Connect with us

македонија

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

објавено

на

Се очекува интеграција на капацитети од 700 мегавати од ветерни електрани и над 1000 мегавати од сончеви електрани во домашниот електроенергетски систем во блиска иднина. За сето ова да се исполни треба континуирано да се инвестира во реконструкција и надградба на преносната мрежа, истакна директорката на АД МЕПСО, м-р Ева Шуклева на Македонскиот енергетски форум.

Во рамки на денешниот Македонски енергетски форум, директорката на “МЕПСО“ м-р Ева Шуклева, се осврна на тоа како всушност зголемувањето  на  капацитетите на обновливи извори на енергија во земјава, влијае врз потребата од инвестиции во електропреносната мрежа, со цел нејзино прилагодување кон напливот од новопроизведена “зелена“ струја.

„Улогата на МЕПСО е особено значајна во развивањето инфраструктура која ќе го овозможи продорот на технологии кои користат обновливи извори на енергија. На тој начин ќе придонесеме до декарбонизација на енергетскиот сектор што е стратешка цел на ЕУ и земјава“, рече Шуклева во рамки на панелот „Предизвици на регионалната енергетска интеграција во согласност со енергетските приоритети на ЕУ и Зелениот договор 2050“.

Таа рече дека се очекува интеграција на капацитети од 700 мегавати од ветерни електрани и над 1000 мегавати сончеви електрани во домашниот електроенергетски систем во блиска иднина. За сето ова да се исполни треба континуирано да се инвестира во реконструкција и надградба на преносната мрежа.

„Овие инвестиции се потребни за зголемување на сигурноста на целокупната мрежа, вклучувајќи далноводи, трафостаници, системи за заштита, како и за приклучок на производството од ветроелектраните и сончевите електрани. МЕПСО во овој момент е во голем инвестициски циклус за реконструкција на трансформаторските станици и далекуводи. Меѓутоа, најголем предизвик е реконструкцијата на далекуводите на 110 киловолтно напонско ниво. Во согласност со инвестицискиот  план, на системот до 2024 година му е потребно вложување од 163 милиони евра“, објасни Шуклева.

Интерконекторот Битола – Елбасан од големо регионално значење

Шуклева  истакна дека со новиот Закон за енергетика и Стратегијата за развој на енергетиката се цели кон поголема интеграција на македонскиот енергетски систем  во рамки на енергетските пазари во Европа, намалувајќи ја притоа енергетската зависност на државата и овозможувајќи ја потребната флексибилност за поголема интеграција на обновливите извори.

„Во делот на интеграција и сигурност на енергетските пазари, улогата на МЕПСО е следнава: реализација на новата интерконекција со Албанија, континуирано инвестирање и реконструкција на преносната мрежа, поврзување со пазарот во Бугарија и учество во иницијативите за формирање на регионален пазар, управување со флексибилноста на системот за воспоставување на механизам за балансирање за краток период, како и користење на постојните и изградба на нови електрични централи. “, рече Шуклева.

Во оваа прилика таа објасни и што ќе значи новиот проект за интерконекција со Албанија, односно интерконекцијата помеѓу Битола и Елбасан, којашто е од голема важност и е последниот сегмент од реализацијата на Коридорот 8 за пренос на електрична енергија помеѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.

„Овој проект е од огромно регионално значење и е од интерес на Европската енергетска заедница. На наша територија ќе биде во должина од 97 км, поставен на 267 столбови, предвидува изградба на нова 400 киловолтна трафостаница кај село Мешеишта, охридско, со што ќе се надминат и проблемите во преносната мрежа и во југозападниот дел од земјава. Тендерот го објавивме лани во август, далекуводот ќе го градат Енергоинвест од Сараево и Кончар од Загреб, во тек е изработка на проектна документација, експропријациите на земјиштето се при крај. Очекуваме проектот да не доцни и покрај реалните проблеми поради ковид ситуацијата.“, рече Шуклева.

економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија