Connect with us

македонија

Димитров вели дека добил поддршка од многу меѓународни пријатели да биде премиер

објавено

на

Овие пораки, како што вели вицепремиерот за европски прашања во заминување, од коалицијата не биле прифатени со објаснување дека бил нереален идеалист, премногу принципиелен и не се разбирал од меѓупартиски пазари. „За мене овие критики се комплименти“, рече Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола Димитров, на денешната прес конференција откри и дека, наводно, добил поддршка од дел од меѓународната заедница да биде нов премиер по оставката на Зоран Заев.

„Некои од вас веќе знаат, и тоа не е тајна, после оставката на премиерот Заев, многу меѓународни пријатели се јавија со поддршка за јас да ја преземам Владата. Пораки што од коалицијата не беа прифатени со следново објаснување кажано на дел од вас новинарите: сум бил нереален идеалист, премногу принципиелен и не сум се разбирал од меѓупартиски пазари. За мене овие критики се комплименти и ако за овие политички особини нема место во оваа идна Влада, мора да им најдеме место во македонската политика и во македонското општество. Граѓаните кои тоа го бараат, граѓаните кои за тоа се бореа и се борат, заслужуваат да им се чуе гласот што сега повторно е потиснат од партиските вреви.“, рече Димитров.

На шпекулациите што се јавуваат деновиве околу можностите тој да формира партија, Димитров одговори дека нему „не му е важна формата, ни организацијата, ни функцијата, важни се принципите и заложбата за нив.“

„Нова партија? Што ќе ни е нова партија ако е поставена врз столбови врз коишто веќе се поставени постоечките партии? Сме се изнагледале низ годиниве и трети опции и нови партии потполно вклучени во истиот клиентелистички партиски апарат. Таква нова партија не ни треба. Тоа што ни треба е отворање на еден непријатен разговор за вистински промени на самиот систем. Јас ви ветувам дека ќе најдам начин тој разговор да го отворам и дека за тие промени ќе се борам и тој разговор нема да биде завршен додека сите барања од Револуцијата што требаше да донесе промени и дома, не само надвор, не бидат исполнети.“, рече Димитров.



економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал