Connect with us

технологии / компании

Деловните и технолошките лидери се скептични во врска со новите технологии, како генеративна вештачка интелигенција

Глобално истражување на PwC

објавено

на

Бизнис и технолошките лидери сѐ повеќе се загрижени за растечката примена на GenAI од аспект на сајбер безбедноста. Можеби ќе имаме уште еден голем пораст на бројот на сајбер закани бидејќи GenAI може да придонесе за сложени форми на загрозување на електронската пошта од широки размери.

Истражувањето на PwC за довербата во дигиталното опкружување, Global Digital Trust Insights 2024, покажа дека уделот на компании кои биле изложени на прекршувања на безбедноста на податоците во вредност од повеќе од 1 милион американски долари значително се зголемил за една година, за една третина, искачувајќи се од 27 проценти на 36 проценти.

Истражувањето, во кое биле анкетирани 3.800 деловни и технолошки лидери во 71 земја, исто така открива дека компаниите гледаат на порастот на генеративната вештачка интелигенција (GenAI) со одреден степен на скептицизам и возбуда, а многумина ги зголемуваат  инвестициите во сајбер безбедноста за да се одбранат од сајбер напади.

Речиси две третини (64 проценти) од испитаниците ги зголемиле приходите од продажба во изминатата година, додека осум од десет (82 проценти) очекуваат зголемување на приходите во текот на следната година. Осум од десет (79 проценти) очекуваат зголемување на буџетот за сајбер безбедност во 2024, додека 65 проценти го очекувале тоа за 2023 година. Организациите кои покажуваат поголема зрелост во нивните иницијативи за сајбер-безбедност известуваат за повеќе придобивки од таквите иницијативи и помала фреквенција на скапи сајбер-повреди од 1 милион долари или воопшто помалку такви прекршувања.

Здравствениот сектор најизложен

И додека бројот на компании кои се соочуваат со загрозување на податоците се зголеми по претходното истражување на PwC за 2023 година, здравствениот сектор бил најмногу на удар. Пријавениот глобален просечен трошок за злонамерен сајбер напад бил 4,4 милиони долари, додека во здравствениот сектор тој трошок бил  за 25 отсто поголем, или 5,3 милиони долари. Скоро половина (47 проценти) од сите испитаници на здравствените организации пријавиле повреда на податоците што ги чинело 1 милион долари или повеќе.

Колку е поголема компанијата, толку е поголема просечната сума на најштетната повреда на која била изложена. Компаниите со приходи од над 10 милијарди долари пријавиле штети од 7,2 милиони долари, додека оние со помалку од 1 милијарда долари пријавиле штета од 1,9 милиони долари.

Подемот на „DefenseGPT“

И додека бројот на компании кои се соочуваат со загрозување на податоците се зголеми по претходното истражување на PwC за 2023 година, здравствениот сектор бил најмногу на удар. Пријавениот глобален просечен трошок за злонамерен сајбер напад бил 4,4 милиони долари, додека во здравствениот сектор тој трошок бил  за 25 отсто поголем, или 5,3 милиони долари.

Бизнис и технолошките лидери сѐ повеќе се загрижени за растечката примена на GenAI од аспект на сајбер безбедноста. Можеби ќе имаме уште еден голем пораст на бројот на сајбер закани бидејќи GenAI може да придонесе за сложени форми на загрозување на електронската пошта од широки размери. Членовите на менаџментот одговорни за информациска безбедност и информациските системи треба да обрнат внимание на сѐ поприсутното расположение: 52 отсто очекуваат GenAI да доведе до катастрофални сајбер напади во следните 12 месеци. Речиси осум од десет (77 проценти) се согласија дека имаат намера да го користат GenAI на етички и одговорен начин.

Три четвртини од деловните и технолошките лидери се возбудени за потенцијалот на GenAI:

77 проценти се согласиле дека GenAI ќе ѝ помогне на нивната организација да развие нови линии на бизнис во следните три години;

74 проценти се согласиле дека личната употреба на GenAI од вработените ќе доведе до видливо зголемување на нивната продуктивност во следните 12 месеци;

75 проценти се согласиле дека процесите базирани на GenAI во организацијата ќе ја зголемат продуктивноста на вработените во следните 12 месеци.

Предноста на GenAI е способноста да се синтетизираат големи количини на податоци за сајбер инцидент од повеќе системи и извори, што може да им помогне на лидерите подобро да разберат што се случило. GenAI може да ги претстави сложените закани на лесно разбирлив јазик, да понуди совети за стратегии за ублажување и да помогне во пребарувањата и истрагите.

„Нашето глобално истражување покажува дека сајбер безбедноста сè уште е на врвот на листата на приоритети за деловните лидери, а сега повеќе од кога било досега. Највисокото ниво на управување мора да биде агилно и да се прилагодува на променливиот пазар, а со оглед на новите технолошки трендови кои го трансформираат пазарот, менаџерите мора да се спротивстават на ‘статус кво’ ситуацијата со градење механизми за зајакнување на безбедноста во структурата на организацијата наместо да реагираат само кога ќе се појави криза“, изјави Шон Џојс, глобален шеф за услуги за сајбер-безбедност и  приватност, PwC USA.

Улогата на шефот за информациска безбедност  во рамките на организацијата мора да стане повеќе „бизнис-центрична“, т.е. во центарот на деловната стратегија и управувањето на организацијата, имајќи предвид дека границите помеѓу поставувањето контроли, механизмите за заштита и адекватното управување со сајбер и информациската безбедност и употребата и зголемувањето на интеграцијата на новите дигитални технологии, сѐ повеќе се  флуидни. Лицето одговорно за управување со безбедноста треба и мора да стане рамноправен член на управниот одбор на секоја компанија што сака побезбедно да управува и да го води својот бизнис, препорачуваат експертите од PwC.

Истражувањето на PwC за довербата во дигиталното опкружување, Global Digital Trust Insights 2024, покажа дека уделот на компании кои биле изложени на прекршувања на безбедноста на податоците во вредност од повеќе од 1 милион американски долари значително се зголемил за една година, за една третина, искачувајќи се од 27 проценти на 36 проценти.

Бизнис лидерите ги зголемуваат инвестициите во сајбер безбедноста

И покрај постојаниот пораст на природните катастрофи поврзани со климатските промени, трајните ефекти од пандемијата Ковид-19 и зголемената нееднаквост, деловните и технолошките лидери ги рангираа дигиталните технологии и технологијата воопшто на самиот врв на листата на ризици со коишто најпрво ќе се справуваат  следните 12 месеци.

Трите најчесто цитирани сајбер закани се однесуваат на закани поврзани со работа во облак (cloud), напади на поврзани уреди и активности кои вклучуваат упади во компјутерскиот систем и протекување податоци. И покрај ова, повеќе од една третина од компаниите немаат покренато иницијативи за управување со ризик, а само една од четири ја подобрила сајбер отпорноста.

Само два проценти од организациите ги оптимизираат и континуирано ги подобруваат сите аспекти на сајбер отпорноста. Исто така, повеќе од 40 проценти од лидерите рекле дека не ги разбираат сајбер ризиците што ги носат новите технологии, како што се алатките за виртуелна реалност, GenAI, блокчејн на претпријатија (Enterprise Blockchain), квантното компјутерство и виртуелна/проширена реалност.

„Организациите треба да усвојат збир на алатки за одговорно користење на вештачката интелигенција, т.н. Responsible AI toolkit, со цел да се управува со нејзината употреба на сигурен и етички начин. Иако вештачката интелигенција често се смета за технолошка функција, човечкиот надзор и интервенција се клучни за неа. Дополнително, покрај ризиците за безбедноста и приватноста, кога овие организации за прв пат ќе почнат да го користат GenAI, тие ќе мора да разгледаат дополнителни области кои вклучуваат ризици за податоци, ризици поврзани со моделите и пристрасноста, ризици поврзани со пребарување или  внесување податоци, како и ризици поврзани со злоупотреба на корисничките сметки“, истакнува Џојс од PwC USA.

македонија1 час ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија1 час ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија20 часа ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки4 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет4 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион4 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија4 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија4 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании4 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија4 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

свет4 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија4 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет4 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.