Connect with us

економија

Директорката на Загрепска берза: Народните обврзници се добар тест на пазарот, имаме позитивно искуство во Хрватска со нив

објавено

на

Издавањето народни обврзници би бил добар тест за пазарот, да се испита како размислуваат граѓаните и инвеститорите, да се задолжи државата на домашен терен, да се испита колкава доверба имаат граѓаните во државата, а верувам дека и во Македонија ќе има интерес, вели во интервју за МИА Ивана Гажиќ, директорката на Загрепска берза, којашто учествува со 30 проценти во сопствеништвото на Македонската берза.

Наскоро и граѓаните во Македонија ќе можат да инвестираат во таканаречени граѓански или народни обврзници што ќе ги издаде Министерството за финансии и за тоа да добијат соодветен надомест, односно камата. Оваа новина пред хрватските инвеститори пред неколку денови ја најавија од Министерството за финансии, во рамки на настанот „Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонска берза и Загрепска берза, кој примарно беше наменет за хрватските инвеститори и финансиски посредници кои доаѓаат во Скопје.

„Планираме да издадеме она што Хрватска веќе го направи, граѓанска обврзница. Нашата намера е тоа најверојатно да биде пред летните одмори. Ќе се обидеме да ги убедиме нашите граѓани да имаат доверба во државата и инвестираат во сигурни хартии од вредност и за тоа да добијат сигурен прилив“, рече Дејан Николовски, првиот човек во одделот за јавен долг во Министерството за финансии.

Во интервју за МИА, пак, директорката на Загрепска берза, Ивана Гажиќ, вели дека издавањето народни обврзници би бил добар тест за пазарот, да се испита како размислуваат граѓаните и инвеститорите, да се задолжи државата на домашен терен, да се испита колкава доверба имаат граѓаните во државата, а верува дека ќе има интерес.

Гажиќ ги споделува позитивните искуства во Хрватска со овој инструмент, истакнувајќи дека повеќе од 43 000 луѓе, односно повеќе од еден процент од целокупната популација, инвестирале во народната обврзница.

Ивана Гажиќ на „Денови на македонскиот пазар на капитал“ во организација на Македонска берза и Загрепска берза

„Прогнозите беа дека интересот на јавноста ќе биде околу 500 милиони евра, додека остатокот од една милијарда евра беше планиран за институционални инвеститори. Она што се случи при самото запишување ги изненади сите. Имено, само граѓаните запишаа 1,35 милијарди евра, а фондовите запишаа дополнителни 500 милиони евра. Најмладиот инвеститор има 19 години, а најстариот 99 години“, објаснува директорката на Загрепска берза, којашто има 30% од капиталот на Македонска берза.

Таа во интервјуто се осврнува на работата на Македонската берза, состојбата и потенцијалите за развој на пазарот на капитал, како и претстојните реформи на нашиот пазар поради усогласувањето со европските директиви. 

„Овие процеси не се едноставни и безболни, но се неопходни за пазарот да влезе во елитниот клуб на оние кои сакаат да ги следат највисоките стандарди на транспарентност и ефикасност и да ја стекнат довербата и кај компаниите и кај инвеститорите“, порачува Гажиќ.

Во интервјуто за МИА таа вели дека од првите денови на нивната релација со Македонската берза соработката е одлична. Според Гажиќ, Македонската берза е многу добро организирана и проактивна организација.

„Македонската берза за хартии од вредност функционира многу добро, во согласност со стандардите и ја има поддршката од регулаторот во напорите за понатамошен развој на пазарот. Професионалноста на вашиот регулатор ја почувствувавме и преку процесот на добивање одобрение за стекнување на квалификуван удел, за што сме многу благодарни. Сметаме дека македонскиот пазар има потенцијал, особено во однос на акумулираните заштеди, а има и добри можности за инвестирање, но како и во случајот со Хрватска, сеопфатна национална стратегија за развој би му дала дополнителен поттик на овој сектор. Исто така, приватизацијата на државните компании преку берза секогаш го дава потребниот поттик за уште посилен развоен исчекор. Државата секако би можела во поголема мера да ги искористи можностите на пазарот на капитал, во двете земји.

Работата на Одборот на директори на Македонска берза ја сметам за многу професионална, особено со оглед на тоа што имав можност да бидам или се уште сум член на повеќе надзорни одбори. Со цел мое полесно учество на седниците, почнав да го изучувам и македонскиот јазик.“

економија17 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал