Connect with us

македонија

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

објавено

на

Овогодишниот донаторски кружок беше олицетворение на колективното зајакнување и великодушност. Граѓаните донираа, а бизнисите „НЛБ Банка“, „ЕВН“, Цементарница „Усје“, „Уника“, „Силкапор“, „Даути комерц“, „The Funding Network“ и „Фармахем“ ги удвојуваа вредностите на нивните донации со што собраа 1.000.033 денари од индивидуални и корпоративни донации за следните три одбрани организации за овогодинешниот донаторски кружок.

Конект го одржа до сега најуспешниот донаторскиот кружок. Вчеравечер, над 160 граѓани и бизниси, поединци од сите сфери на животот, заеднички донираа за да направат значајна разлика во нашите заедници.

Овогодишниот донаторски кружок беше олицетворение на колективното зајакнување и великодушност. Граѓаните донираа, а бизнисите „НЛБ Банка“, „ЕВН“, Цементарница „Усје“, „Уника“, „Силкапор“, „Даути комерц“, „The Funding Network“ и „Фармахем“ ги удвојуваа вредностите на нивните донации со што собраа 1.000.033 денари од индивидуални и корпоративни донации за следните три одбрани организации за овогодинешниот донаторски кружок.

Акција Здруженска – Во помалите места жените најчесто се безгласни, не одлучуваат, ги нема пред кооперација, а во општина влегле само за венчавка. Женските кружоци се единствените места каде тие oрганизирано се охрабруваат и стануваат гласноговорнички. Дониравме во фондот за да продолжат да туркаат за пристап до вода, превоз, едукација, здравје и женски права во заедниците.

Енхелеус Лихнид – Во охридско с. Лакочереј и околината младите немаат каде да се дружат. Нивна голема желба е старото напуштено училиште да го пренаменат во мултифункционален креативен центар за млади каде тие ќе можат да создаваат, да се дружат, дебатираат, учат, свират и забавуваат. Донациите ќе им помогнат на младите кои веќе работат на пренамена на објектот, кој безделничењето ќе го замени со организиран младински развој.

Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Насилството врз жените во Шуто Оризари често се смета за нормално во семејството. За тоа жените тешко зборуваат и бараат помош. Дониравме за центарот што за само 8 месеци успеа да помогне на 65 жени и нивните деца. Помогнавме овој единствен центар да добие официјална лиценца од државата. Така ќе опстои на долг рок да нуди решенија на жените соочени со безизлез.

„Воодушевени сме од ентузијазмот и солидарноста на дело што го покажува нашето друштво на жени и мажи филантропи што донираат заеднички и обмислено. Успехот на донаторскиот кружок ја покажува моќта на заедницата која прави промените кои сакаме да ги видиме остварени во општеството. Негуваме култура на солидарност и поддршка. Конект ја изразува својата благодарност до сите донатори, индивидуални и корпоративни, како и волонтери кои придонесоа овој настан да е толку посебен.“ – изјави г-га Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Здружението Конект со овие три организации ќе потпише договор за донација и ќе го следи нивното работење во однос на остварување на целта за која е доделена донацијата. Донациите се отворени и може да се донира за една од трите организации. За повеќе информации обратете се во Конект на 02/3224 198 или на konekt@konekt.org.mk и паметно вложете ја својата донација.

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружение Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската Стопанска Комора.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија