Connect with us

македонија

До крајот на годинава ќе почне да излегуваат ретровизори од струшката фабрика на Магна Интернационал

Уште една странска инвестиција во Македонија

објавено

на

Еден од најголемите  производители на автомобилски делови во светот, канадската „Магна“,  до крајот на годинава ќе почне со производство на ретровизори, прво за „Дачиа Дастер“, во фабриката што се гради во ТИРЗ Струга.

„Канадската компанија „Магна“, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сѐ поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата“, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција на „Магна Интернационал“ која ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

На презентацијата на инвестицијата, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалниците на Охрид и Струга, како и претставници на раководството на „Магна“.

Премиерот Заев истакна дека инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од  околу 17.000м2.

Потпретседателот на компанијата „Магна“, Дејвид Креспи, ја презентираше новата инвестиција во Струга и рече дека „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди долари.

Планирани вкупно 1.200 вработени

Премиерот Зоран Заев и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски (лево) истакнаа дека инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од околу 17.000м2. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места.

Производството на првите производи од Северна Македонија, ретровизори за „Дачиа Дастер“ е планирано кон крајот на 2021 година. Согласно договорот за државна помош, висината на инвестицијата изнесува најмалку 35 милиони евра. Согласно договорот, висината на државната помош е 50% од реализираната инвестиција која ќе се имплементира преку даночни и царински ослободувања како и грантови за отворање нови работни места, за оправдани инвестициски трошоци и за конкурентност.

„Во моментот веќе се вработени 40 лица, а согласно договорот за државна помош ќе бидат вработени 300 наши сограѓани. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места. Новата инвестицијата во Струга е уште една потврда за заложбите на оваа Влада за рамномерен регионален развој  за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија. Ова е прилика да упатам и од ова место порака до инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија. Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Премиерот подвлече дека придобивките од оваа инвестиција се бројни, а една од нив е интензивирање на соработката со домашните компании.

„За таа цел започнат е процес на идентификување на локални добавувачи од Северна Македонија кои би се вклучиле како потенцијални добавувачи на суровини за „Магна“, но и за останатите компании. Ваквата соработка со локалните компании има силен придонес за севкупната економија во државата. Владата ги поддржува инвестициите кои креираат висока додадена вредност, имплементираат современа технологија, нови работни места, извезуваат, го раздвижуваат деловниот амбиент и придонесуваат во развојот на економијата“, рече Заев.

Акцент на квалитетни инвестиции

Потпретседателот на компанијата „Магна“, Дејвид Креспи, ја презентираше новата инвестиција во Струга и рече дека „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.

Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони рече дека компанијата „Магна“ ќе им донесе добар стандард и можност за успешна кариера на над 1.200 наши сограѓани, особено млади луѓе.

„Со вложување во вакви технолошко напредни компании кои носат повисоки плати им обезбедуваме пристоен живот и шанса за успешна кариера овде дома. Со менаџментот на „Магна“ веќе разговараме и за проширување на инвестицијата и ќе се ангажираме тоа да се оствари. Со новиот концепт на привлекување инвестиции кој изминативе неколку месеци го применува ТИРЗ, успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра, кои ќе донесат и нови 8.500 работни места. Ова е доказ дека инвеститорите ги препознаваат инвестициските мерки на Владата со кои креираме нова развојна економска политика и поволна бизнис клима. Целта е да одиме напред со инвеститори кои растат заедно со државата“, рече Деспотовски.

На настанот во своите обраќања младите инженери вработени во  „Магна“, Кристина Добревска и Мишо Велјаноски упатија мотив за сите идни заинтересирани за професионален развој согласно современи стандарди.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација