Connect with us

свет

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

објавено

на

Извршниот одбор на ММФ смета дека нема јасни докази оти Кристалина Георгиева, додека била извршна директорка на Светската банка ја злоупотребила својата позиција и влијаела врз изработувачите на извештајот „Дуинг Бизнис 2018“ да „шминкаат“ некои податоци во корист на Кина и други земји.

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека нема јасни докази оти актуелната директорка  на ММФ, Кристалина Георгиева, имала компромитирачка улога во врска со извештајот Дуинг бизнис 2018, додека била извршен директор на Светската банка.

“Откако ги погледнавме сите расположливи докази, Извршниот одбор ја потврдува својата целосна доверба во лидерството на директорката и нејзината способност да продолжи ефективно да ги исполнува нејзините должности. Бордот верува во посветеноста на директорката да одржи највисоки стандарди на водство и интегритет во ММФ“ , се вели во официјалното соопштение на  ММФ.

Да потсетиме, Кристалина Георгиева се најде во фокусот на скандалот неодамна, откако Светската банка го откажа објавувањето на својот познат извештај  „Дуинг бизнис“ (Doing Business) којшто ја оценуваше бизнис климата на земјите во светот, бидејќи  внатрешната истрага покажала дека членови на високото раководство на Банката вршеле притисок врз изработувачите на извештајот да менуваат податоци што влијаат врз рангирањето на Кина и некои други земји.

Во редот на раководителите се и поранешната извршна директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, којашто сега е директор на Меѓународниот монетарен фонд, како и тогашниот претседател на Светска банка, Џим Јонг Ким.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите