Connect with us

македонија

Дојран создаде зелена оаза за своите граѓани и за туристите

објавено

на

Благодарение на активностите во рамките на проектот „Дојран – туристички бисер во Југоисточна Македонија“, за кој се инвестираа околу 650 илјади евра од ЕУ и државата преку Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Дојран може да се пофали со прекрасно уреден парк покрај самиот брег на Дојранското Езеро – вели Анго Ангов, градоначалник на Општина Дојран.

Ниту едно туристичко место не е комплетно уредено доколку нема добра зелена рекреативна зона, односно место за одмор, пешачење, зона со детски терени и се разбира шармантно хортикултурно уредување.

Благодарение на активностите во рамките на проектот „Дојран – туристички бисер во Југоисточна Македонија“, за кој се инвестираа околу 650 илјади евра од ЕУ и државата преку Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Дојран може да се пофали со прекрасно уреден парк покрај самиот брег на Дојранското Езеро – вели Анго Ангов, градоначалник на Општина Дојран.

Прекрасната рекреативна зона во срцето на туристичкиот Стар Дојран е создадена на површина од 20.700 квадратни метри. Оваа зелена оаза ги привлекува граѓаните на Дојран, но и на туристите што го посетуваат малото и кротко местенце, на чија клима и гостопримливост сите се радуваат.

Паркот е целосно осветлен со модерни лед светилки, поставена е и урбана опрема, клупи, масички и летниковци на кои посетителите може да одмораат, да прават пикник и едноставно да уживаат во прекрасниот поглед што ги опкружува.

Дополнителен белег на паркот е оградениот терен за рекреација на домашните миленици со површина од 600 квадратни метри.

Благодарение на реализацијата на овој проект за кој бевме највисоко рангирани при селекцијата, значително се измени и подобри ликот на централното градско подрачје на Дојран, а секако и се збогати туристичката понуда во градот. Нашата цел е да имаме гости во текот на целата година, цел која во изминатиот период се покажа дека успешно ја достигнуваме – појаснува првиот човек на Дојран.

Многу од активностите беа преземи на Отворената летна сцена и околу неа. Таа беше санирана и реконструирана, асфалтирана беше улицата до неа во должина од 100 метри, санирани беа оштетените делови од Сцената, а беше реконструирана и сцената за изведба. Посебно внимание се посветило и на партерното и хортикултурно уредување на Сцената, на површина од 3.600 квадратни метри.

Пешаците денес имаат пешачка патека во должина од 830 метри, а за децата се изградени мало и големо детско игралиште со површини од 270 и 540 квадратни метри. Љубителите на домашни миленици, пак, можат да уживаат во паркот за миленици со површина од 600 квадратни метри.

Проектот „Дојран – туристички бисер на Југоисточна Македонија“ заслужено се најде на листата на 14 најдобри проекти што беа поддржани со европската програма.

Сето ова беше реализирано со буџет од 561.234 евра, од кои Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија одвоија 488.533 евра, а 72.701 евро обезбеди Општина Дојран.

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) беше проект финансиран од ЕУ насочен кон подобрување на придонесот на туризмот кон локалниот економски развој.

Сите успешни приказни од ПЛРК можат да се видат тука.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите