Connect with us

свет

Доаѓа вистински кошмар за економиите: стагфлација како во 1970-те!?

објавено

на

Светската банка во вторникот ја коригираше надолу прогнозата за раст на глобалната економија годинава, од 4,1% на 2,9%, за разлика од растот од 5,7% забележан лани.

Една од најважните финансиски институции во светот со ова само се придружи кон големиот број песимистични аналитичари коишто излегуваат со лоши предвидувања за светските економски текови деновиве. Што е најлошо, од Светската банка алармираат дека многу земји би можеле да влезат во рецесија, односно во период на стагфлација карактеристичен за 1970-те години од минатиот век. Стагфлација е најлошото сценарио, вистински кошмар  за креаторите на економски политики, кога истовремено имаме висока стапка на инфлација, а економската активност забавува и невработеноста расте.

Растот во земјите во развој, се очекува да биде 3,4%, за разлика од 6,6% во 2021, што е доста пониско од годишниот просек од 4,8% карактеристичен за периодот од 2011 до 2019 година.

“Војната во Украина, локдауните во Кина, нарушените синџири на снабдување и ризиците од стагфлација го рушат економскиот раст. За многу земји, рецесијата ќе биде тешко да се избегне“, рече претседателот на Светската Банка Дејвид Малпас.

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија4 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија1 недела ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија1 недела ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки1 недела ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити