Connect with us

интервју

Диме Галапчев: Го развиваме првиот комплетен дигитален front-office за осигурителни компании и инвестициски фондови, поддржан со вештачка интелигенција

Диме Галапчев, основач на FinqUP

објавено

на

Замислете да купувате полиса за патничко осигурување со само еден изговорен збор, каде дигиталниот аватар  автоматски ќе ја пополни апликацијата наместо вас, ќе аплицира во ваше име и дури ќе пребарува на интернет за сите релевантни информации за вашето патување. Ова и уште еден куп други погодности ќе овозможат алатките што ги подготвува стартапот FinqUP.

Во ерата на дигитализација, финансиските институции се соочуваат со пресудна потреба за адаптација кон брзите промени во технологијата и потребите на потрошувачите. Во срцето на оваа трансформација е FinqUp, стартап кој се истакнува со својата иновативна мисија да го развие првиот комплетен дигитален front – office (продажба и корисничка поддршка) за осигурителни компании, инвестициски и пензиски фондови, поддржан со вештачка интелигенција. Основан од Диме Галапчев, FinqUp се стреми кон револуционирање на начинот на кој традиционалните финансиски услуги комуницираат и се поврзуваат со своите клиенти, преку брзо, интуитивно и пријатно корисничко искуство.

Со Диме Галапчев зборувавме за патеката на FinqUp кон дигитализацијата на осигурителната индустрија, предизвиците и можностите што ги носи вештачката интелигенција, како и за уникатните иновации кои ги развива компанијата за да се справи со динамичните потреби на денешните потрошувачи. Галапчев исто така објаснува како FinqUp се справува со високите стандарди за безбедност и усогласеност со регулативите, и ги споделува своите планови за иднината на компанијата.

Што значи генерално дигитализацијата во осигурителната индустрија и кои алатки во моментов ги користат компаниите во Македонија?

Со непрекинатиот развој на технологијата и зголемените очекувања на потрошувачите, алатките и технологиите кои се користат денес брзо застаруваат. Затоа, дигитализацијата не треба да ја гледаме како дестинација, туку како континуиран процес. Добра вест е што забележуваме дека кај голем дел од компаниите во секторот постои свесност за новите барања на клиентите и потребата од воведување дигитални технологии.

Кои дигитални технологии и алатки ги користат компаниите во светот, а сѐ уште не се применуваат кај нас? Кои се предизвиците при интеграцијата на дигитални технологии во финансискиот сектор во Македонија?

Во Македонија има простор за интеграции на нови технологии. Интеграцијата на нови напредни технологии кога постоечката инфраструктура не го поддржува тоа, претставува голем предизвик. Се работи за крива на зрелост, и затоа некои компании започнуваат со основни нивоа на дигитализација, а некои веќе континуирано инвестираат во унапредување.

Вештачката интелигенција е жешка тема изминативе две години. Како може ВИ да помогне во дигитализацијата на осигурителните услуги? [Да наведеме конкретни практични примери]

ВИ е технологија чиј потенцијал и капацитет за влијание допрва ќе се зголемува. Ние во FinqUp сме големи поддржувачи на вклучување на ваков тип алатки во сите сегменти во бизнисот: од автоматизација во бирократијата, до прегледување и автоматско анализирање на документи, како имотен лист, здравствен извештај, а и најважно од се персонализирана, прилагодена комуникација со секој клиент.

Како дојдовте до идејата за дигитален front-office за осигурителните и инвестициските фондови? Раскажете ни повеќе околу приказната на FinqUp и како вашите продукти помагаат на овие компании.

Идејата за развојот на дигитален front-office за осигурителните и инвестициските фондови произлезе од длабоко разбирање и анализа на современите трендови и потребите на потрошувачите, особено на новите генерации. Во основа, патот на FinqUP е инспириран од желбата да се создаде мост помеѓу традиционалниот свет на финансиските услуги и дигиталната ера, каде технологијата овозможува поедноставен и попристапен начин на вклучување.

Почетната точка на оваа иницијатива беше констатацијата дека традиционалните финансиски институции често се доживуваат како комплицирани и помалку достапни од страна на младите луѓе, кои бараат интуитивни и едноставни за користење дигитални решенија. Многумина од нив, во недостаток на подобри алтернативи, се одлучуваат за високо ризични опции како што се криптовалутите и онлајн тргувањето на акции.

Во тој контекст, FinqUP е основан со мисија да обезбеди модерни и безбедни дигитални алатки кои ќе им овозможат на корисниците да учествуваат во финансискиот систем со поголема доверба и разбирање. Ова вклучува развој на платформи фокусирани на подобрување на корисничкото искуство и пристап до едукативни ресурси кои им помагаат на корисниците да донесат информирани одлуки.

Младата публика денес очекува квалитетно и брзо корисничко искуство преку дигитални канали. На кој начин FinqUp го овозможува тоа за осигурителните компаниите и за нивните корисници?

Задоволувањето на очекувањата на крајните корисници е еден од нашите главни мотиви во FinqUp. Овде се стремиме кон постигнување брзо, пријатно искуство, едукација и персонализирани услуги. Од аспект на вредност за осигурителните компании, креиравме сеопфатна платформа која интегрира неколку клучни технологии за регистрирање, активација, лојалност и привлекување на клиенти.

Прво, воведувањето на е-Идентификација овозможува брз и лесен начин на пристапување до услугите преку отстранување на традиционалните бариери и компликации при регистрација и верификација на корисници.

Второ, развојот на различни симулатори им помага на корисниците да разберат што можат да очекуваат од осигурителните полиси, пружајќи им можност да експериментираат и да дознаат како различни параметри влијаат на нивното покривање и премии.

Трето, создавањето на мини социјална платформа им овозможува на корисниците да останат информирани за локални и глобални настани кои може да влијаат на нивните осигурителни потреби и инвестициски стратегии.

Четврто, интеграцијата на хуманоидни аватари е нов иновативен пристап кон подобрување на корисничкото искуство. Овие аватари можат да комуницираат со корисниците на различни теми – од образование за финансискиот сектор до конкретни прашања за услугите или дури и забава.

Сè ова, заедно со многу други иновации, ќе биде достапно преку една мобилна апликација, што очекуваме да го позиционира FinqUp како вистински партнер за осигурителните компании и нивните клиенти во дигиталната ера. Еден вака целосен и интегриран пристап не само што ги задоволува очекувањата на младите потрошувачи за брзо и ефикасно корисничко искуство, туку и ги трансформира финансиските трансакции во интуитивен, интерактивен и едукативен процес.

Колку наоѓаат разбирање кај домашните осигурителни компании за прифаќање на најновите технологии?

Нашето искуство е позитивно. Сите компании со кои што разговаравме се отворени за имплементирање на сеопфатно решение и платформа.

Дали има некои иновации во развој или други новитети од FinqUp што би сакале да ги споделите со нашата публика?

FinqUp непрекинато инвестира во иновации и развој, со посебен акцент на автоматизација преку вештачка интелигенција. Целиме да го трансформираме начинот на интеракција со финансиските услуги за корисниците. Нашиот тим работи на големи подобрувања особено во развојот на напредни хуманоидни аватари дизајнирани да понудат човечно и интуитивно корисничко искуство.

Една од клучните иновации на кои работиме е значителното подобрување на „човечноста“ и функционалноста на нашите аватари. Ова вклучува способноста за извршување на задачи со едноставна вокална команда од корисникот. На пример, процесот на купување патничко осигурување ќе биде драматично упростен: корисниците ќе можат да купат комплетна полиса за осигурување со само еден изговорен збор, каде аватарот автоматски ќе ја пополни апликацијата, аплицира во нивно име и дури пребарува интернет за сите релевантни информации за нивното патување. Нашата цел е да ги претвориме нашите аватари во ваш најдобар дигитален помошник и брокер, кој е способен да ги предвиди и задоволи вашите потреби со прецизност и интелигенција. Овие иновации се дел од нашата широка визија за унапредување на традиционалните финансиски услуги преку развој на решенија во чекор со динамичните очекувања на современите корисници и нивната сè поголема потреба за брза, ефикасна и достапна поддршка.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа