Connect with us

македонија

Директорот на Одделот за статистика на ММФ: Во последните две години, Народната банка оствари исклучителни успеси во сферата на статистиката

објавено

на

Статистичките податоци коишто ги објавува Народната банка се усогласени со највисоките меѓународни стандарди коишто ги исполнуваат само 26 земји во светот.

Народната банка се вбројува меѓу централните банки коишто и покрај пандемијата, без прекин ја унапредуваат својата статистика. Конкретна потврда за тоа е  објавувањето на годишните податоци за финансиските сметки. Постигнато е многу и на планот на дисеминацијата на податоци, откако започна да работи статистичкиот портал „НБСтат“. Статистичките податоци коишто ги објавува Народната банка се усогласени со највисоките меѓународни стандарди коишто ги исполнуваат само 26 земји во светот.

Ова го истакна директорот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд,  Луј Марк Душарм, на состанокот со тимот на Народната банка, предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.     

                                                                           

На средбата, Душарм посочи дека остварувањата на Народната банка во сферата на статистиката, особено во изминатите две години, придонесоа за исклучителни успеси коишто се од големо значење и за севкупниот статистички систем на земјата. Но, како што беше нагласено, тоа е значајно и за економијата во целина, бидејќи дава основа за носење исправни одлуки, како од носителите на политиките, така и од корпоративниот сектор. Истовремено беше нагласено дека е значајно што Народната банка, од почетокот на корона-кризата наваму, сите статистички истражувања ги оствари без доцнење.

Во разговорот со експертите од Одделот на ММФ  беше истакнато и дека Народната банка постојано работи на подобрување на транспарентноста, квалитетот и обемот на статистичките податоци коишто ги подготвува. Јасното, навременото и квалитетното известување за монетарните и финансиските состојби и движења е од особено значење при носењето на политиките, коишто овозможуваат одржување на макроекономската и стабилноста на финансискиот сектор.

Народната банка, пред неполна година, започна со објавување на податоците за годишните финансиски сметки на домашната економија, коишто ги прикажуваат состојбите на финансиските средства и обврските. Ова беше значаен чекор за домашниот статистички систем, бидејќи овие податоци даваат детални информации за состојбата и промените на финансиските средства и обврските на одделните сектори, нивната структура по одделни финансиски инструменти, како и меѓусебната финансиска изложеност на одделните сектори. Оттаму, финансиските сметки се важен извор на информации за носителите на економските политики.

На средбата беше истакнато дека Народната банка засилено работи и на подготовка на нови статистички податоци, односно целосно заокружување на показателите што се во нејзина надлежност, согласно со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоци на Меѓународниот монетарен фонд – СДДС плус, којшто го исполнуваат само 26 земји во светот.

Беше посочено и дека Народната банка преку повеќе проекти со ММФ, Европската Унија и Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO), работи на јакнење на статистичките капацитети.  

На состанокот учествуваше и тимот од Министерството за финансии, предводен од министерот Фатмир Бесими.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал