Connect with us

македонија

Делегација на романската Амбасада во посета на Алкалоид

објавено

на

Членовите на делегацијата, предводени од амбасадорката Аксинте, при обиколката на производствените капацитети од сегментот фармација, имаа можност непосредно да се запознаат со високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот кадар кој управува со процесите, како и со најсовремената опрема и со модерните услови за работа на Институтот за истражување и развој на АЛКАЛОИД.

Делегација на романската Амбасада во Скопје, предводена од Aмбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте, оствари работна посета на АЛКАЛОИД АД Скопје.

Во своето воведно обраќање од официјалниот дел на средбата, Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, ги претстави компанијата, нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, постигнатите резултати од работењето, како и континуираните вложувања низ годините, осврнувајќи се и на големиот број проекти во делот на општествената одговорност.

Истакнувајќи ја главната стратешка определба на компанијата – глобализација на брендот АЛКАЛОИД – во рамките на средбата посебно беше нагласена важноста на извозните пласмани и на стабилната пазарна позиција. Ставајќи акцент врз извозот во Европската Унија, каде што компанијата пласира 21 % од своето производство, Мукаетов ја истакна стратешката важност на романскиот пазар како еден од најбрзо растечките пазари на АЛКАЛОИД, каде што, по неколкугодишно присуство, во 2022 година компанијата регистрираше сопствено друштво во Букурешт.

Во делот на остварените резултати на пазарот во Романија, консолидираните продажби од над 8,5 милиони евра, реализирани во првите три квартали од 2023 година, бележат раст од 63 % во споредба со истиот период лани. Компанијата е присутна со палетата на фармацевтски производи и на производи за хемодијализа. Водечки производ на АЛКАЛОИД на романскиот пазар е цефалоспоринскиот антибиотик „Панцеф“ (Цефиксим), кој во Романија има трговско име Xifia и кој е меѓу петте најпродавани водечки антибиотски брендови на тамошниот пазар. АЛКАЛОИД има долгогодишна и успешна стратешка соработка со романски компании, меѓу кои Terapia S.A. (дел од индиската Sun Pharma), како и MagnaPharm.

Членовите на делегацијата, предводени од амбасадорката Аксинте, при обиколката на производствените капацитети од сегментот фармација, имаа можност непосредно да се запознаат со високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот кадар кој управува со процесите, како и со најсовремената опрема и со модерните услови за работа на Институтот за истражување и развој на АЛКАЛОИД.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи