Connect with us

македонија

Деловни простории на „Гранд Скопје“ – совршен избор за развој на вашата успешна бизнис приказна

објавено

на

Комплексот „Гранд Скопје“ кој се гради на премиум локација во центарот на градот, покрај тоа што нуди модерен станбен простор за урбано домување, содржи и деловни простории кои овозможуваат одлична работна средина креирана за продуктивност и раст.

Деловните содржини нудат низа поволности за идните корисници, почнувајќи од премиум локацијата и современа внатрешна организираност со концепт на агилен дизајн, па сè до примена на највисоките стандарди за квалитет.

Три типа на деловни содржини

Комплексот предвидува три типа на деловни содржини, кои поседуваат потенцијал строгиот центар на Скопје да го претворат во јадро на бизнис фелата.

Првите се дефинирани како посебен административно-деловен објект, вторите се лоцирани над шопинг галеријата која се гради во рамки на комплексот, додека третите се позиционирани во самите станбен-деловни објекти.

Посебниот административно-деловен објект е сочинет од две поединечни згради, од кои за едната инвеститор е Стопанска банка А.Д.- Скопје, која овој објект ќе го користи како свој деловен простор и истата е со висина од 11 ката. Втората, пак, наречена „Гранд Бизнис Центар“ претставува модерен канцелариски простор кој ги содржи истите карактеристики и архитектонски израз, но е со помала катност, од 8 ката.

Вториот тип деловни содржини се сместени над отворената шопинг галерија во централниот дел на комплексот која всушност претставува продолжение на шопинг-оската на Градскиот трговски центар.

Третиот тип деловни содржини, пак, позиционирани во самите станбено-деловни објекти ќе бидат сместени на пониските катови во комплексот, создавајќи можност за уживање во бројни кафе барови, ресторани и премиум продавници.

Во рамки на комплексот се предвидени и спортски содржини, како и содржини наменети за деца кои ќе креираат одлична можност за рекреација и социјализација, како за жителите на комплексот така и за неговите посетители.

Современа внатрешна организираност

Деловните простории нудат низа придобивки за идните корисници, почнувајќи од современа внатрешна организираност со концепт на агилен дизајн, па сè до примена на највисоките стандарди за квалитет во сите аспекти на изведбата.

Тие поседуваат врвни работни услови кои инспирираат иновации, поттикнуваат напредок и развој на бизнисот и се адаптираат на променливите деловни потреби кои динамичниот начин на работење ги наметнува.

Атрактивна надворешност и совршена врска со средината

Содржините наменети за бизнис цели се карактеризираат со оптимална поврзаност со околината, со впечатлива архитектура и фасада со современ израз.

Во административно- деловниот објект на вториот кат е предвидена и зелена тераса која изобилува со високо и ниско зеленило, која претставува одличен простор за социјализација на вработените.

Самата шопинг галерија, како и софистицираниот урбан парк кои ќе бидат дел од целиот комплекс „Гранд Скопје“ за вработените нудат совршен простор за релаксација која во текот на работниот ден е секогаш потребна и мотивира продуктивно работење.

Квалитетна градба и максимална функционалност

Просториите за деловна намена се проектирани согласно последните трендови во архитектурата и градежништвото, со употреба на модерни, еколошки и високо квалитетни материјали со минимален импакт на животната средина.

Функционалноста е императив во изградбата на деловните содржини кој располагаат со практично паркинг решение во подземните нивоа кое е наменето и за велосипеди и електрични превозни средства за кои е обезбедено место за полнач.

Доколку сте подготвени вашиот бизнис да го развивате на најатрактивната локација во Скопје побарајте персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или контактирајте го тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.

банки15 часа ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет20 часа ago

Време е за купување на NUCOR!

свет7 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју2 недели ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи