Connect with us

економија

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

објавено

на

Зошто е важна техничката анализа? Зошто е неопходна повеќе временска рамка за анализа и што подразбира таа? Како да се користи анализа на повеќекратна рамка за да се извлечат сигнали? На овие и на други битни прашања во врска со тргувањето со акции и други хартии од вредност ќе биде одговорено на вебинарот што ќе го организира Инвест Поинт на 20 јуни, преку платформата Zoom.

Да се читаат графикони и да се прават случајни зделки е една работа, но да го организирате читањето на вашите графикони и да ги елиминирате предрасудите додека тргувате е сосема друго, велат во Инвест Поинт, компанија за финансиска едукација од Скопје.

Токму затоа, тие организираат вебинар на 20 јуни, каде што искусен професионалец ќе го пренесе на слушателите концептот на техничка анализа и ќе објасни зошто е таа важна во процесот на тргување со акции и други хартии од вредност, и како да се користи.

„Главната цел на овој вебинар е да се развие процесно ориентиран начин на размислување. Ќе научите како се користат повеќе временски рамки, нивното значење и како да ги користите за да ги подобрите вашите одлуки за тргување. Потоа, ќе откриеме како да формулираме прецизни правила врз основа на нашата студија и како да ги користиме при тргувањето. Ќе користиме и еден од индикаторите за да изградиме јасна стратегија за тргување и ќе го следиме нејзиниот напредок со текот на времето.“, објаснуваат од Инвест Поинт.

Учесникот треба да може да го научи целиот процес на тргување од ова предавање, каде што прво ќе се учи концептот и неговото значење, потоа се развиваат логички правила и на крајот слушателот се доведува до значаен заклучок што може да му помогне при тргувањето да ги минимизира непотребните зделки, да ги елиминира предрасудите во цената, и објективно да тргува имајќи во предвид подолга временска рамка.

Предавач на вебинарот е Лавлеш Шарма, овластен пазарен техничар, Здружение CMT, САД и овластен финансиски техничар, IFTA, САД. Професионалец со над 10 години искуство и докажани перформанси во истражување и анализа на пазарот на акции, деривати и берзански стоки.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас