Connect with us

македонија

Домашните аналитичари очекуваат пад на економијата од 4,3% до крајот на годинава

објавено

на

Нема позначителни промени во очекувањата на економските аналитичари. Тие и натаму очекуваат умерена, ниска и стабилна инфлација. Во однос на економскиот раст, аналитичарите очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата во следните две години. Заклучоците од оваа анкета ги претставуваат ставовите на испитаниците – економски аналитичари.

Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2020 ‒ 2022 година, спроведена во септември од Народната банка, не упатува на позначителни промени во очекувањата за просечната стапка на инфлација.
Во однос на очекуваниот раст на БДП, Анкетата покажува надолна ревизија за 2020 година, односно очекувања за уште подлабок пад на економијата, приспособување коешто економските аналитичари главно го објаснуваат со пролонгирањето на ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, а за следниот период се забележуваат умерено повисоки очекувања за економски раст, велат од Народната банка.
Во однос на инфлацијата, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се речиси непроменети во однос на претходната анкета и упатуваат на просечна стапка од 0,6% во 2020 година (0,4% во претходната анкета), додека за 2021 и 2022 година и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,3% и 1,6%, соодветно. Испитаниците, слично како и во претходната анкета, ги наведуваат неизвесноста и надолните ризици од пролонгирањето на кризата предизвикана од корона-вирусот, намалената активност на домашната и глобалната економија, ниската домашна побарувачка и влошувањето на пазарот на труд, како и пониските увозни цени на енергенсите и храната, како фактори коишто би придонесле за намалување на стапката на инфлација.
Од друга страна, растот на цените на становите, како и привремениот пораст на цените на добрата за кои би можело да се јави недостиг на пазарот како резултат на нарушените глобални синџири на снабдување, може да придонесат за зголемување на инфлацијата. Во следните две години, испитаниците очекуваат дека постепеното надминување на кризата и закрепнувањето на економијата ќе придонесат соодветно и за забрзување на инфлацијата.


Во поглед на економската активност, во споредба со претходната анкета, анкетираните аналитичари очекуваат подлабок пад на домашната економија во 2020 година од 4,3% (наспроти очекуваниот пад од 3,2% во претходната анкета), но и малку повисок раст во 2021 и 2022 година од 2,7% (мала нагорна ревизија од 0,1 п.п.) и 3,4% (нагорна ревизија од 0,3 п.п.), соодветно. Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги поврзуваат ваквите очекувања со: неизвесноста од глобалната криза од вирусот ковид-19 и можноста за воведување нови рестриктивни мерки за справување со него, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и воздржаноста на странските и домашните инвеститори и пониската кредитна активност.

Од друга страна, аналитичарите очекуваат дека преземените монетарни и фискални мерки, напредокот во евроатланските интеграции, оптимизмот за пронаоѓање на вакцината којашто би била ефикасна за справување со корона-вирусот, како и забрзаното остварување на капиталните проекти во локалните самоуправи и продолжувањето со капиталните проекти во патната и железничката инфраструктура ќе имаат позитивно влијание врз растот во наредниот период и ќе придонесат за посткризно забрзување на растот на економијата.



Во рамките на Анкетата испитаниците даваат и свој поглед за распределбата на веројатноста за остварување определени стапки во зададен интервал. Овие оцени се користат за создавање на агрегатната распределба на веројатностите . Агрегатната распределба на веројатностите за остварување на дадените стапки на инфлација и БДП во петнаесет интервали се прикажани на следниве графикони, а резултатите главно се совпаѓаат со стапките коишто ги очекуваат испитаниците.

Во согласност со очекувањата за стапката на инфлација, како и неизвесноста од влијанието од глобалната пандемија, во однос на претходната анкета, распределбата на веројатностите за 2020 година упатува на поместувања и концентрација на веројатностите во интервалот на очекуваната просечна стапка на инфлација. При непроменети очекувања во однос на просечната стапка на инфлација, за 2021 година се забележува повисока концентрација на веројатностите во интервалот на очекуваната стапка во однос на претходната анкета, додека за 2022 година распределбата на веројатностите бележи мало поместувања во двете насоки и нивна концентрација во и околу интервалот на очекувана стапка на инфлација.



Во согласност со надолните поместувања кај очекуваната стапка на раст на БДП за 2020 година се и поместувањата во распределбата на веројатностите кон понегативните интервали. За 2021 и 2022 година, распределбата на веројатностите е главно слична како и во претходната анкета.

Continue Reading
економија8 часа ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

технологии / компании1 ден ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија2 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

технологии / компании3 дена ago

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

коментари4 дена ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

интервју4 дена ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари4 дена ago

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

политика4 дена ago

Столб на срамот, наместо на демократијата

банки5 дена ago

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

македонија5 дена ago

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

интервју4 дена ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

македонија5 дена ago

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

технологии / компании3 дена ago

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

коментари4 дена ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

коментари4 дена ago

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

интервју6 дена ago

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

економија6 дена ago

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

коментари6 дена ago

Александар Стамболиев: Акцелераторите се срцето и фокусот на иновативните екосистеми

политика4 дена ago

Столб на срамот, наместо на демократијата

коментари6 дена ago

Мишко Ралев: Пандемијата ги обликува работните простори