Connect with us

start up

Душко Муртовски, Вижн Дајнемикс: Развивме сосема нова технологија за 3Д мапирање со дрон

Вижн Дајнемикс, македонска софтверска компанија

објавено

на

Формиран  како спин – оф компанија на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, Вижн Дајнемикс (Vision Dynamix) разви  производ што е конкурентен и со оние кои се развиваат од страна на стартапите од Силиконската долина. Станува збор за софтверска платформа (Dynamix Mapper) која создава 3Д мапи со голема прецизност, користејќи state of the art алгоритам за симултана локализација и мапирање (SLAM), спротивно на постоечките и застарени фотограметриски техники. Покрај прецизноста, уникатната конкурентска предност на ова иновативно решение произлегува пред сѐ од брзината, со оглед на фактот што целиот систем е за 20 пати побрз од конкурентските.

Како една амбициозна магистерска работа може да прерасне во стартап приказна најдобро ќе ви раскаже Душко Муртовски, ко-сопственик на компанијата Вижн Дајнемикс (Vision Dynamix) од Скопје, специјализирана за развој на т.н. 3Д мапирање. Постдипломскиот труд на Муртовски од областа на 3Д моделирањето бил реализиран на Факултетот за електротехника и информациски технологии  под менторство на проф. Миле Станковски.

Душко и неговиот ментор увиделе дека проблематиката обработена во магистерската има потенцијал да се развие во комерцијален производ и решиле да основаат стартап компанија. Набрзо потоа добиле грант од Фондот за иновации и со тие средства го започнале  развојот на алгоритамот кој довел  до нивниот  финален производ. После одредено време нивната идеја и работа ја препознал  инвеститор од Холандија кој вложил одредени средства за да продолжи развојот на нивниот  производ.

„Меѓутоа, сложеноста на алгоритмите на кои почиваше бараше многу повеќе труд и работата на развојот мораше да продолжи за што  требаше да се пронајдат дополнителни средства.“, вели Муртовски, раскажувајќи ни ја сторијата за Вижн Дајнемикс.

Во тоа време се појавил X Factor Accelerator-от  од Велес со своите програми, Муртовски и проф. Станковски  ја виделе нивната посветеност и го прифатиле предизвикот да влезат  во нивната програма за поддршка на стартап компании.

„Уште од првите средби со луѓето од X Factor видовме дека може да соработуваме и да добиеме партнер во нашиот развој. Добивме совети за да го подобриме нашиот развој иако ние веќе бевме во поодмината фаза на развојот. Мислам дека ваквата програма е многу полезна за стартап компании кои веќе ја имаат поминато почетната фаза на развојот. Мојот совет до стартапите кои имаат добри идеи и програми е да аплицираат за вакви програми каде уште еднаш нивната идеја ќе биде проверена и ако биде потврдена може да добијат средства да ја дореализираат. Луѓето од X Factor Accelerator заедно со нивните консултанти кои се на високо професионално и стручно ниво може да ја проценат идејата на компанијата и со соодветни совети да ја унапредат и да и дадат соодветен тек во развојот до конечен производ. Им советуваме на младите стaртапи да аплицираат во програмите за поддршка кои ги нуди X Factor Accelerator-от.“, вели Муртовски.

Управителот на X Factor акцелераторот Милан Димитриевски во интервју за Капитал неодамна рече дека производот што го развива Муртовски со неговиот тим е конкурентен  и во споредба со оние коишто се развиваат од страна на директните светски конкуренти од Силиконската долина. И затоа, не случајно, Вижн Дајнемикс, заедно со уште еден македонски стартап, Матриошка, добија финансиска поддршка од акцелераторот од по 100 илјади евра, како победници во акцелераторската програма што се одвиваше во 2020 година.

Поефективно и многу поевтино решение од моменталната светска технологија

Продуктот на Вижн Дајнемикс се вика Dynamix Mapper  претставува софтверско решение за 3Д мапирање и реконструкција со користење на дрон. Идејата е тоа што дронот го снима со камерата од видео односно слики во две димензии да се извлечат просторните информации и да се добие таканаречен облак од 3Д точки.

„Значи од видео со нашиот софтвер добиваме 3Д модел на тоа што е снимено. Ова е доста интересна област и претставува сосема нова технологија од областа на роботиката. Моментално на пазарот постојат две техники со кои се постигнува истото. Едната е со користење на ласерски скенери или LiDAR, кои преставуваат хардверски уреди со кои може да се добие 3Д  реконструкција од областа која се снима. Другата техника е наречена фотограметрија и како и нашето решение преставува софтвер кој од слики прави 3Д реконструкција. Нашето решение не спаѓа ниту во една од овие техники и претставува иновација во светски рамки која користи алгоритми кои се користат со системите за автономни возила. Ние успеавме да развиеме продукт кој со користење на овие алгоритми генерира 3Д мапа од просторот со голема брзина, скоро во реално време. Со тоа сакаме да се поставиме на пазарот како директен конкурент не само на постоечките решенија туку и на ниво на технологија.“, ни објаснува Муртовски.

Разликата во однос на фотограметриските решенија е тоа што нивниот систем е многу побрз и може да опфати поголема површина на снимање во еден лет.

„Зборуваме за брзини на процесирање помеѓу 12 до 17 пати поголеми од конкурентските решенија. На пример иста површина која со нашиот систем се обработува за 20 минути на конкурентен систем би му биле потребни околу 5 часа. Тоа го прави нашиот систем интересен за употреба директно на терен после самото снимање за разлика од конкуренцијата каде што обработката мора да се прави во специфични услови во канцеларија.“, додава нашиот соговорник.

Идејата на тимот на Вижн Дајнемикс била да достигнат брзина на процесирање и точност како и LiDAR скенерите, но со многу пониска цена на експлоатација. Нивниот  систем, како што вели Душко,  е десеткратно поевтин од LiDAR системите и не бара големо одржување или специфична обука.

Продуктот во моментот е во фаза на комерцијализација. Од пред неколку месеци во стартапот имаат и  бета верзија која веќе се тестира кај клиенти на реални проекти. Интензивно работат  на промоција пред домашни и странски компании. Целната група се компании кои се занимаваат со мерења и реконструкција на простор, кај нас тоа се геодетски, градежни компании. Освен кај нив решението е применливо и кај други компании и индустрии како што се инспекција на објекти и непристапни подрачја, следење на водотеци, реконструкција на подрачја погодени од природни непогоди (поплави, земјотреси и сл.)

Меѓутоа, како што вели Муртовски,  може да се употреби секаде каде што има потреба од генерирање на 3д модели од реални локации или објекти. Интересна примена во иднина би била на пример во филмската и индустријата за компјутерски игри.

Продуктот на Вижн Дајнемикс се вика Dynamix Mapper претставува софтверско решение за 3Д мапирање и реконструкција со користење на дрон. Идејата е тоа што дронот го снима со камерата од видео односно слики во две димензии да се извлечат просторните информации и да се добие таканаречен облак од 3Д точки. Целната група на корисници се компании кои се занимаваат со мерења и реконструкција на простор, тоа се геодетски, градежни компании. Освен кај нив решението е применливо и кај други компании и индустрии како што се инспекција на објекти и непристапни подрачја, следење на водотеци, реконструкција на подрачја погодени од природни непогоди (поплави, земјотреси и сл.)

Градежни и геодетски компании се првите корисници

Во зависност од финансиската состојба продуктот во Вижн Дајнемикс го  развивале  со повремени прекини се’ до почетокот на 2020 година кога во приказната се вклучил  X Factor Accelerator-от. Со нивната инвестиција и стручна помош успеале  да се доекипираат  и да го довршат продуктот.

„Не беше воопшто лесно бидејќи прво тешко беше да се дојде до финансиска, а и стручна помош во делот околу водење на бизнис. Освен тоа, се работи за технологија што не е толку позната, не беше развиена и не беше докажана дека може да работи во реални или да кажеме индустриски услови. Тоа наметна потреба од специфичен профил на луѓе кои ќе го развиваат решението. Кај нас такви луѓе нема,  а се реткост и во светски рамки. Почнавме со инженери кои штотуку дипломираа, ама беа добро теоретски подготвени и има силна желба и мотивација да работат на ова. Сите луѓе кои беа инволвирани во развојот беа многу мотивирани и амбициозни личности без кои немаше да ја постигнеме крајната цел и да го комплетираме продуктот. Имавме и среќа во тој поглед, на пример еден наш инженер кој работеше на 3Д визуелизација се врати од Шведска во Македонија за да работи со нас. Многу од луѓето што работеа на ова продолжија да се специјализираат во оваа област што го сметаме за успех бидејќи така се створа подлога за развој на технологија која до сега не беше толку присутна во Македонија,  а во светски рамки станува многу актуелна.“, објаснува Душко Муртовски.

Го прашавме каков е интересот за продуктот досега, дали се задоволни со бројот на клиенти и од кои целни групи тие претежно доаѓаат. Душко вели дека бидејќи се работи за комплексно решение наменето првенствено за компании, продажбата и контактите се остваруваат лично со презентации и запознавање на клиентите со можностите и функционалностите на софтверот.

До сега има интерес првенствено од градежни и геодетски компании, меѓутоа Вижн Дајнемикс почнуваат со активности и во други институции и компании кои би имале корист од нивниот софтвер. Покрај софтверот нудат  и услуги од аспект на обуки, снимање и мапирање од нивна страна и консултантски услуги од областа  на мапирање со користење на дронови. Продуктот првенствено е наменет за странскиот пазар, така што тоа е наредниот предизвик за тимот на стартапот. Идејата е да нудат  различни пакети кои ќе можат да се симнат од нивната веб страна.

Потребни се поголеми и побрзи промени во стартап екосистемот

Бидејќи се работи за комплетно нова технологија во областа на 3Д мапирањето, нивната технологија може да се искористи како платформа за развој на различни продукти. Имаат  доста идеи за нови продукти кои ќе бидат на база на постоечкиот систем. Еден од нив е систем за мапирање во реално време со нивни  сопствен дрон. Всушност и тековниот продукт настанал од  иницијалната идеја за мапирање со дрон во реално време со користење на една камера. Освен тоа ќе продолжат да развиваат свој продукт и да го усовршуваат врз основа на барањата на пазарот.

За крај, го прашав Душко како го оценува моменталниот амбиент на стартап сцената во Македонија, каде смета дека сме напреднале најмногу последниве години, а на што треба да се работи уште.

„Ние сме на стартап сцената веќе 5 години. Оттогаш до сега како држава мислам дека одиме по нагорна линија. Фондот за иновации, на пример,  е една светла точка кој освен финансиски преку консултантите што ги имаше многу ни помогна да се развиеме како компанија и да почнеме да размислуваме од бизнис аспект. Идеја без луѓе кои би ја реализираат вреди многу малку, а луѓето посебно софтверските инженери чинат многу. Бизнис акцелераторите се исто така добар пример.“, истакнува Муртовски.

Меѓутоа, смета дека  ако сакаме да држиме чекор со другите држави потребни ни се поголеми и побрзи промени, не само од аспект на поголеми инвестиции туку и на самиот начин на размислување во однос на стартапи и креирање на нови компании.  

„За држава како нашата иновациите се идеална платформа за остварување на брз економски раст бидејќи нудат голема добивка за релативно мали вложувања. Тука првенствено мислам на иновации во ИТ индустријата каде што не е потребна голема иницијална инвестиција во луѓе и опрема. За тоа да се оствари потребни се поголеми инвестиции, не само од инвеститори или бизнис акцелератори,  туку треба и компаниите па и поединци активно да се вклучат во тој процес.“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал