеме свој придонес кон спречување на дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза, нудејќи контранаративи на овие негативни предизвици на новото доба“, велат од тимот на „Лице в лице“.

„Лагата веќе го обиколува светот, додека вистината ги обува чевлите“, е мотото кое го носи 47. издание на „Лице в лице“. Кампањата започна во Струга, каде граѓански организации, медиумски работници, млади луѓе – волонтери и ученици, претставници на институции и локална самоуправа, учествуваа во кокреирањето на содржините за ова издание.

„Лице в лице“ со овие активности ја носи свесноста за дигиталните комуникациски технологии, кои драматично го променија нашиот однос кон содржината, изворот и пренесувањето на информациите. Бројните медиумски содржини и онлајн живеење, не нè направија отпорни и способни за препознавање на лажните вести и говорот на омраза, па многумина се мета на лажни вести и говор на омраза.Оттука, потребно е да работиме на свесност и совесност, уште во образовниот процес.


„Овој број е посветен на свеста за заканата што ни доаѓа од забавните и оттаму, навидум,  пријателски содржини на кои секој ден се изложуваме. Закани што нè покануваат да го активираме алармот на свесниот граѓанин што се грижи за својата „дигитална добросостојба“, тој што знае да ги користи и да ги владее новите технологии за тие да не завладеат со него, а со тоа и со иднината на општеството и на планетата“, вели Климентина Илијевски, главна уредничка на „Лице в лице“ и извршна директорка на „Паблик“, издавач на списанието.

Со новото издание (достапно на овој линк), од „Лице в лице“ ставаат посебен акцент на говорот на омраза кон луѓето со интелектуална попреченост, кон луѓето со вишок килограми, но, и кон различностите генерално. Беа активирани млади лица во Струга, со кои, под авторство на фотографката Кристина Затуровска, креираа фотографии кои го илустрираат секојдневието на млад човек, преплавен со (дез)информации, а беа креирани и фотоприказни за односот на граѓаните кон луѓето со попреченост и за говорот на омраза насочен кон нив.

„Капитал“ им го честита роденденот на колегите од „Лице в лице“.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација