Connect with us

свет

До вчера јагма за чипови, сега побарувачката паѓа

Производителите на „меморија“ во неволја

објавено

на

Samsung – најголемиот светски производител на мемориски чипови деновиве објави пад на оперативниот приход од 32 отсто, додека производителот на компјутерски процесори AMD рече дека ќе ја промаши претходната прогноза за околу 1 милијарда долари.

По рекордните години што ги доживеаја, а кои изгледаат далеку зад нас, производителите на чипови предупредуваат дека бележат голем пад на побарувачката за нивните производи. Најновиот крик од технолошкиот сектор го испратија производителите Samsung Electronics Co. и Advanced Micro Devices Inc. (AMD) коишто ја известија јавноста за нивните разочарувачки продажни резултати кои беа со милји далеку од проекциите што овие компании.

Samsung – најголемиот светски производител на мемориски чипови деновиве објави пад на оперативниот приход од 32 отсто, додека производителот на компјутерски процесори AMD рече дека ќе ја промаши претходната прогноза за околу 1 милијарда долари.

Тие катастрофални бројки следеа по мрачните коментари од производитe на мемориски чипови Micron Technologies Inc. и Kioxia Holdings Corp., кои ја намалија потрошувачката и производството во обид да ги стабилизираат цените коишто се во слободен пад. Акциите на AMD исто така се во пад, како и акциите на останатите производители на чипови, вклучително и Nvidia Corp. и Intel Corp. Но, тие не се единствените во проблеми. Производителите на персонални компјутери како што е Lenovo исто така имаат намалени продажби.

За да не биде се така мрачно, тајванскиот производител на чипови Taiwan Semiconductor Manufacturing Co се погрижи да објави раст на кварталните приходи, и тоа  не мал раст од 48 проценти. И тоа е единствениот позитивен пример во последниот квартал.

Стравот од рецесија ја намалува побарувачката за потрошувачка електроника

Компаниите за потрошувачка електроника кои се бореа со недостиг на чипови за време на пандемијата сега се соочуваат со остар пад на побарувачката, иако трошоците за испорака и материјали остануваат високи. Стравот од рецесија го прави намалувањето на трошоците како нова норма во технолошката индустрија, а компаниите кои трупаа залихи од  чипови две години по ред  сега решаваат да ги откажат или одложат нарачките и да ја искористат залихата.

Индустријата за полупроводници, исто така, се бори со извозните ограничувања од американската влада, која секојдневно го засилува притисокот врз своите сојузници да спречат испораки на чипови од високата класа до се’ поголем број кинески компании, што ги попречува производителите на чипови како AMD и Nvidia.

Понудата и побарувачката не се единствените причини за сегашниот пад, рече Хео Пил-Сеок, главен извршен директор на Midas International Asset Management во Сеул.

„Ако AMD, Nvidia не можат да ги продаваат своите чипови во Кина, заработката на производителите на меморија дополнително ќе се влоши“, смета Сеок.

Сегментот на персонални компјутери, кој со години е во опаѓање, изгледа особено ранлив, но сериозната рецесија би ја загрозила побарувачката и во областите кои досега беа солидни, како што е cloud computing.

Падот на побарувачката, исто така, се одрази на намалувањето на цените на акциите низ синџирот на снабдување со полупроводници, од производителите на материјали како што е JSR Corp.,  до производителите на чипови како што е Advantest Corp. и Screen Holdings Co. Дури и акциите на производителите на силиконски плочки како што е Shin-Etsu Chemical Co. и Sumco Corp. паднаа.

Шефот на бизнисот со чипови на Samsung, Кјунг Кјехјун, минатиот месец изјави дека не гледа закрепнување на пазарот на чипови дури и во текот на следната година.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство