Connect with us

македонија

Директорот на ЕСМ: во јануари ново поскапување на струјата

објавено

на

Во четврток неделава државата ќе прогласи нова кризна состојба на пазарот со струја, која ќе стапи на сила од први септември, потврдија од Министерството за економија.

Во јануари, според генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, се очекува ново поскапување на струјата.

– Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување, изјави Ковачевски за ТВ 24.

Во однос на престојната зима, Ковачевски повтори дека струја ќе има и дека рестрикциите не се опција.

„Сите најави и показатели за наредните месеци покажуваат дека пред нас престои една од најтешките зими во последните 70 години. Мораме да бидеме максимално подготвени“, рече Ковачевски, уверувајќи дека ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и дека нема да се увезува електрична енергија.

Од Владата инаку веќе признаа дека не’ очекува тешка зима од аспект на потрошувачка на електрична енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши рече неодамна дека ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут.

„Планирано е да работат сите три блока во РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино“, а во моментов треба да ги зачуваме хидроенергетските капацитети за да имаме електрична енергија за зимскиот период“, рече Бектеши.

Во четврток неделава државата ќе прогласи нова кризна состојба на пазарот со струја, која ќе стапи на сила од први септември, потврдија од Министерството за економија.

Ова е втора по ред од почетокот на годинава. Со прогласувањето државата ќе може финансиски да го помага ЕСМ да набавува јаглен и мазут за да може да се стават во функција сите енергетски капацитети.

Од први септември на сила ќе стапат и препораките за штедење на електрична енергија. Меѓу препораките е исклучување на уличното осветлување наизменично на секоја втора улица.

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност